Венко Филипче е човек без кредибилитет на врвот на СДС и само второ лице на Зоран Заев. Венко Филипче е избран со двојно и тројно помалку гласови од своите претходници. Венко Филипче нема ниту автентична политика. Тој е второ лице на Заев и негова продолжена рака во политиката.
Венко Филипче е човек со голем број афери зад него, и само таков човек му одговара на Заев, да го држи зауздан и послушен. Венко Филипче не знае каде тера, тој нема мандат за ништо, ниту пак може да нуди решенија за нешто. Филипче е извор на проблеми долги години наназад. Колкав проблем е Венко Филипче, доволно е да се погледне здравството и на секој ќе му биде јасно.