12.8 C
Скопје
05/04/2025 19:34
МАКТЕЛ

    

Ралповски: Нема основа за протести, Владата ги исполни барањата и условите за работниците се подобрени

      

Претседателот на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски, утрово гостуваше во ,,Утринско еспресо“ на Радио Лидер, и ги изнесе своите ставови во однос на денешниот протест од страна на ССМ, притоа додавајќи дека не гледа причина за протестирање од нивна страна. Ралповски подвлече дека во последните 9 месеци, остварен е значителен напредок во јавниот сектор, како во образованието, така и во здравството и јавната администрација, со потпишување на историски договори и значајни зголемувања на платите. Тој додаде дека со оглед на истите тие постигнати резултати, не постои оправдување за протести, бидејќи сите претходни барања се исполнети, а во однос на приватниот сектор, тој посочи да се постигне општ колективен договор и изрази подготвеност за соработка во овој процес. Работите се тргнати од нула и многу е направено во овие 9 месеци. Јас дадов предлог до претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, тоа што го имаме ние во јавниот сектор, тоа што Владата како најголем работодавач ни го даде низ овие 6 месеци, тргнувајќи образование, здравство, јавна администрација итн. Еве да им помогнеме пред Сојузот на стопански комори или пред стопанските комори да дојдеме да си потпишат и општ колективен договор во приватниот сектор, па нема проблем тие што им ветуваат 500 евра нека им дадат 500 евра, има начин како да се издејствуваат тие 500 евра – изјави Ралповски.

Ралковски истакна дека Општиот колективен договор во приватниот сектор, ако е потпишан со легитимни страни, мора да се почитува од сите приватни компании и според тоа актуелниот договор важи само за јавниот сектор, односно за субјекти финансирани од државниот буџет. Општиот колективен договор ако се потпише во приватниот сектор, со легитимни страни, легитимни работодавачи, легитимен синдикат, тогаш тој мора да го почитуваат сите приватни компании во државата. Ова што го имаме ние, е општ колективен договор за јавен сектор за оние што се под буџет – вели Ралповски. Ралковски истакна дека, по доаѓањето на власт на новата владејачка гарнитура, уште во јуни и јули, беа повикувани на состаноци поради наталожените проблеми, при што беше пренесено дека финансиската состојба е изразито тешка, со празна државна каса и сериозни дефицити. Тој изрази неверување во однос на фактот што, и покрај извесното подобрување на ситуацијата, Владата организирала нов состанок во септември за повторно разгледување на барањата во областа на образованието, здравството и јавната администрација, со цел да се утврди што конкретно може да се реализира во контекст на подобрените услови. При доаѓање на власт на оваа нов владејачка гарнитура, уште од јули месец, ние бевме повикувани на состаноци затоа што баравме затоа што имавме наталожено проблеми. Јас сеуште не можам да верувам она што се случи, дека самата Влада во септември месец не повика повторно на состанок и праша, ,,Кои се вашите барања? – кажа Ралповски.

   

Ралповски истакна дека, и покрај бројните предизвици и неприлики, остварени се значајни подобрувања. Тој објасни дека во образованието се реализирани зголемувања на платите, додека во здравствениот сектор беше постигнато историско ниво на 10% нивелирање на коефициентите, што доведе до значително покачување на платите на најниско платените, кои сега веќе не се под минимална плата, туку над неа. Ралповски објасни дека дополнително, имаше зголемување на платите и во останатите сектори на јавниот сектор, вклучувајќи ги и полицајците. Тој смета дека, во контекст на финансиските потешкотии на државната каса, имале значителна среќа да оствариме барем дел од нашите барања, приближно 70%-80%. Во сите тие прилики неприлики ние добивме, зголемување во образованието, добивме историско со маса на пари од 10% нивелирање на коефициентите во здравство, каде што се подигнаа платите на најниско платените и сега веќе нема под минимална плата, туку се над минимална плата. Во целата она претходна година, имавме една голема среќа на таа беспарица што се случуваше во државната каса, да ние го добиеме барем дел од нашиот колач, не кажувам 100% но 70-80% – истакна Ралповски. Ралповски истакна дека, по потпишувањето на историски договори во образованието и здравството, од 1 април ќе бидат реализирани значајни зголемувања на платите, вклучувајќи и 7% зголемување во образованието и повторно покачување во здравството. Тој појасни дека платите во јавниот сектор, кои во минатото беа под минималната плата, сега се зголемени за 50 евра над минималната, а полицијата добива зголемување од 10-15%, а за други сектори се преговара за дополнителни 5-7%. Ралповски смета дека со оглед на постигнатите резултати, не постои причина за протест, бидејќи сите претходни барања за испочитување на законите и колективните договори се исполнети. Потпишавме историски договори во образование, образованието од 1 април 7% е зголемена платата, потпишавме историски договори во здравството повторно од 1 април се зголемуваат платите во здравството. Се усогласија во јавниот сектор, полицијата ќе добие 10-15%. Разговараме за оние што не можат да се усогласат, има дополнителни 5-7% покачување, со преговорите заради Кочани. Сега доаѓаме за 50 евра над минималната плата и ние сме синдикат кој што е претежно во 95% во јавниот сектор, не знам за што би протестирале. Ние протестиравме во минатото, да не викнат да разговараме, да се испочитуваат законите, да се испочитуваат колективните договори, еве сега тоа го имаме на маса, сведоци се и колегите од ССМ. Е сега приватниот сектор, тука сме да им помогнеме, нема проблем, нека повикаат сите заедно пред стопанска комора – заклучи Ралповски.

  

Најново

Српско семејство за прв пат позира пред камера во Крагуевац, 1896 година. Ја донеле дури и својата сакана крава, сметајќи дека е дел од семејството

Sase Ivanovski

МНР: Се преземаат сите активности за организација на транспортот на телото на починатиот Карадакоски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КРИВА Е ПАЛАНКА, КОЈ Е КРИВ ЗА ЦИЈАНИДОТ?-Митовски,Гиновска,Стојановска,Ристовски-Стадион на Канал77

Sase Ivanovski

Скопјанец бил рекетиран во парк во Гази Баба

Sase Ivanovski

Малолетници физички нападнале 45-годишен скопјанец

Sase Ivanovski

Зеленски: Нападот врз мојот роден град покажува дека Русија не сака мир

Sase Ivanovski

Ирскиот пасош најмоќен во светот за 2025, Македонија на 81 место

Sase Ivanovski

Време е да запре селективната правда: Со фотографии од загинатите, семејствата и роднините излегоа на протест во Кочани

Sase Ivanovski

Измамници ги контактираат жртвите преку мобилен телефон со скриен број, граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки

Sase Ivanovski

Мајла Чусто, по потекло од Босна и Херцеговина, беше назначена за потпретседател на SpaceX – една од најиновативните вселенски компании во светот.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Голема корупциска афера во Украина: Милиони евра исчезнаа преку набавка на храна за војската, а на крајот купија и хотел во Хрватска!

Sase Ivanovski

Во акциска контрола МВР влезе во објекти во Тетово, пронајдени дрога и ножеви

Sase Ivanovski

Бешлиовска: Имаме 9.200 медицински сестри, а треба да сме околу 15.000

Sase Ivanovski

Повредено 26-годишно момче додека работело во фабрика во Виница

Sase Ivanovski

Шкендија казнета за нечовечкото скандирање во Тетово, пет натпревари без публика

Sase Ivanovski

УХМР за вечерва предупредува на можна појава на брз пораст на водостоите поради интензивен дожд

Sase Ivanovski

Mалолетник силувал неколкупати петгодишно девојче во Гостивар, обвинителството побара притвор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Директорката на Клиниката за пластична хирургија се заблагодари на сите доктори од странство кои помогнаа за пациентите по пожарот “Пулс” во Кочани.

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Пријателски разговор со Мевлут Чавушоглу, пратеник во Турскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи на Република Туркије.

Sase Ivanovski

„Издржете се, нема да биде лесно“: Трамп пркоси на царините

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Кисела Вода го добива еден од најголемите и најсовремени фитнес центри во Македонија!

Sase Ivanovski

Американците почнаа да наплаќаат тарифи од 10% во 00:01 по источно време

Sase Ivanovski

Изречени 85 мерки за сторени сообраќајни прекршоци на подрачје на град Прилеп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТЕШКА НЕСРЕЌА НА ОБИКОЛНИЦАТА БЛИЗУ ВОЛКОВО: АВТОМОБИЛ ПРЕВРТЕН, ПОЛИЦИЈАТА НА ТЕРЕН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема: Водата во Крива Река загадена, загадувач – нема!?

Sase Ivanovski

Преку петиција се бара ослободување на обезбедувачите во „Пулс“: Одговорноста е кај сопственикот, тие добивале наредби и немале избор

Sase Ivanovski

Автобус и автомобил се судрија на „Водњанска“, сообраќајот закрчен

Sase Ivanovski

Додик: Поддршката за мисијата ЕУФОР доколку не го пречекорила мандатот

Sase Ivanovski

За прв пат во анкетите, АфД се изедначи со ЦДУ/ЦСУ со 24 отсто поддршка од гласачите

Sase Ivanovski

Трамп: Кина е повеќе погодена од американските царини отколку САД од кинеските

Sase Ivanovski

Гостиварчанка и украла злато од сестра ѝ

Sase Ivanovski

„Остен“ додели повелби за придонес во развојот на карикатурата, хуморот и сатирата

Sase Ivanovski

Срѓан Керим за „Поршето“: Нема потреба од никакви коментари, постапено е по закон

Sase Ivanovski

Приведено 26-годишен маж од Неготино – украл возило и под дејство на алкохол и без возачка дозвола скршил рампи на патарини на автопат

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишено од слобода лице барано за издржување казна затвор

Sase Ivanovski

Гинов: Во ниту еден момент не е доведено во прашање водоснабдувањето на Битола, СДС да им се извини на битолчани што ги лаже

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да престане да лаже, сопственикот на возилото е казнет, а за полицајците има дисциплинска постапка

Sase Ivanovski

Министерството за здравство информира дека во моментот 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба, во споредба со претходните денови.

Sase Ivanovski

СДСМ: Утре ќе се одржат внатрепартиските избори за Претседател на СДСМ

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска на Меѓународна контролинг конференција – Ефикасно управување со јавните финансии и одговорни институции главна смерница на фискалната политика

Sase Ivanovski

Мојсова-Чепишевска: Конечно и ѕвездите зборуваат на македонски

Sase Ivanovski

Клековски: Политичкиот дијалог е возможен само ако се заснова на факти и аргументи, а Македонија веќе има Национална развојна стратегија како и Стратегија за здравство

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведено лице во Македонска Каменица затоа што управувало возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Богданка Кузеска: Со Тошковски на чело МВР е во хаос, бодигарди аздисуваат на улиците како на див запад!

Sase Ivanovski

СРЕДБА НА МАКЕДОНСКАТА И АМЕРИКАНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПС НАТО

Sase Ivanovski

Средба Исени – Филипиду: Со заеднички сили во управување со миграциите и борбата со илегалната миграција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Левица и Апасиев во директен договор со Извршител и банка купиле конфискуван имот за 3 пати пониска цена

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода неготинец, украл возило и под дејство на алкохол и без возачка дозвола скршил рампи на наплатни станици на автопат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека има цијанид 100-тици пати над дозволеното, за да шири паника и манипулира пред избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вардар Неготино по нотите на Тодорчев и Стојановски го освои Прилеп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во 6-тата фудбалска лига во Шведска, се сретнаа КСД Македонија и Преспа Бирлик, клубови со потекло од доселеници од Македонија. Мечот почна со 1 минутно молчење во чест на загинатите од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Албанскиот претседател Бајрам Бегај на средба со Ахмети и Таравари во Скопје! Куртуазна средба или сепак се „крчка“ нешто

Sase Ivanovski

Јовица Страшевски, адвокат на обвинетиот Љупчо Палевски за убиствата на Вања и Панче, го брани клиентот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФАМИЛИИТЕ НА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ ДЕНЕСКА ОДДРЖАА МИРЕН ПРОТЕСТ

Sase Ivanovski

СРБИЈА КУПУВА СУПЕРКОМПЈУТЕР ЗА АИ ВРЕДЕН 50 МИЛИОНИ ЕВРА

Sase Ivanovski

Владимир Туфегџиќ го впери прстот во Обвинителството, оти не реагирале по сведочењата на дел од обвинетите во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, дека грабнувања и убиства се планирале уште пред да се реализираат овие две

Sase Ivanovski

„The Dude“ во топ 100 кафулиња во светот

Sase Ivanovski

Градови пријатели на буџетот по пензионирање…Размислете за преселба во Шпанија…

Sase Ivanovski

ЕВРОПСКИТЕ ВИНАРИИ ЌЕ ПРЕТРПАТ ГОЛЕМИ ШТЕТИ ПОРАДИ ТАРИФИТЕ КОИ ГИ ВОВЕДЕ ТРАМП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНКЕТА ВО БЕЛГРАД: Младината не знае кој бил Тито?

Sase Ivanovski

Кинескиот претседател ги собра на состанок во Пекинг менаџерите на најголемите светски компании

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Многу блиска средба помеѓу F-35 и Su-35 фатена на камера во пилотската кабина

Sase Ivanovski

Синџирите на снабдување се менуваат, тарифите се зголемуваат, а автоматизацијата се забрзува… но која е најголемата закана за старите производители на автомобили?

Sase Ivanovski

Кина ќе и забрани на САД да извезува храна во Кина, тоа ќе удри жестоко врз базата на Трамп а тоа се земјоделците во руралните средини

Sase Ivanovski

Во Јавното обвинителство е отворен предмет и се собираат докази со цел да се испита дали има евентуална кривична одговорност при загадувањето на Крива Река од рудникот „Тораница“ чиј концесионер е фирмата „Булмак 2016“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАМП ОБЈАВИ ВИДЕО ОД БОМБАРДИРАЊЕ НА ГРУПА ОД 50 ХУТИ, БЕА УНИШТЕНИ СО ОГРОМНА БОМБА

Sase Ivanovski

Каде се регионалните депонии?

Sase Ivanovski

Амбасадата на САД во С. Македонија ги пречека конгресменот Мајк Тарнер и конгресменката Линда Санчез во Скопје

Sase Ivanovski

Повик до Претседателката на РСМ, Гордана Сиљановска-Давкова за непотпишување на Указите за штетни законски измени во образованието и доследно спроведување на заложбите за родова еднаквост

Sase Ivanovski

Спасовски: Истрагата за Кочани мора да даде одговори и за пропустите на МВР

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот од СДС на Крива Паланка, Митовски кривично да одговара за лагите со водата, ширење паника со цел собирање на политички поени

Sase Ivanovski

Шукова: Институциите затаија со загадувањето на Крива Река, одговорност мора да има

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Што се крие зад купувањето деловен простор на Левица по 721 евро м² во Центар на Скопје кога во овој дел на градот не може да се најде квадрат под 2000 евра?

Sase Ivanovski

Јаневска: уписите во средно образование почнуваат на 14 јуни, конкурсот е креиран согласно изразените потреби на општините

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со кралот на Јордан, Абдула Втори

Sase Ivanovski

Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција

Sase Ivanovski

Мицкоски: Да се воведат механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за остварување на колективната и заедничка цел

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) 5 ГОДИНИ ЧЛЕНСТВО  ВО НАТО – ПОСТОЈАН КОМИТЕТ НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Претреси во струмичко, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

Масовен крос во Куманово евоцира многу спомени на граѓаните за некогашните познати Крос трки во Југословија

Sase Ivanovski
Вчитувам....