Снег падна на планинскиот превој Стража. По социјални мрежи се шират фотографии сека снег има и на Попова Шапка.
Метеоролозите велат дека во следните часови од север врнежите ќе се прошират насекаде во Македонија и повремено ќе бидат обилни и од снег најпрвин на повисоките населени места, планините и секако на Скијачките центри. Во текот на доцните попладневни часови од денешниот ден (недела 6 април) и вечерва врнежи од снег ќе има и во повеќето пониски места (градови).