Новинарот Фуркан Салиу на неговиот фејсбук профил открива како почна и како завршува приказната со ТВ Клан. „Што да кажам… Некаде во октомври 2019 година го имав првиот контакт со новите сопственици на Клан Македонија. Гигантски проект на хартија, албанска инвестиција од голема компанија. Самиот објект и техничките услови доволно зборуваа за сериозноста на оваа инвестиција. Првата средба со тимот од Тирана беше едноставно неверојатна – толку многу медиумски генијалци на едно место. Ова ме мотивираше да се посветам на создавање силен тим, бидејќи како и во секоја професија, така и во медиумите не се работи сам. Заедно со четворица блиски соработници, луѓе од доверба, го прифативме предизвикот да изградиме силен глас. Во Кланот најдовме луѓе кои беа желни да се приклучат на оваа мисија, заедно да се ослободат од канџите на моќта што беше инсталирана преку неколку поединци. Со поддршка од Тирана, најпрвин успеавме да го ослободиме Кланот, а потоа, како што и самите бевте сведоци, оваа телевизија стана најголемиот поддржувач на граѓаните.
САЛИУ ОТКРИВА: Клан ТВ пропаѓа
Разрешени се директори, министри и заменици министри. Спречени се неправди, а во некои случаи, можам со целосно уверување да кажам, спасени се животи. Но, на крајот, по три години, тимот полека почна да се распаѓа. Како дојде до неуспех? Од лагите на оние кои ја „анализираа“ пазарната вредност, до недостигот на технички персонал и новинари, па понатаму до административни тешкотии… Три години без значителни финансиски приходи, Клан Македонија одби да се откаже и повторно да западне во канџите на политиката. И тоа благодарение на упорноста на сопствениците од Албанија. Сè додека не стана невозможно финансиски да се одржува. Оние кои намерно преку „експерти“ ги лажеа инвеститорите со единствена намера да пропаднат проектот за подоцна да падне во нивни раце, заборавија една суштинска работа: довербата на граѓаните не се купува.