Роби Вилијамс неодамна откри дека на почетокот на оваа година повторно почувствувал исцрпувачки напад на депресија. На британскиот пејач за прв пат му била дијагностицирана депресија во неговите дваесетти години, кога се борел со зависноста во екот на светската слава. На почетокот на 2025 година, тој бил изненаден кога почувствувал дека му се вратиле проблемите со менталното здравје бидејќи мислел дека тоа нема повеќе да му се случи. „Годината ми започна со некои проблеми со менталното здравје, кои ги немав многу, многу долго време. Бев тажен, вознемирен и депресивен. Поминаа околу десет години. Мислев дека целосно закрепнав. Мислев дека тоа е крајот на мојата приказна и дека само ќе шетам низ оваа прекрасна земја. Така што враќањето беше многу збунувачко“, изјави Вилијамс.
Инаку, 51-годишниот пејач кон крајот на минатата година призна дека не се справува добро со некои животни ситуации. Тој претходно откри дека на неговата мајка Џенет ѝ била дијагностицирана деменција, четири години откако на неговиот татко Пит му била дијагностицирана Паркинсонова болест. Во коментар за неговите родители, Роби рече дека не знае како да се справи со неверојатно комплицираната ситуација. „Вистина е дека сум многу зафатен и не се справувам со ситуацијата како што треба. Навистина не знам како да го направам тоа, тоа е неверојатно комплицирана работа. Сепак, повеќе би сакал да не навлегувам во детали. Сите ние сме луѓе, и имаме наши тешкотии, а јас се обидувам да се справам со моите“, изјавил Роби. Пејачот и неговата сопруга Ајда (45) имаат тешка борба пред себе бидејќи Ајда исто така неодамна открила дека ракот на грлото на матката на нејзината мајка Гвен се вратил, по претходните битки со ракот на дојката и дијагнозата на Паркинсонова болест и лупус. За време на неговото последно интервју за „Мирор“, Роби, исто така, зборувал за земање средство за губење на апетитот и за слабеење и па се запрашал дали тоа придонело за неговите ментални здравствени проблеми.