МАКТЕЛ

    

„МЕ ПРАВЕА РЕТАРДИРАН, А ИСТРАГАТА ЈА ВОДЕА ВО ПОГРЕШНА НАСОКА“ Кешишев, Манев и Видевски со наведнати глави го слушаа сведочењето на таткото на Вања

      

Не ме држеше место, не можев да седам во место, морав нешто да правам. Наредното сценарио беше дека некои пијаници или зависници или дилери во Дебар Маало ја повлекле во кола и се упатиле по Партизанска. Едно од сценаријата кое ми се моташе низ главата е дека Вања е киднапирана и ме фати страв да не ја изнесат од државата – рече Александар по што решил да тргне кон граничниот премин Блаце. Бранителот Владимир Туфегџиќ на денешното рочиште го испрашуваше клиентот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања и обвинет во случајот. Ѓорчевски рече дека не знае колку е психички подготвен, но дека сака да даде исказ.

– На почетокот на судењето кажав дека ќе се ставам на располагање, од неколку главни причини, пред сѐ, поради Вања, поради тоа што во текот на истрагата и тука во судницата беа изнесени ноторни невистини во врска со неа, како и поради Миња, на која сакам да ѝ порачам дека тато е истиот човек што бил до викендот пред 4 декември и оттогаш наваму сум претставуван во екстремно спротивно светло од она што сум. Решив да ги потиснам емоциите за да можам да го дадам овој исказ, да соберам сила и храброст и поради сите оние кои ме познаваат и страдаат заедно со мене, и поради сите оние кои не ме познаваат. Да ја кажам мојата страна на вистината, мојата приказна, дека немам апсолутно никаква инволвираност со овие луѓе, од чии искази во текот на постапката приметив дека не чувствуваат ниту вина, ниту покајание. Приметив дека демонстрираат гнев и разочарување од таканаречениот цар, одново и одново со секое рочиште слушам што му правеле на моето дете. Кој имал задача да ја грабне, кој да ја врзува, ја ставале во вреќи, психички измачена, под тортура, се обидувале да ги замачкаат доказите, како и за првото убиство на велешанецот Панче и да успеале во тоа господ знае уште колку киднапирања и убиства ќе сме имале – рече Александар со тежок и плачлив глас. Тој смета дека дал голем придонес во истрагата преку контактите на Гоце Трајковски од полиција и од Сејф сити.

– Ако не беа фатени и сопрени… Не забележав дека кај нив чувство на вина и покајание и дека би престанале со дејствијата – рече Ѓорчевски. Тој рече дека не ги познава Љупчо Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски.

   

– Ниту ги познавам, ниту додека траат рочиштата можам да ги гледам. Претежно мижам и не можам ни тука да ги гледам. Очите ми се затворени. Во минатото, имам слушнато, се крена врева околу објектот „Тифани“ во чија непосредна близина живеам јас и тогаш за прв пат слушнав за Палевски, но не како Палевски, туку меѓу нас комшиите го нарекувавме Упа. Го немам видено ни на телевизија, ни запознаено. По коментарите со комшиите се говореше дека е голем бизнисмен и дека му го стопирале објектот поради тоа што булеварот Партизански одреди е блокиран со самиот објект. Така јас паметам. Тогаш дознав дека живее во голема куќа во околината на „Песталоци“, со голем двор, во луксуз и наводно имал куче. Само сум слушнал за него – рече Ѓорчевски. Тој додека дека мајката на Вања, Зорица, во периодот кога почнале да се забавуваат, живеела со родителите во зграда позната како зградата на УПА, спроти фонтаната во Градскиот парк.

– Не знам во кое својство придонел за зградата, сите знаевме дека е изградена од комшијата Страшо, директор на Гранот или на Бетон, не се сеќавам. Дури и го имав помешано со комшија, со човек со понизок раст од него, за кој подоцна дознав дека е друга личност, Тоше, со фирма Линк – рече Ѓорчевски.

– Кога за прв пат дознавте за имињата на овие лица? – праша Туфегџиќ.

– За Палески слушнав вечерта кога ме задржаа во полициска станица, затоа што цело време ме прашуваа како сум комуницирал со него и што сум се договарал со него. А за останатите, имињата ми беа кажани, но и ден-денес ги мешам – рече Ѓорчевски.

– Дали сте биле наркозависник? – праша Туфегџиќ.

– Релативно краток временски период, во раните 90-ти, од 1993 до 1995 година мојата генерација ја зафати епидемија на наркозависности. Не се гордеам со тоа и јас потклекнав. Но, веднаш штом почувствував дека сум заробен од субстанцата побарав помош од семејството. Им се доверив иако тоа беше забележително, се гледаше. Не беше тајна и сите мои колеги тоа го приметуваа. Физички слабеев. Сам најдов клиника во Турција, каде што се детоксицирав, 10 дена траеше третманот и потоа следеше период на ресоцијализација, кој за мене помина многу кратко бидејќи имав поддршка од семејството, имав разбирање од работодавците кои ми дадоа неплатен одмор од 3 месеци. Имав девојка, со еден збор имав живот на којшто повторно му се вратив. Оттогаш до денес не сум имал контакт со никакви наркосупстанци. Ниту со луѓето со кои сум комуницирал додека траеше целиот тој период на зависност – рече Ѓорчевски.

Ѓорчевски рече дека работел од свои 18 години, преку студентски задруги, во туристичка агенција, во фришоп, штедилница. Прво вработување на неопределено работно време му било во АД Фершпед, каде работел од 1993 до 2002, потоа преминал во Кометал, во сектор за инженеринг. Со сопругата Зорица решиле тој да остане дома и да ги чувам децата. Тоа траело до 2017 или 2018 година, кога се вратил во Фершпед. Александар рече дека немал никакви долгови, а и да имал веднаш ги враќал. Бил скромен и не бил трошаџија. За децата рече дека тоа било љубов на прв поглед, особено со Вања.

– Ги чував, се грижев за нивната исхрана, ги анимирав, бевме среќно семејство. Постојано знаев каде се, бев загрижен родител. Кога потпораснаа, со Зорица ги имавме достапни на апликација на Гугл, во секое време знаевме каде се движат. Беа добро воспитани, ангели, кукли. И кога ќе останеа сами после училиште, се јавуваа или кај мене или кај Зорица да им правиме друштво по патот до дома – рече Ѓорчевски низ плач. Тој објасни дека во периодот пред убиството, бил невработен, дека дал отказ во Фершпед на 1 март 2023 година. Така, ги презел најголемиот дел од обврските за децата. Рече дека не се сеќава што правеле цела недела, но дека во саботата биле кај него на ручек и дека тој ги развезувал за да се сретнат со свите друштва. Додека сведочеше Александар, второобвинетиот Велибор Манев седеше со покриено лице, а Боре Видевски и Влатко Кешишев седеа со наведната глава.

– Што се случи на 27.11.2023 утрото? – праша Туфегџиќ.

– Се случи лудило. Добив повик од Зорица со растревожен глас „Сашко, Вања ја нема, ја нема Вања“. Се сретнавме пред мојата зграда. Ја отворив апликацијата преку која ги следиме децата и приметив дека Гугл последно ја евидентирал Вања кај Хаус гарден, тоа е на Партизанска, пред раскрсницата со Рузвелтова. Веднаш знаев дека нешто не е во ред, бидејќи беше офлајн. Тоа значи дека или го исклучила телефонот или е онеспособен. Зорица ме праша дали да пријавуваме во полиција, јас ѝ реков апсолутно. Зорица разговараше со колешка која ѝ рече да најде слика од Вања и веднаш да објави на социјалните мрежи – рече Александар.

Со Зорица се упатил кон Хаус гарден, кадешто последен пат телефонот на Вања емитувал сигнал. Таму забележале напуштена куќа, без прозорци и Александар влегол внатре да ја пребара. По некое време биле контактирани од полицијата за да дадат изјави. Зорица решила да оди кај Миња и да ѝ соопшти дека ја нема Вања, а тој се вратил на местото повторно да пребара. Таму веќе имало полицајци во цивил, заедно барале по соседните подземни гаражи и влезови. Таму веќе бил пристигнат и чичко ѝ на Зорица со точак, со насолзени очи.

– Ме праша „Саше што е работата?“ Му кажав Вања ја нема, ако не ја најдеме и мене ќе ме нема – рече Александар, кој додаде дека помислил дека можеби некој возач ја удрил Вања со кола и ја однел во болница. Но, Вања ја немало во ниедна болница.

– Не ме држеше место, не можев да седам во место, морав нешто да правам. Наредното сценарио беше дека некои пијаници или зависници или дилери во Дебар Маало ја повлекле во кола и се упатиле по Партизанска. Едно од сценаријата кое ми се моташе низ главата е дека Вања е киднапирана и ме фати страв да не ја изнесат од државата – рече Александар и потоа решил да тргне кон граничниот премин Блаце. Тргнал кон Блаце, но било голема сообраќајна гужва и свртел полукружно назад. Се движел по Партизанска кон Ѓорче, Сарај, Кондово… Во вибер групата со родители некој предложил да се прегледаат камери на патот кон училиштето. Тоа му се видело многу пологично од бесцелното возење и тргнал кон Центар. Ѓорчевски сведочеше дека полицијата го гледала со сомнеж.

– Тапкаа во место од почетокот. Ми покажуваа слики од девојчиња, да потврдиме дали е тоа Вања. Нѐ убедуваа дека не си го познаваме детето, дека Вања избегала со некој дечко кон Тетово, дека решила да отиде во Шведска кај другарче од платформата Дискорт. Полицајците ме убедуваа дека Вања се регрутирала во ИСИС и заминала во Шведска. Ме прашуваа колку станови имаме, на чие име се водат, колку возила поседуваме. Еден од инспекторите ми се пушти дека само јас сум викал дека Вања е киднапирана. Во тој момент ја достигнав точката на топење и можеби го навредив. Со повисок тон му се обратив „Киднапирана е Кире, киднапирана е“. Ме правеа ретардиран во целата ситуација, а цело време ја водеа истрагата во погрешна насока – сведочеше Ѓорчевски.

  

Најново

Георгиевски: Немаме сериозен погон и соодветна регулација за квалитетно новинарство

Sase Ivanovski

Порторико остана без струја

Sase Ivanovski

Небото над Украина широко отворено за руските проектили: Трамп го одби Зеленски за системот Патриот

Sase Ivanovski

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Sase Ivanovski

Сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица од денеска само по левиот тунел

Sase Ivanovski

„Македонско село“ ќе се отвори во јуни, концесионерот ќе плаќа месечна кирија од 3 и пол илјади евра

Sase Ivanovski

Без подолги задржувања на граничните премини за влез и излез од земјава

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со умерена облачност

Sase Ivanovski

Кинеските „Тему“ и „Шеин“ најавуваат зголемување на цените поради царините на Трамп

Sase Ivanovski

Србија доби нова влада

Sase Ivanovski

Страшна сообраќајка во Славонија: „Го сечевме лимот и ги извлекувавме луѓето“

Sase Ivanovski

Трамп го одби израелскиот план за напад на иранските нуклеарни постројки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Русите немилосрдни: Жесток напад на Днепар, има мртви и ранети

Sase Ivanovski

Трансродовите жени законски не може да се дефинираат како жени, одлучи британскиот Врховен суд

Sase Ivanovski

Северна Кореја се заканува поради прелетот на американските бомбардери

Sase Ivanovski

Магија на природата – Охридско Езеро

Sase Ivanovski

„Само Вистина“ со Стевчо Јакимовски и Петар Богојески

Sase Ivanovski

“На кавга со Иван“ – Ана Чупеска

Sase Ivanovski

Одложено судењето за убиствата на Вања и Панче, адвокатот на Палевски не дојде на рочиштето

Sase Ivanovski

Насилна, сомнителна смрт на непријателите на Путин

Sase Ivanovski

ЈП „Водовод“ Куманово покажа загуба од 22,327 милиони денари или 363.000 евра за минатата 2024 година

Sase Ivanovski

Руина заробена во правни битки е некогашно прибежиште за семејства по земјотресот, а подоцна центар на културата и дружбата во Тафталиџе 1

Sase Ivanovski

„Никогаш не мислев дека ќе изгубам толку пари“: гласач на Трамп за царините

Sase Ivanovski

Саботажа сезона 11 бр. 53

Sase Ivanovski

Телма интервју со Еленко Миланов, адвокат на екс министрите за економија Бектеши и Незири

Sase Ivanovski

ВРЕДИ не го исклучи Таравари, туку се самоисклучи, вели Меџити

Sase Ivanovski

Апасиев: Време е за искрен институционален дијалог и јасна борба против дискриминацијата

Sase Ivanovski

Апасиев алармира: Под превезот “работно ангажирање” се легализира експлоатацијата

Sase Ivanovski

Комити до Миленко: „Кога еден ден ќе останеш сам, џабе кубански пури и скапи палта, има да квичиш ко свињите во калта“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кој сака да сокрие што се случи со Крива Река | ИРЛ

Sase Ivanovski

НА МЕЧОТ ВАРДАР, ЦРВЕНА ЅВЕЗДА ВО СКОПЈЕ, КОМИТИ ОДДАДОА ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ

Sase Ivanovski

Полицаецот од Штип никој не го побарал, не е во бегство лажат тврди неговиот син.

Sase Ivanovski

ДУИ со реакција за посетата на премиерот на ОАЕ

Sase Ivanovski

ФОКУС: ВЕЧЕН ПРОЕКТ КОЈ СМЕНИ 4 ВЛАДИ И ДОСЕГА НЕ ЧИНИ 63 МИЛИОНИ ЕВРА?!

Sase Ivanovski

Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут – нов премиер

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Таравари: Бев загрижен што не ме поканија на денешната средба на ВЛЕН

Sase Ivanovski

Меџити со тешки обвинувања . Таравари имал тајни средби со Ахмети и олигарси

Sase Ivanovski

МВР го обвинува обвинителот Коцевски дека ја искомпромитирал синоќешната акција за апсење на 7 полицајци

Sase Ivanovski

Според анализа на ФСБ, на протестите на 15 март не бил употребен звучен топ, објави Вучиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛУДО ВИДЕО ОД ПАРК ВО ЛОНДОН – ЕВЕ НАЧИН КАКО ДА СЕ СПАСИТЕ ОД АГРЕСИВНО КУЧЕ: ПИКНЕТЕ МУ ПРСТ ВО АНУСОТ?!

Sase Ivanovski

Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери

Sase Ivanovski

Коцевски- Добивме одговор од Бугарија за тоефелот на директорот на АНБ Христовски

Sase Ivanovski

Адвокатот на Боре Видески: Или реконструкција или враќање на предметот на Вања и Панче во истрага

Sase Ivanovski

Четворица крадци краделе машини и лим од МЖ Инфраструктура, се бара притвор

Sase Ivanovski

Скопјанка крадела од маркет во Ѓорче, откако била забележана ја нападнала вработената

Sase Ivanovski

Успешно извршена петта трансплантација на црн дроб и бубрези, земени се и материјали за коскени ткива

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ: Prodigy ја извеле Firestarter во Скопје на 09.12.1995 пред да ја објават како сингл на 18.03.1996

Sase Ivanovski

Кај дваесеттина од повредените во Кочани заздравувањето може да потрае и до две години, информираше Таравари

Sase Ivanovski

Бугарија негира дека ќе се приклучи на воениот сојуз Албанија-Хрватска-Косово

Sase Ivanovski

ЕКИПИТЕ НА „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ ГО ЗГРЕШИЈА ДРВОТО ШТО ТРЕБА ДА ГО СЕЧАТ, ЗДРАВОТ О ОСТАНА „ОГОЛЕНО“, СУВОТО ОТПОСЛЕ ГО ИСЕКОА

Sase Ivanovski

По 24 часа интензивна потрага, пронајдено е момчето од Тремник!

Sase Ivanovski

Процесот на пристапување на Србија во ЕУ може да биде блокиран ако Вучиќ присуствува на парадата на Путин

Sase Ivanovski

Крстевски: Хаотична е состојбата во Кочани, ни треба помош од Владата и другите општини

Sase Ivanovski

Трипуновски: Изминативе месеци сериозно работевме во чистење на каналската мрежа, рестрикции на вода нема да има

Sase Ivanovski

Полицаец осомничен за пожарот во „Пулс“ е во бегство

Sase Ivanovski

Прегазена 68-годишна штипјанка, со тешки повреди пренесена во болница

Sase Ivanovski

Велигденски донаторски настан – Вработените на ЕВН за Кочани

Sase Ivanovski

Кога ќе почне да се гради ветерниот парк крај Штип: „Алказар енерџи“ сѐ уште чека евтин кредит од фондовите на Белата куќа

Sase Ivanovski

Бугарија за Коридор 8: Тунелот на границата зависи само од одобрувањето на Македонија кое го чекаме три месеци

Sase Ivanovski

МВР ги демантира објавите дека јавниот обвинител Коцевски со неговата изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кривична пријава за тешки дела против општата сигурност за 10 полициски службеници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИНСПЕТКОРИ НА ГРАД СКОПЈЕ ПАТРОЛИРАЛЕ ПОКРАЈ ПОЛНИ КОНТЕЈНЕРИ И КАЗНИЛЕ ГРАЃАНИН КОЈ ОСТАВИЛ ЃУБРЕ ПОКРАЈ НИВ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски: Груевски е Марадона за Мицкоски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски: Посветени за нови инвестиции и нови можности за Македонија

Sase Ivanovski

Пожар во скопски ресторан, има сомнежи дека е подметнат

Sase Ivanovski

Путин, а не Европа, ја продолжува војната во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Српските студенти со велосипеди пристигнаа во Стразбур

Sase Ivanovski

Бајден го нападна Трамп во својот прв говор откако ја напушти Белата куќа

Sase Ivanovski

Таравари ќе оди со посебни листи за советници на локалните избори, отворен е за соработка за кандидати за градоначалници

Sase Ivanovski

САД ги укина санкциите за Антал Роган, соработник на премиерот на Унгарија Виктор Орбан

Sase Ivanovski

Делегацијата на ЕУ во Скопје за скандалозниот избор на Богојески: ја имаме предвид загриженоста за неговиот избор

Sase Ivanovski

Еден месец подоцна: Кочани меѓу трагедијата, гневот и потрагата по одговорност

Sase Ivanovski

ЦПИА: Родовите бариери сè уште присутни во правосудството

Sase Ivanovski

Четири лица осомничени за тешки кражби од ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје

Sase Ivanovski

Демант на ЈП Комунална Хигиена на изјава на градоначалникот Горан Герасимовски

Sase Ivanovski

Директен пренос на натпреварот помеѓу Вардар и Црвена звезда на МТВ

Sase Ivanovski

2 часа патување за 60 секунди: Кина го гради највисокиот мост во светот

Sase Ivanovski

Кирков: Да им дадеме шанса на вработените во „Лајка“ за проблемот со бездомната популација на животни да биде решен

Sase Ivanovski

Дурмиши: Со законско решение ќе се регулира вработувањето на сезонски работници, целта е намалување на сивата економија

Sase Ivanovski

Претседателот на Собранието учествуваше на презентацијата на Годишниот извештај за 2024 година на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Sase Ivanovski
Вчитувам....