На денешната седница на Советот на општина Битола се обрати советникот Бојан Бојковски кој дискутираше за лицемерието на Левица и нивното барање за поништување на одлуката за изградба на регионалната депонија. Бојковски го запраша Велевски дали во изборната програма на Левица било ветено дека не е предвидено изградба на регионални депонии. „Го слушнавме колегата Велевски, бара поништување на одлуката, повлекување од претходната седница. Дали во оваа точка со регионалните депонии во вашата изборна програма беше ветено дека нема да правите вие регионални депонии? Само да ми одговори ако може“, праша Бојковски. Бојковски, исто така, прикажа видео запис од предизборната кампања на Левица во изборната единица 5 предводена од Јована Мојсоска.
„Лицемерието на Левица. Што ветуваа за време на изборите? Што побаруваат сега. Има и спот каде што носителот на изборната единица 5 Јована Мојсоска ветува вака: Да слушнат граѓаните а потоа ќе побарам од претседателката да ми овозможи да ја видат граѓаните. Еве што вика Јована Мојсовска. Точно, дали е можно ова од Левица се прашува народот, вакво лицемерие да има, лажат во очи не лажат“, објасни Бојковски.