Штипската Клиничка болница распиша оглас за вработување на деветнаесет специјализанти. Ќе се попoлнат испразнети места за анестезиолози, ортопеди, офтамолози, психијатри, педијатри, радиолoзи. Со спроведување на огласот, најголемиот здравствен капацитет во источниот дел на државата, полека го решава недостатокот од кадар со специјалисти, проблем со кој се соочува неколку години, бидејќи испразнетите места по основ на пензионирање или заминување во приватните болници досега не се пополнуваа. Според директорот на болницата, д-р Влатко Захариев, со новите вработување, релативно ќе се задоволат потребите од стручни лица во штипска клиничка. Меѓутоа, потребата од среден и помошен медицински кадар останува актуелен проблем.
Имаме голем недостаток од медицински сестри, болничари и хигиеничари, вели Захариев.