Апасиев кој е против извршителите, повторно докажува во јавноста дека е дволичен и дека нема став за ниту една работа во државата. Апасиев падна толку ниско, што си го скрши дадениот професорски збор само за да добие нешто во негова корист од извршителите. Апасиев и Левица, заедно со извршителот кој работи и со Дрин Ахмети, внукот на нивниот коалиционен партнер, Али Ахмети, купиле деловен простор во центарот на Скопје за 3 пати пониска цена од пазарната. Апасиев, најверојатно, по препорака на Ахмети, добил контакт од извршителот Андреја Буневски, за да се договорат да си купи Апасиев деловен простор од 409 м2, преку одземен имот од граѓани или од фирма, која паднала финансиски и не можела да го исплаќа кредитот.
Институциите треба да се позанимаваат со тоа како Апасиев купил простор за 3 пати пониска цена од пазарната и дали постои некаков скриен договор меѓу Апасиев, извршителот и банката? Апасиев и Левица со ова само ја потврдуваат тајната коалиција на Левица, СДС и ДУИ, која очигледно продолжува да работи во рамки кои се надвор од законските норми. Со ова се покажа правото лице на Апасиев и Левица. Нив не ги интересира подобар живот за граѓаните, проекти, инвестиции и слично, нив ги интересираат само канцеларии за ич пари, скапи коли и скапи станови.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ