Најмалку седум луѓе се избодени со нож денеска во крвав напад во американскиот главен град Вашингтон, а напаѓачот е уапсен, соопшти полицијата. Повредените се пренесени во болница, соопшти службата за итна помош. Нападот се случил во југоисточниот дел на градот, а затворени се неколку патишта, пренесуваат медиумите.
Според првичните информации, нападот се случил во кварт во близина на Универзитетот Галодет околу 15:45 часот по локално време, соопшти полицијата. Очевидци објавија на социјалните мрежи дека дел од жртвите во инцидентот биле луѓе со посебни потреби. Полицијата најави повеќе информации наскоро.