17.8 C
Скопје
19/04/2025 08:38
МАКТЕЛ

    

Руинирано детското игралиште спроти НИП-от, Центар не го поправа поради кружниот тек што некогаш ќе се гради

      

На посочената локација, во согласност со ГУП на Град Скопје, е предвидено да се направи кружен тек, оттука бесцелно е поставување ново детско игралиште, велат од Центар. Паркот на новинарите лоциран пред објектот на поранешниот НИП „Нова Македонија“ во еден дел е „сива зона“ за која повеќе од очигледно е дека не се грижи никој. Во близина на неколкуте стари куќи што сè уште егзистираат на овој простор има комплетно уништено детско игралиште. Пред година и пол Општина Центар од паркот ги иссели бездомниците кои тука си имаа направено импровизирано живеалиште и го исчисти просторот. Но, игралиштето досега не е санирано, а во меѓувреме се насобра и ѓубре.

Минувачите и жителите од околината на Капиштец реагираат дека ова не доликува на локација што е во строгиот центар на градот. Никој не се грижи за ова место, запуштено е, ѓубре на сите страни, некогаш и бездомници преспиваат тука, а детското игралиште на кое порано тука се собираа и си играа деца е сосема распаднато. Очигледно Општината кренала раце од овој простор, а зошто, никому не му е јасно. Доволно е да се исчисти и да се обнови игралиштето, како што тоа се направи со игралиштето кај „Зебра“. Во Капиштец живеат многу млади семејства со мали деца и сите вакви уредени катчиња се добредојдени – објаснува жител на Капиштец со кого разговаравме кога ја посетивме оваа локација.

Паркот на новинарите - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Паркот на новинарите – Фото Слободен печат / Методи Здравев

   

Зелениот простор во овој дел е надлежност на Општина Центар, нивните екипи се грижат за зеленилото и за урбаната опрема во Паркот на новинарите. Но, зошто не го обновуваат детското игралиште или барем да ги соберат искршените реквизити за да не се повреди некој? На посочената локација, во согласност со ГУП на Град Скопје, е предвидено да се направи кружен тек, оттука бесцелно е поставување ново детско игралиште – кусо одговараат од Општина Центар. Станува збор за огромниот турбо кружен тек, кој треба да се гради пред НИП и кој ќе го зафати и постојното зеленило од паркот, а треба да се поврзе со подземната улица на „Лимак“ на едната страна, додека, кон Капиштец треба да се поврзе со нов булевар „Македонија“ што е зацртан во ГУП, но десетина години во неколку мандати на скопски градоначалници се најавува, но не се почнува.

Паркот на новинарите - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Паркот на новинарите – Фото Слободен печат / Методи Здравев

Токму Општина Центар, односно градоначалникот Горан Герасимовски пред неколку месеци се пожали дека Град Скопје трипати им го враќа и не им дава позитивно мислење за проектот за монтажна гаража на Народен фронт, со чија изградба Општината планираше да го реши проблемот со недостигот на паркинг-места во оваа населба. Монтажната гаража во населбата Капиштец, досега требаше да се реализира, но за жал по третпат добиваме негативно мислење за истиот проект. Причина е отпочнување на реализација на булеварот Македонија, оној познат булевар за кој се зборува децении наназад, што ќе почнува од „Лимак“, па да се протега сѐ до Карпош – истакна тогаш градоначалникот Горан Герасимовски. Но сега, кружниот тек е добро оправдување на општинарите околу тоа зошто не се презема ништо со игралиштето.

Паркот на новинарите - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Паркот на новинарите – Фото Слободен печат / Методи Здравев

Градоначалничката Данела Арсовска пред две години говорејќи за подземната улица и нејзиното поврзување посочи дека од едната страна кај Тутунски комбинат треба да има булеварско решение со еден кружен тек, а од страната на „Нова Македонија“ треба да има огромен турбо кружен тек, на нивоа, со чија изведба во централното градско подрачје сообраќајот ќе тече брзо и без застој. Според неа, проблемот за реализација на проектот бил во тоа што до 2022 година ништо не било „мрднато“, а дури потоа почнале да се решаваат имотноправните прашања. Од другата страна, каде што е „Нова Македонија“, проблемот се бараките на компјутерскиот центар на Македонски железници. Самите бараки не се толку проблем, но тоа внатре што го имаат, опрема и инсталации, е нешто што не треба да прекине – рече Арсовска и притоа потврди дека ќе се урнат и постојните куќи што се наоѓаат на овој простор.

Паркот на новинарите - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Паркот на новинарите – Фото Слободен печат / Методи Здравев

Според неа, откако ќе се пресели компјутерскиот центар, следниот чекор ќе биде објавување тендер за изведувач, затоа што другото, како што тврди, било завршено и биле обезбедени средства за првата и за втората фаза. Кога ќе почне изградбата, Арсовска не кажа, но како што рече, откако ќе почне да се гради, ќе треба минимум две години за да се изгради, особено кружниот тек кај „Нова Македонија“, кој е проект голем како клучката кај Момин Поток, од аспект на инфраструктура, статика и друго. Сега сме веќе 2025 година, поминува уште еден градоначалнички мандат, а од кружниот тек и започнувањето на неговата изградба нема „абер“. Тоа значи дека и Општина Центар и во наредните години нема да преземе ништо да се уреди запуштениот дел од Паркот на новинарите.

  

Најново

Денеска во Кочани нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот

Sase Ivanovski

СЕ ЧИНИ КАКО ИДЕАЛЕН ВИКЕНД, АМА ВРЕМЕТО ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ Ќе блесне сонце, но еве каде ќе има дожд

Sase Ivanovski

Пронајдени трите девојчиња кои беа пријавени за исчезнати во Ќерамидница

Sase Ivanovski

Таравари почнува со интензивни разговори за потенцијалниот кандидат за градоначалник на Тетово

Sase Ivanovski

(Фото) Непознати ја искршиле камерата на фризерницата на која се снимени цитроенот и кангуто со Палчо утрото кога ја киднапирале Вања

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во Нови Сад пречекани студентите велосипедисти од Стразбур

Sase Ivanovski

Tрагедија во Хрватска: Во сообраќајка загина поранешен фудбалски репрезентативец

Sase Ivanovski

По локалните избори очекувам да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС, вели Ангелов

Sase Ivanovski

Таравари: Разговарав со Ахмети, но само телефонски

Sase Ivanovski

Автомобил изгоре во струмичкото село Банско

Sase Ivanovski

Нова снимка од атентатот на Фицо: Од реакцијата, до првиот истрел, до затворање на вратата од лимузината

Sase Ivanovski

Вин-Вин – Интервју со министерот за култура Зоран Љутков

Sase Ivanovski

Саботажа сезона 11 бр. 54

Sase Ivanovski

Еден месец подоцна: Кочани живее од што се мора

Sase Ivanovski

Идеалот за остварување на сонот е секогаш присутен – интервју со Влатко Стефановски

Sase Ivanovski

B-1B Bones направи невидено распоредување на оперативната група бомбардери во Јапонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 500-годишната велигденска традиција на Скопио дел Каро во Фиренца, Италија

Sase Ivanovski

По распадот на СССР, кошаркарската репрезентација на Литванија не можеше да си дозволи да учествува на Олимпијадата во 1992 година, па Грејтфул Дед ги финансираше трошоците на тимот и испрати опрема во националните бои на Литванија. Тие ја освоија бронзата на таа Олимпијада

Sase Ivanovski

Позади штитот и репутацијата на лош човек се крие друг Џенаро Гатузо кој е голема људина

Sase Ivanovski

На полувремето од хуманитарниот натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда, легендите на двата клуба истрчаа почесен круг околу теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СКОПЈЕ МИ Е ДОМА – ЃОРЃИ ГАЛЕТАНОВСКИ: За градот, ЗОО Скопје, ноќниот живот, спомените и Скопје во некои други и поинакви времиња

Sase Ivanovski

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГРЦИЈА – ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ДИГИТАЛНАТА РАБОТНА КАРТИЧКА: Нема работа на црно

Sase Ivanovski

НА ВЕЛИКИ ПЕТОК ПОМОШ ЗА НАЈСИРОМАШНИТЕ: Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Отец Оливер поделија пакети со храна

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМАТА ЗАПАДНА БАНКА КОЈА УШТЕ РАБОТИ ВО РУСИЈА ЈА СТОПИРА ПРОДАЖБАТА: Причината е промената на односите меѓу САД и Русија

Sase Ivanovski

ТРАГЕДИЈА: Три лица загинаа вечерва кај Кичево, други итно се префрлаат на скопските клиники

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОЕЊЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА ПРЕД РТС: Студентите ги повикуваат граѓаните заедно да ги поминат празниците

Sase Ivanovski

ОЈО Кочани побара замена на мерката куќен притвор за двајца осомничени од ДПИ по пожарот во клуб „Пулс“

Sase Ivanovski

Скопјанец пријавил дека исчезнале неговите три внуки

Sase Ivanovski

Ексдиректорoт на Пазарна Трајковски, ослободен од куќен притвор: Со добри дела и чиста намера се гради држава

Sase Ivanovski

Таравари за БГНЕС: Уставот мора да се промени, оптимист сум дека ќе се најде решение меѓу Софија и Скопје и да започнеме преговори со ЕУ

Sase Ivanovski

Инспиративната приказна на Дина Дамјановиќ

Sase Ivanovski

Љубљана е проглесена за најдобра дестинација во Европа за пролетно патување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали некогаш сте се запрашале кои се најопасните населби во Загреб – Каде се најчести кражбите и кои места треба да ги избегнувате?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Влатко Стефановски во ексклузивното интервју за Телма, дадено по повод концертите во мај со кои тој ќе одбележи 50 години на сцена

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Архитектката Мила Димитровска: Колку е важно Водно за Скопје и колку го прави уникатен град?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Парите на измамените со лажните пратки од пошта завршиле во виртуелна банка во Хонг Конг

Sase Ivanovski

Аеродромот во Истанбул стана прв во Европа кој покрена истовремени операции на три писти

Sase Ivanovski

МАЈКАТА НА ЗАГИНАТИОТ ТОМАС ВО „ПУЛС“: ЖИВЕЕМЕ ЗА ДА ОДИМЕ НА ГРОБИШТА ДА СИ ПОМУАБЕТИМЕ СО НАШИТЕ ДЕЦА, ПРАВДА МОРА ДА ИМА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ресторан Бигор во Вруток – Најголемата ботаничка градина во изобилство на зеленило и природа придружено со вкусна храна

Sase Ivanovski

Шпанија: Пијана жена без дозвола предизвика несреќа во шпанско одморалиште, двајца загинати, десет повреденипредизвика несреќа во шпанско одморалиште, двајца загинати, десет повредени

Sase Ivanovski

Господ нема да ги заштити од пожар,134 бугарски храмови немаат ПП апарати!

Sase Ivanovski

ТРАМП СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА АНА ИВАНОВИЌ Претседателот на САД е маѓепсан од Србинката, тврди дека е најубавата жена на светот

Sase Ivanovski

ХРВАТСКА ВОВЕДУВА ВОЕН РОК Хрватите имаат две опции, првата е храна, сместување, пари, а другата….

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАСЕТНИ БОМБИ ЈА РАЗНЕСОА СЕКОЈА УЛИЦА ВО ХАРКОВ Еден загинат и 54 повредени во новиот руски напад

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УБИЕЦОТ НА СТУДЕНТИТЕ Е СИН НА ПОЛИЦАЈКА И ГО КОРИСТЕЛ НЕЈЗИНОТО ОРУЖЈЕ Мајката на напаѓачот од Универзитетот во Флорида е заменик на шерифот на округот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО ИТАЛИЈА Има мртви и исчезнати, но тука не е крајот

Sase Ivanovski

ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО УКРАИНА ИЛИ 500% ТАРИФИ И САНКЦИИ Трамп го притиска Путин, му даде 3 дена да одлучи

Sase Ivanovski

Протече мировниот план на САД: Украина губи територии, не може во НАТО …

Sase Ivanovski

Украина прими стотици тела на војници во размена со Русија

Sase Ivanovski

Љутков: Го враќаме брутализмот како архитектура која треба да се одбележи како културно наследство

Sase Ivanovski

Иран ги осуди американските напади врз Јемен како варварски

Sase Ivanovski

Министерство за култура: Вработените ќе ги добијат платите со зголемување на почетокот од следната недела

Sase Ivanovski

Лени Кравиц ги отвори вратите на својот дом во Париз

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Одлична средба со Ал Мухари, заменик извршен директор на инвестициската компанија “Мубадала од Абу Даби

Sase Ivanovski

Муцунски на Средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан

Sase Ivanovski

Падна дрво кај Млечен, оштети три автомобили и скина кабли од бандери

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинците одбиваат голем напад на југот: „Уништивме 29 возила, елиминиравме 140 Руси“

Sase Ivanovski

Легендата на Интер, Горан Пандев… со трофеј 👑🏆📸

Sase Ivanovski

Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет

Sase Ivanovski

Компанијата „Спејс Екс“ на Илон Маск е главен кандидат за изградба на „Златната Купола“ – ракетниот штит на Трамп

Sase Ivanovski

Холандска карикатура од 1903 година го критикува лицемерието на Русија кон Македонија

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп удри по странските студенти и даночниот статус на Харвард

Sase Ivanovski

Контрамитингот на Вучиќ во македонските медиуми: Шаренолики информации за обоената револуција

Sase Ivanovski

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Sase Ivanovski

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

Sase Ivanovski

„Н1“: Од каде српско „љ“ во рускиот извештај и други нелогичности?

Sase Ivanovski

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Sase Ivanovski

МОН реагира на лагите на Левица, платите во училиштата од овој месец се зголемени за 7% и ќе продолжат да растат

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и на Велики Петок шири тешки лаги и клевети, покачените плати ќе бидат исплатени во вторник

Sase Ivanovski

СДСМ: Кога културното наследство ќе стане бизнис план – тоа веќе не е култура, туку пазар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: На Велигден власта остави работници од повеќе институции без плата

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на граничните премини Дојран и Богородица

Sase Ivanovski

Петровска: Истрагата за Кочани е контаминирана од политички изјави и селективни дејствија

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишено од слобода лице од скопско Арачиново барано за издржување казна затвор од четири години

Sase Ivanovski

Министерствсо за внатрешни работи: Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Куманово

Sase Ivanovski

Средба на Сиљановска-Давкова со победниците на “First Lego League Challenge”

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Пријавите во ВАЕРС не значат причинско-последична врска меѓу вакцината и смртта

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Фотографијата од урнати скали во бои на виножитото нема никаква врска со Унгарија

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Во ковид пандемијата не беа забранети обдукции, а вакцините не се „лажна наука“

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Sase Ivanovski
Вчитувам....