20.8 C
Скопје
19/04/2025 10:11
МАКТЕЛ

    

Рецесијата можеби тропа на врата, што да се прави?

      

Да сме начисто: на глобалниот економски систем му е неопходна реформа. Но ова што сега го прават САД не е реформа. Тоа е отфрлање на самиот систем што тие го креираа. „Веќе подолго време знаеме дека светот е во турбуленции. Бледнеат познатите обележја. Но сѐ уште не се гледаат контурите на новиот глобален систем. Така, се наоѓаме во период на транзиција – неизвесна, несредена и растечки нестабилна. Неодамнешната објава за царините на “Денот на ослободувањето’ од страна на САД ја потврдува оваа сурова реалност: ерата на глобализација и слободна трговија заснована врз правила е веќе минато. Ова означува значителна пресвртна точка. Влегуваме во нова фаза на глобалните прашања – фаза што е повеќе арбитрарна, протекционистичка и опасна.

Близу 80 години по Втората светска војна Америка беше сидрото за пазарните економии во светот. Таа ги величеше слободната трговија и отворените пазари и ги предводеше напорите за воспоставување мултилатерален трговски систем. Системот на Светската трговска организација (СТО) придонесе за повеќедецениски глобален раст и стабилност. Тој овозможи трговијата да цвета и избави милиони луѓе од сиромаштија. Тој му користеше на светот – но придонесе и за економската моќ на САД. Но, не сите Американци го делат ова чувство за нивната економија. Постојат пропаднати градови онаму каде што некогаш пулсираше американскиот индустриски појас. Има работници чиишто работни места исчезнаа и чиишто доходи стагнираа. Тие веруваат дека американската економија е во основа пропадната. Фрустрациите се продлабочија по глобалната финансиска криза од 2008 година и по пандемијата со ковид во поново време.

   

Да сме начисто: на глобалниот економски систем му е неопходна реформа. Но ова што сега го прават САД не е реформа. Тоа е отфрлање на самиот систем што тие го креираа. Според администрацијата на САД, енормните царини се неопходни за да се решат трговските дисбаланси. Но нема нешто што е инхрентно погрешно во остварувањето трговски дефицит. Тоа едноставно значи дека американските потрошувачи купуваат повеќе од остатокот од светот, одошто светот купува од Америка. Уште повеќе што фокусот се става единствено на стоковата размена. Ова е само дел од целосната слика. Всушност, САД бележат суфицит со повеќе свои трговски партнери во областа на услугите – извезувајќи софтверски услуги, образование, забава, финансиски и деловни услуги. Но овој факт целосно се игнорира. Овие мерки ќе ја забрзаат фрагментацијата на глобалната економија. Наместо да се движат врз основа на економската ефикасност, капиталот и трговијата сѐ повеќе ќе се насочуваат според политичката поврзаност и стратегиските интереси.

Нашата длабока загриженост не е директниот удар со кој се соочуваат некои бизниси. Тоа се пошироките импликации врз глобалниот трговски систем и светската економија. Прво, „реципрочните царини“ претставуваат фундаментално отфрлање на правилата на СТО. Доколку и други земји го применат истиот пристап како САД, трговскиот систем заснован врз правила ќе пропадне. Ова ќе предизвика проблеми за сите земји. Но помалите земји ќе се соочат со поголеми притисоци. Затоа што малите земји имаат ограничена преговарачка моќ во билатералните преговори еден-на-еден. Големите сили ќе ги диктираат условите, а ние ризикуваме да бидеме маргинализирани и ставени на страна. Второ, расте веројатноста за целосна глобална трговска војна. Некои сметаат дека новите царини се преговарачка тактика – преговарачко орудие за САД да извлечат отстапки во други области. Навистина, постои извесен простор за земјите да преговараат и да добијат некои поволности од САД пред ефектуирањето на новите царински стапки. Но, мора да бидеме реалисти. Штом еднаш се зголемат трговските бариери, тие имаат тенденција да останат на високо ниво. Нивното враќање назад е многу потешко, дури и откако првичните причини за нивно воведување се надминати. Ова посебно се однесува на универзалната царинска стапка од 10% која изгледа не е предмет на преговори. Таа по сѐ изгледа е минимална фиксна царина, без разлика на трговскиот биланс на земјата или постојните трговски аранжмани.

Трето, кој е ефектот врз глобалната економија? Довербата кај бизнисот и кај потрошувачите е намалена како резултат на воведените царини. Ќе страдаат меѓународната трговија и инвестициите. Дури и оние бизниси кои не се директно погодени од царините се загрижени поради намалената побарувачка од страна на нивните купувачи. Некои веќе ги замрзнаа новите проекти додека ги проценуваат целосните импликации од царините. Изминатите денови бевме сведоци на остри негативни реакции на светските берзи. Прерано е да се каже дали сето ова ќе се прелие врз реалната економија. Но ризиците за надолен тренд јасно растат. Бизнисите не се сигурни што би можеле да очекуваат. Сето ова создава окружување на длабока неизвесност кое би можело да ги втурне САД и глобалната економија во рецесија. Во меѓувреме, глобалните институции стануваат сѐ послаби, а се рушат постојните норми за соработка. Мора да сме ментално подготвени. Предвидливиот и на правила заснован поредок што го знаевме го снемува. Новата ера ќе биде понестабилна, со почести и понепредвидливи шокови. Мора да сме подготвени да стоиме цврсто и да ги штитиме нашите интереси, без разлика какви надворешни ветришта може да дуваат.

Што значи ова за нашата земја? На краток рок очекуваме послаб економски раст, што значи дека екстерната побарувачка за нашите услуги ќе опадне. Ќе бидат погодени нашите извозни сектори. На удар, исто така, ќе бидат трговијата на големо и транспортот. Глобалната неизвесност и зголемениот песимизам ќе погодат и некои сервисни сектори. Оваа година може, но и не мора да влеземе во рецесија. Но не се сомневам дека нашиот раст ќе биде значително погоден. Побавниот раст ќе значи намалени можности за вработување и пониски покачувања на платите за работниците. Не е исклучена и загуба на работни места. Мерките предвидени во овогодишниот Буџет ќе обезбедат поддршка за краткорочни потешкотии од каков било вид. Постојат таргетирани мерки за поддршка на поранливите групи од населението. Активните мерки на пазарот на труд ќе обезбедат поддршка за лицата кои евентуално би останале без работа за да може повторно да застанат на нозе. Буџетот предвидува мерки за поддршка на бизнисите – како краткорочни мерки за поддршка преку намален данок на добивка и програми за зголемување на нивната продуктивност и конкурентност, и насочување кон нови пазари. Институциите се ангажирани со претпријатијата засегнати од царините за подобро да го разберат нивниот одговор и да увидат како можат да ги поддржат.

Владата ќе продолжи одблизу да го мониторира развојот на настаните. Подготвени сме да направиме повеќе доколку е потребно. Располагаме со ресурси за ова поради финансиската дисциплина и цврстината што ја практикувавме во текот на изминатите декади. Ќе негуваме поблиски односи со партнери кои делат исти вредности и нашата посветеност за отворена и слободна трговија. САД можеби одлучиле да станат протекционисти, но остатокот од светот не мора да ја следи истата патека. Ќе идентификуваме други партнери да ни се придружат во ова, за да обезбедиме отпорност и да ги одржиме критичните делови од мултилатералниот систем, додека ги поставуваме основите за можен нов и различен глобален систем што ќе биде можен подоцна Влегуваме во променет свет. Единствен начин за Сингапур да ја преброди надоаѓачката бура е да останеме обединети – да ги здружиме нашите ресурси, нашата отпорност и нашата решителност. Владата ќе стори сѐ Сингапур да плови низ немирните води, при што никој не смее да биде заборавен. Над сѐ останато ќе ги ставиме интересите на Сингапур и на Сингапурците во центарот на сѐ што правиме. Патот пред нас ќе биде потежок. Опасностите се реални. Но исто таква е и нашата посветеност. На повеќе полиња се наоѓаме во подобра ситуација од пред шеесет години кога станавме независни“. (Обраќање на премиерот на Сингапур Lawrence Wong пред парламентот на Сингапур за американските царини и импликациите од нив, 8 април 2025 година. Текстот е адаптиран од Трајко Славески)

  

Најново

При крај е реконструкцијата на патот Охрид-Свети Наум, треба да се асфалтираат уште пет километри

Sase Ivanovski

Словенечки суд го ослободи поранешниот премиер Јанша од обвиненија за корупција

Sase Ivanovski

Змиско око од Кочани

Sase Ivanovski

Утре и задутре нема да се наплаќа во зоните на „Градски паркинг“

Sase Ivanovski

Извршен увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени

Sase Ivanovski

Продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Sase Ivanovski

Бројот на загинати од американските напади врз Јемен се искачи на 80, соопштија бунтовниците

Sase Ivanovski

САД ќе повлечат стотици војници од Сирија

Sase Ivanovski

Руски напади со дронови врз Харков и Запорожје

Sase Ivanovski

Врховниот суд на САД ја запре депортацијата на обвинети Венецуелци

Sase Ivanovski

Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Велигден

Sase Ivanovski

САД подготвени да ја признаат руската контрола на Крим за прекин на војната во Украина

Sase Ivanovski

Мелони: Италија има намера да достигне два проценти од БДП за воени трошоци

Sase Ivanovski

Покрената постапка против Унгарија: Дали Орбан ќе плати за пречекот на Нетанјаху?

Sase Ivanovski

На граничните премини за излез се чека најмногу половина час

Sase Ivanovski

Денеска во Кочани нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот

Sase Ivanovski

СЕ ЧИНИ КАКО ИДЕАЛЕН ВИКЕНД, АМА ВРЕМЕТО ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ Ќе блесне сонце, но еве каде ќе има дожд

Sase Ivanovski

Пронајдени трите девојчиња кои беа пријавени за исчезнати во Ќерамидница

Sase Ivanovski

Таравари почнува со интензивни разговори за потенцијалниот кандидат за градоначалник на Тетово

Sase Ivanovski

(Фото) Непознати ја искршиле камерата на фризерницата на која се снимени цитроенот и кангуто со Палчо утрото кога ја киднапирале Вања

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во Нови Сад пречекани студентите велосипедисти од Стразбур

Sase Ivanovski

Tрагедија во Хрватска: Во сообраќајка загина поранешен фудбалски репрезентативец

Sase Ivanovski

По локалните избори очекувам да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС, вели Ангелов

Sase Ivanovski

Таравари: Разговарав со Ахмети, но само телефонски

Sase Ivanovski

Автомобил изгоре во струмичкото село Банско

Sase Ivanovski

Нова снимка од атентатот на Фицо: Од реакцијата, до првиот истрел, до затворање на вратата од лимузината

Sase Ivanovski

Вин-Вин – Интервју со министерот за култура Зоран Љутков

Sase Ivanovski

Саботажа сезона 11 бр. 54

Sase Ivanovski

Еден месец подоцна: Кочани живее од што се мора

Sase Ivanovski

Идеалот за остварување на сонот е секогаш присутен – интервју со Влатко Стефановски

Sase Ivanovski

B-1B Bones направи невидено распоредување на оперативната група бомбардери во Јапонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 500-годишната велигденска традиција на Скопио дел Каро во Фиренца, Италија

Sase Ivanovski

По распадот на СССР, кошаркарската репрезентација на Литванија не можеше да си дозволи да учествува на Олимпијадата во 1992 година, па Грејтфул Дед ги финансираше трошоците на тимот и испрати опрема во националните бои на Литванија. Тие ја освоија бронзата на таа Олимпијада

Sase Ivanovski

Позади штитот и репутацијата на лош човек се крие друг Џенаро Гатузо кој е голема људина

Sase Ivanovski

На полувремето од хуманитарниот натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда, легендите на двата клуба истрчаа почесен круг околу теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СКОПЈЕ МИ Е ДОМА – ЃОРЃИ ГАЛЕТАНОВСКИ: За градот, ЗОО Скопје, ноќниот живот, спомените и Скопје во некои други и поинакви времиња

Sase Ivanovski

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГРЦИЈА – ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ДИГИТАЛНАТА РАБОТНА КАРТИЧКА: Нема работа на црно

Sase Ivanovski

НА ВЕЛИКИ ПЕТОК ПОМОШ ЗА НАЈСИРОМАШНИТЕ: Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Отец Оливер поделија пакети со храна

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМАТА ЗАПАДНА БАНКА КОЈА УШТЕ РАБОТИ ВО РУСИЈА ЈА СТОПИРА ПРОДАЖБАТА: Причината е промената на односите меѓу САД и Русија

Sase Ivanovski

ТРАГЕДИЈА: Три лица загинаа вечерва кај Кичево, други итно се префрлаат на скопските клиники

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОЕЊЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА ПРЕД РТС: Студентите ги повикуваат граѓаните заедно да ги поминат празниците

Sase Ivanovski

ОЈО Кочани побара замена на мерката куќен притвор за двајца осомничени од ДПИ по пожарот во клуб „Пулс“

Sase Ivanovski

Скопјанец пријавил дека исчезнале неговите три внуки

Sase Ivanovski

Ексдиректорoт на Пазарна Трајковски, ослободен од куќен притвор: Со добри дела и чиста намера се гради држава

Sase Ivanovski

Таравари за БГНЕС: Уставот мора да се промени, оптимист сум дека ќе се најде решение меѓу Софија и Скопје и да започнеме преговори со ЕУ

Sase Ivanovski

Инспиративната приказна на Дина Дамјановиќ

Sase Ivanovski

Љубљана е проглесена за најдобра дестинација во Европа за пролетно патување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали некогаш сте се запрашале кои се најопасните населби во Загреб – Каде се најчести кражбите и кои места треба да ги избегнувате?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Влатко Стефановски во ексклузивното интервју за Телма, дадено по повод концертите во мај со кои тој ќе одбележи 50 години на сцена

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Архитектката Мила Димитровска: Колку е важно Водно за Скопје и колку го прави уникатен град?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Парите на измамените со лажните пратки од пошта завршиле во виртуелна банка во Хонг Конг

Sase Ivanovski

Аеродромот во Истанбул стана прв во Европа кој покрена истовремени операции на три писти

Sase Ivanovski

МАЈКАТА НА ЗАГИНАТИОТ ТОМАС ВО „ПУЛС“: ЖИВЕЕМЕ ЗА ДА ОДИМЕ НА ГРОБИШТА ДА СИ ПОМУАБЕТИМЕ СО НАШИТЕ ДЕЦА, ПРАВДА МОРА ДА ИМА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ресторан Бигор во Вруток – Најголемата ботаничка градина во изобилство на зеленило и природа придружено со вкусна храна

Sase Ivanovski

Шпанија: Пијана жена без дозвола предизвика несреќа во шпанско одморалиште, двајца загинати, десет повреденипредизвика несреќа во шпанско одморалиште, двајца загинати, десет повредени

Sase Ivanovski

Господ нема да ги заштити од пожар,134 бугарски храмови немаат ПП апарати!

Sase Ivanovski

ТРАМП СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА АНА ИВАНОВИЌ Претседателот на САД е маѓепсан од Србинката, тврди дека е најубавата жена на светот

Sase Ivanovski

ХРВАТСКА ВОВЕДУВА ВОЕН РОК Хрватите имаат две опции, првата е храна, сместување, пари, а другата….

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАСЕТНИ БОМБИ ЈА РАЗНЕСОА СЕКОЈА УЛИЦА ВО ХАРКОВ Еден загинат и 54 повредени во новиот руски напад

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УБИЕЦОТ НА СТУДЕНТИТЕ Е СИН НА ПОЛИЦАЈКА И ГО КОРИСТЕЛ НЕЈЗИНОТО ОРУЖЈЕ Мајката на напаѓачот од Универзитетот во Флорида е заменик на шерифот на округот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО ИТАЛИЈА Има мртви и исчезнати, но тука не е крајот

Sase Ivanovski

ПУТИН РАСПОРЕДУВА ВОЈСКА НА ГРАНИЦАТА НА НАТО Балтичките земји на штрек, се следи секој чекор на Русите

Sase Ivanovski

ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО УКРАИНА ИЛИ 500% ТАРИФИ И САНКЦИИ Трамп го притиска Путин, му даде 3 дена да одлучи

Sase Ivanovski

Протече мировниот план на САД: Украина губи територии, не може во НАТО …

Sase Ivanovski

Украина прими стотици тела на војници во размена со Русија

Sase Ivanovski

Љутков: Го враќаме брутализмот како архитектура која треба да се одбележи како културно наследство

Sase Ivanovski

Иран ги осуди американските напади врз Јемен како варварски

Sase Ivanovski

Министерство за култура: Вработените ќе ги добијат платите со зголемување на почетокот од следната недела

Sase Ivanovski

Лени Кравиц ги отвори вратите на својот дом во Париз

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Одлична средба со Ал Мухари, заменик извршен директор на инвестициската компанија “Мубадала од Абу Даби

Sase Ivanovski

Муцунски на Средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан

Sase Ivanovski

Падна дрво кај Млечен, оштети три автомобили и скина кабли од бандери

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинците одбиваат голем напад на југот: „Уништивме 29 возила, елиминиравме 140 Руси“

Sase Ivanovski

Легендата на Интер, Горан Пандев… со трофеј 👑🏆📸

Sase Ivanovski

Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет

Sase Ivanovski

Компанијата „Спејс Екс“ на Илон Маск е главен кандидат за изградба на „Златната Купола“ – ракетниот штит на Трамп

Sase Ivanovski

Холандска карикатура од 1903 година го критикува лицемерието на Русија кон Македонија

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп удри по странските студенти и даночниот статус на Харвард

Sase Ivanovski

Контрамитингот на Вучиќ во македонските медиуми: Шаренолики информации за обоената револуција

Sase Ivanovski

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Sase Ivanovski
Вчитувам....