Состојбата на останатите четворица пациенти во Пирогов се уште е сериозна, но стабилна, изјави раководителката на Клиниката за изгореници и пластична хирургија при медицинската установа, Маја Аргирова за БНТ. „Четворица од повредените во Кочани вчера беа отпуштени, на лекување во болница остануваат уште 4 лица. Нивната состојба е сè уште сериозна, но стабилна и очекуваме постепено да се подобрува. Остануваат да се подложат на хируршки интервенции и активно движење“, објасни Аргирова. Според неа, ова се едни од најтешките случаи со кои таа и нејзиниот тим се сретнале на клиниката, но одлично се справиле со тоа и пациентите кои вчера беа отпуштени ќе се прилагодат на својата социјална средина што е можно побрзо. Таа објасни дека на лекарите им е исклучително тешко да држат деца во раце речиси непрепознатливи. Третманот е долг, болен и вклучува многу жртва од страна на целото семејство на пациентот“, вели Аргирова за бугарските медиуми.
Таа објасни и дека жртвите од пожарот во Кочани кои вчера беа отпуштени ќе дојдат на прегледи и ќе имаат закажано реконструктивни операции. Според неа, периодот на опоравување ќе трае долго.„Ова трае долго време. Закрепнувањето на таков повреден е околу година и пол до две. Ако ги додадеме и реконструктивните операции, периодот може да трае и од 5 до 7 години по завршувањето на акутниот период. Односно по излегувањето. Така што, третманот не завршува со пуштање на пациентите од клиниката. Продолжува дома. Имаат инструкции кои треба да ги следат скоро две години по отпуштањето“, објасни Аргирова.