Иако е еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс не планира своето богатство да го пренесе на своите деца. Милијардерот има три деца со поранешната сопруга Мелинда: Џенифер Кетрин Гејтс (29), Рори Џон Гејтс (25) и Фиби Адел Гејтс (22). Тој неодамна се појави на подкастот „Figuring Out With Raj Shamani“, каде отворено зборуваше за тоа како ги воспитувал своите деца. Гејтс, чие богатство се проценува на 107 милијарди долари (околу 99,8 милијарди евра), објасни дека неговите деца ќе наследат само мал дел од неговото богатство кога ќе умре, поточно помалку од еден отсто. Се разбира, дури и помалку од еден отсто од повеќе од 100 милијарди долари е сепак огромна сума. Во поткастот, тој беше запрашан за неговите размислувања за тоа дали родителите, богати или сиромашни, треба да заштедат пари за да им ги остават на своите деца или треба да најдат друга употреба за нивното богатство.
Гејтс, исто така, истакна дека видел примери каде децата на богатите поединци ги охрабруваат своите родители да бидат поголеми филантропи. „Видов случаи кога децата им кажуваа на своите родители да бидат подарежливи. Мислам дека понекогаш помладите генерации всушност ја отфрлаат идејата дека богатството едноставно се наследува“, рече тој. Минатата година, во интервју за „Форбс“, Гејтс потврди дека поголемиот дел од неговото богатство ќе биде донирано во хуманитарни цели, вклучително и на фондацијата Гејтс.