17.8 C
Скопје
19/04/2025 08:48
МАКТЕЛ

    

ИНТЕРВЈУ со Илија АЦЕСКИ, социолог: Системот произведе култура на корупција!

      

По трагедијата во дискотеката во Кочани, во која животот го загубија 59 млади луѓе и беа повредени околу 200 луѓе, земјата е на колена. Криците на млади луѓе, меѓу кои и деца на возраст од 12-13 години, кои порачуваат дека „Кочани е мртов град и град клекнат на колена“ и дека не им се живее во земјава поради корупција што им ги одзела животите на нивните роднини и пријатели, силно одекнаа низ земјава и ја потврдија колективната ментална траума со која се соочува општеството во моментов. Најголем дел од починатите и повредените се на возраст меѓу 14 и 28 години, односно се практично генерација што растеше во периодот на транзиција на земјата и се жртви на институционалните недоследности во системот. Македонија се соочи со многу несреќи и трагедии што предизвикаа голема болка и тага, но ужасот во дискотеката „Пулс“ ја прелеа чашата, смета социологот професор д-р Илија Ацески.

Во интервју за „Фокус“, професорот објаснува што значи оваа колективна траума за граѓаните од општествен и социолошки аспект, потенцирајќи притоа дека сме земја во која човекот живее во константен страв и не може да се ослободи од чувството дека ќе му се случи нешто лошо. Психичката и менталната енергија во државата е целосно уништена и потребни се итни реформи во образованието, констатира професорот. По првичниот шок од трагедијата што ја зави во црно целата земја, надлежните најавија зајакнати контроли, законски измени и целосно „ресетирање“ на системот, но според социологот Ацески не е потребно реформирање на сите сектори, туку во најважниот – образованието. Разговараше: Орце КОСТОВ  ФОКУС: Професоре, дали последната трагедија ја прели чашата?

   

 АЦЕСКИ: Да. Затоа што подолг период се укажува на некои недоследности во спроведување на законите, на правилата, на функционирање на институциите, на корупција, на некое однесување, кое кулминира на овој начин со многу жртви. Кога ќе кажеме дека се прелеа чашата, тоа значи дека трпението на обичниот човек е при крај. Мора нешто да се направи за да почне општеството да живее во еден нормален тек, мора да се решаваат тие фундаментални прашања на секој човек, се работи, сепак, за квалитет на живот.

ФОКУС: Какво општество беше Македонија пред несреќата, а какво е сега?

 АЦЕСКИ: Тешко може да се дефинира во една реченица ова. Да се долови каде ние денес се наоѓаме. Тоа е показател на она што се случувало подолг временски период и на ваков брутален начин со многу жртви, ни се даде до знаење како држава дека понатаму не може повеќе на таков начин да функционираме. Говориме за институциите. Сепак, многу повеќе тоа се однесува на тој социјален општествен живот, кој е детерминиран од тоа како работат самите институции: ако како поединец се соочам со многу проблеми денес и посветам многу внимание за нешто што се подразбира дека треба да биде нормално, од нормално движење по улица, па сè до нешто што може да се случи каде што живеам. Кога поединецот ќе се ослободи од тој наплив што го загрозува и доаѓа од институциите, животот ќе биде поквалитетен без разлика на материјалната и социјалната состојба.

ФОКУС: Каква колективна и ментална траума за општеството предизвика оваа трагедија?

 АЦЕСКИ: Кога говориме за таа траума, повеќе ги нагласувам социолошките елементи. Човекот како да се прашува во каква заедница живее, се прашува „кој сум јас“, „кои се тие што се задолжени да водат елементарна грижа за мојата безбедност?“. Тука лежи проблемот и големото разочарување и она што сите нè погоди. Ова особено кај младите ќе предизвика активирање на еден поголем одбранбен механизам дека не може сè да прифаќаат и да прават сè на своја рака. Тие мора да се соочат со тоа дека уживањето во мигот лесно може да се претвори во трагична ситуација. Тука се тие гранични нишки на едно елементарно однесување.

ФОКУС: Жртвите се, пред сè, млади луѓе што растеа во овој гнил систем, дали се жртви на нефункционирањето на институциите и на корупцијата во системот?

 АЦЕСКИ: Несреќи се случувале и се случуваат. Но, ако една несреќа се случи поради елементарна негрижа на некој кој за тоа е повикан и платен во една институција и тој не реагира, тука се соочуваме со многу пострашно. Оваа несреќа е резултат на десетина недоследности од највисоко ниво до основното елементарно однесување и комуницирање на ниво на соседство. Се шокирав кога разбрав дека еден од оние градоначалници што ги приведоа, живеел на 100 метри од овој објект, никогаш не му паднало на памет да изреагира како човек, не како градоначалник. Или, пак, реакцијата на самата полиција што го знаела тоа. Или реакциите на оние служби. Тука се вмешани многу нешта, корупција, мито, тотална неодговорност и незнаење. Некои од незнаење го правеле тоа. Тоа е најстрашно. Такво нешто од такви причини не смее да се повтори. Сега може да бидеме сите мудри во анализите, но некој бил повикан тоа да го следи и анализира и на некој начин да го менаџира, не реагирал.

НЕ ТРЕБА ДА ГУБИМЕ НАДЕЖ

ФОКУС: На првиот протест во Кочани имаше 12-годишни деца што плачат дека не им се живее во корумпирано општество. Како дозволивме толку мали деца да сфатат дека ова е токсична средина?

 АЦЕСКИ: Тоа е уште позастрашувачка состојба некој да зборува во тие години меѓу 12 и 18 години, кога практично се формира една личност. Дете до 13-14 години го доживува тоа, не само како трагедија со жртви, туку трагедија во која сфаќа дека тука нема живот. Сега, кога веќе мора да се мобилизираме внатре во самото општество, не треба да ја губиме надежта дека животот продолжува и тој може да биде далеку подобар. Тоа мора да им се вгнездува во главите на младите за да почнат да ја сакаат својата средина и не по секоја цена да заминат. Нема подобро место за живот од она каде што сте се родиле. И кога ќе го прифатите тоа, кога ќе стане дел од вашето битие, тука може да говориме за здрава средина и општество. Ќе бегаат младите и понатаму, но ќе бидат врзани повеќе за својата средина.

ФОКУС: Свештеникот од Кочани, кој го смируваше револтот на граѓаните ден по трагедијата, рече дека Кочани ќе воскресне по ова, но со него не се сложија голем дел од граѓаните бидејќи траумата е огромна. Може ли Кочани психолошки и социолошки да ги растера црните облаци над него?

 АЦЕСКИ: Мора. Во смисла дека треба многу повеќе да се работи. Посебно во сферата на образованието во основно и во средно. Нашето образование, малку образува, но многу малку и воспитува, многу малку всадува вредности, малку ја формира моралната димензија на тој млад човек. Мора да се свртиме радикално и да кажеме дека во основно и во средно образование мора да се формираат одговорни, квалитетни кадри со морален дигнитет, кои ќе ја сакаат својата земја и држава кога ќе работат одговорно во институциите.

ФОКУС: Македонскиот граѓанин во изминативе 33 години се соочи со навистина тешки несреќи, кои доведоа до колективна тага. Каков е социолошкиот профил на граѓанинот денес?

 АЦЕСКИ: Се убива менталната енергија на човекот, кој постојано е изложен на трагедии. Телевизиите мора да внесат содржини што ќе го храбрат духот на човекот, да го насочуваат да не биде пасивен, а не да го убиваат со информации, кои ја деградираат неговата личност. Правев една анализа, кога се случи сообраќајната несреќа со Фросина. Се продлабочува нашата траума. За три дена избројав околу 5-6 часа известување за несреќи во Македонија. Тоа е многу. Пушташ телевизор и веднаш црна хроника. Да, телевизијата информира, но и го убива тој менталитет и ни ја одзема енергијата. По ова, ако трагедијата добие други размери, ако премине во обично партиско-политичка пресметка, ако ги продлабочи коруптивните и доволно оформени менталитети во македонското општество, тогаш ни нема спас, како велиме ние, Господ да ни е напомош. Јас работев на теми со урбанизацијата и дивоградбите во Скопје. Ние во цела земја, но особено во Скопје создадовме една неверојатно нездрава животна средина, која нè чини илјадници смртни случаи од загадување. Живеам во зграда каде што нема поглед, нема сигурност од пожари, каде што загадувањето е големо, кога се чудам каде да паркирам, кога не се движам бидејќи немам тротоар. Сето тоа го прави мојот живот неквалитетен и ја урива мојата енергија за оптимизам дека може нешто да биде подобро.

ФОКУС: Може ли по ова граѓаните да излезат од зоната на комфорот или дефетизмот, да бидат похрабри да ги пријавуваат аномалиите на системот, да преземат граѓански чекори?

 АЦЕСКИ: Тоа е веќе поттикнато, но до кога ќе трае. Веројатно по три до пет месеци ќе заборавиме на тоа. Кој се сеќава на болницата во Тетово или несреќата на Ласкарци, иако судските случаи сè уште траат. Тоа зависи од мобилизацијата на институциите и на оние луѓе што се платени за тоа. Но, тие се добар дел партиски војници вработени, неспособни. Кога тој сегмент – институциите ќе се разбудат, јас како граѓанин нема да правам прекршоци од секаков тип. Од моето однесување на обичен граѓанин и однесувањето како вработен и одговорен во институција, се добиваат два елементи на културна корупција. Кога ќе ги споредиш недостатоците на институциите, дури и во образованието, системот произведе култура на корупција. Тој што е покултурен во тој поглед, тој повеќе профитира.

ПОТРЕБНА Е НЕОДМАЗДНИЧКА АКЦИЈА

ФОКУС: Може ли да се создаде некоја критична маса да направи коренити промени ова да не се случи или, пак, таа маса веќе се иселува од земјава?

 АЦЕСКИ: Критичната маса ќе се формира кога јас како поединец ќе го разберам тоа. Ние сега лесно се откажуваме. Резултатот од откажувањето во општествен контекст е следен: дека јас и со неработа и со неодговорност сум платен исто или можеби повеќе сум платен од тој што навистина работи и се труди. Тој што работи и се труди, многу лесно е исклучен од таа средина, исфрлен е, изрод е, не може да се вклопи во таа средина. Сега имаме обратна слика, наместо да ги исфрлиме или презираме оние што не работат, ги презираме оние што работат. Еве го резултатот. Таа критична маса е создадена во коруптивна сфера или сфера на културна корупција. Јас сум културно корумпиран. Што значи тоа: „баш ми е гајле за сè“, „ама имаш одговорност, но добро никој не бара ништо од мене“, „ама се случило нешто лошо, па добро тоа е“. Еве до каде стигнавме во општеството со овие одговори.

ФОКУС: Владата најави борба против корумпираниот систем и носење нови закони. Каде треба да почнеме, што е најважно за општеството, здравство, образование…?

 АЦЕСКИ: Сега треба една трпелива акција, неодмаздничка, да почнат процесите најмногу во образованието, каде што ќе се создава една нова перцепција. Долго време бев дел од образованието и мора да се менува во тој поглед. Потребни се многу едноставни, но радикални чекори, не одмазднички. Ќе правиме нешто што ќе доживее на подолг рок сериозно подобрување. Едноставните потези ги анализирав во образованието и урбанизмот. Ако вие имате една нелегална градба, државата носи одлука дека тој објект ќе биде одземен, па повелете градете понатаму. Ако се прави интервенција, на пример: ако не го санирате тоа и тоа за одредено време, ние тоа ќе го направиме на ваша сметка. Ги следев реформите за високо образование, бев дел од тој болоњски систем, бев дел од тоа кога Груевски почна да прави нешто. Сите тие реформи доведоа до урнисување на образованието и никој притоа не се праша „дај да видиме кој е квалитетот на овие институции што произведуваат кадри, кои потоа ќе работат во институциите“. Да видиме што сте научиле за овие пет години. Во една независна комисија, тело што ќе покаже што сте научиле и покрај дипломата. Ако не сте научиле, назад во клупа или нека ви ги вратат парите. Вие господине немате право на државна служба.

ФОКУС: Впечатокот е дека нема поместување во образовните ,,реформи“, како да тргнеме напред?

АЦЕСКИ: Нашето високо образование е 30 години закопано во ров. Дојде ново време на вештачка интелигенција и нови технологии, ние поим немаме. Државата треба да бара да се даде квалитетен образован кадар. Зборувам за сакатење на младите, ако ве осакатат на тие 24 години и ви го земат најсилниот период од животот, од вас ќе направат послушно суштество. Илјадници млади упропастивме. На УКИМ, 90 проценти од тие што дипломирале не го работат тоа што го учеле. Ова е уште поголема и долгорочна трагедија, која не може баш така да се елиминира. Се сеќавате кога Никола Груевски донесе едно решение по секоја втора година да се прави тестирање на студентите. Јас испит држам и им викам, колеги не е важно што ќе пишам јас, внимавајте во февруари ќе полагате тестови да видите колку вие сте научиле. Не помина кратко време, сите излегоа на улица. Не ме разбирајте погрешно, им реков не е страшно тоа, туку преку тоа ќе се видеше кој држи предавања, кој не.

ФОКУС: Системот во една земја го градиме ние граѓаните преку институциите. Но, и ние граѓаните треба да го почитуваме и негуваме. Ќе се освестиме ли конечно дека мора да почнеме од нас, дека не треба да бараме врски за петка, дека треба да возиме со појас поради безбедност, не поради одбегнување казна, да не бараме пријател да ни ја заврши работата?

 АЦЕСКИ: Ќе се освестиме во оној момент кога самата институција ќе го побара тој квалитет. Свеста не произлегува од поединецот, тоа е голема заблуда, туку институцијата ја создава таа атмосфера за да може кај поединецот да се всади нешто вредно. Ако вие се побуните сами против системот, ќе ве направат ненормален.

ДА СЕ СОЗДАДЕ КРИТИЧНА МАСА

ФОКУС: Следниот викенд ќе продолжат забавите и концертите. Тоа ќе биде тест за младите и нивните родители. Очекувате да покажеме одговорност?

 АЦЕСКИ: Очекувам повеќе. Тоа што е видливо во угостителските објекти ќе биде отстрането, но тоа ќе трае сè до оној момент сè додека подзаборавиме на ова. Јас сум малку оптимист дека нешто сепак ќе тргне на подобро. Да се создаде една критична маса и за четири-пет години да дојдеме до некоја ситуација на нормалност .

ФОКУС: Оваа несреќа ја загуби и надежта, професоре. Како да ја вратиме барем неа?

 АЦЕСКИ: Можеме да си ја вратиме во оној момент кога ќе поверуваме дека институциите не работат само за профит, дека таа културно коруптивна состојба или тој процес ќе прекине на некој начин и ќе добиеме јасна слика дека сепак законите и правилата владеат во Македонија. Текстот е објавен на 27 март 2025 година во неделникот „Фокус“, во бројот 1.538.

  

Најново

САД подготвени да ја признаат руската контрола на Крим за прекин на војната во Украина

Sase Ivanovski

Мелони: Италија има намера да достигне два проценти од БДП за воени трошоци

Sase Ivanovski

Покрената постапка против Унгарија: Дали Орбан ќе плати за пречекот на Нетанјаху?

Sase Ivanovski

На граничните премини за излез се чека најмногу половина час

Sase Ivanovski

Денеска во Кочани нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот

Sase Ivanovski

СЕ ЧИНИ КАКО ИДЕАЛЕН ВИКЕНД, АМА ВРЕМЕТО ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ Ќе блесне сонце, но еве каде ќе има дожд

Sase Ivanovski

Пронајдени трите девојчиња кои беа пријавени за исчезнати во Ќерамидница

Sase Ivanovski

Таравари почнува со интензивни разговори за потенцијалниот кандидат за градоначалник на Тетово

Sase Ivanovski

(Фото) Непознати ја искршиле камерата на фризерницата на која се снимени цитроенот и кангуто со Палчо утрото кога ја киднапирале Вања

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во Нови Сад пречекани студентите велосипедисти од Стразбур

Sase Ivanovski

Tрагедија во Хрватска: Во сообраќајка загина поранешен фудбалски репрезентативец

Sase Ivanovski

По локалните избори очекувам да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС, вели Ангелов

Sase Ivanovski

Таравари: Разговарав со Ахмети, но само телефонски

Sase Ivanovski

Автомобил изгоре во струмичкото село Банско

Sase Ivanovski

Нова снимка од атентатот на Фицо: Од реакцијата, до првиот истрел, до затворање на вратата од лимузината

Sase Ivanovski

Вин-Вин – Интервју со министерот за култура Зоран Љутков

Sase Ivanovski

Саботажа сезона 11 бр. 54

Sase Ivanovski

Еден месец подоцна: Кочани живее од што се мора

Sase Ivanovski

Идеалот за остварување на сонот е секогаш присутен – интервју со Влатко Стефановски

Sase Ivanovski

B-1B Bones направи невидено распоредување на оперативната група бомбардери во Јапонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 500-годишната велигденска традиција на Скопио дел Каро во Фиренца, Италија

Sase Ivanovski

По распадот на СССР, кошаркарската репрезентација на Литванија не можеше да си дозволи да учествува на Олимпијадата во 1992 година, па Грејтфул Дед ги финансираше трошоците на тимот и испрати опрема во националните бои на Литванија. Тие ја освоија бронзата на таа Олимпијада

Sase Ivanovski

Позади штитот и репутацијата на лош човек се крие друг Џенаро Гатузо кој е голема људина

Sase Ivanovski

На полувремето од хуманитарниот натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда, легендите на двата клуба истрчаа почесен круг околу теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СКОПЈЕ МИ Е ДОМА – ЃОРЃИ ГАЛЕТАНОВСКИ: За градот, ЗОО Скопје, ноќниот живот, спомените и Скопје во некои други и поинакви времиња

Sase Ivanovski

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГРЦИЈА – ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ДИГИТАЛНАТА РАБОТНА КАРТИЧКА: Нема работа на црно

Sase Ivanovski

НА ВЕЛИКИ ПЕТОК ПОМОШ ЗА НАЈСИРОМАШНИТЕ: Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Отец Оливер поделија пакети со храна

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМАТА ЗАПАДНА БАНКА КОЈА УШТЕ РАБОТИ ВО РУСИЈА ЈА СТОПИРА ПРОДАЖБАТА: Причината е промената на односите меѓу САД и Русија

Sase Ivanovski

ТРАГЕДИЈА: Три лица загинаа вечерва кај Кичево, други итно се префрлаат на скопските клиники

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОЕЊЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА ПРЕД РТС: Студентите ги повикуваат граѓаните заедно да ги поминат празниците

Sase Ivanovski

ОЈО Кочани побара замена на мерката куќен притвор за двајца осомничени од ДПИ по пожарот во клуб „Пулс“

Sase Ivanovski

Скопјанец пријавил дека исчезнале неговите три внуки

Sase Ivanovski

Ексдиректорoт на Пазарна Трајковски, ослободен од куќен притвор: Со добри дела и чиста намера се гради држава

Sase Ivanovski

Таравари за БГНЕС: Уставот мора да се промени, оптимист сум дека ќе се најде решение меѓу Софија и Скопје и да започнеме преговори со ЕУ

Sase Ivanovski

Инспиративната приказна на Дина Дамјановиќ

Sase Ivanovski

Љубљана е проглесена за најдобра дестинација во Европа за пролетно патување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали некогаш сте се запрашале кои се најопасните населби во Загреб – Каде се најчести кражбите и кои места треба да ги избегнувате?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Влатко Стефановски во ексклузивното интервју за Телма, дадено по повод концертите во мај со кои тој ќе одбележи 50 години на сцена

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Архитектката Мила Димитровска: Колку е важно Водно за Скопје и колку го прави уникатен град?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Парите на измамените со лажните пратки од пошта завршиле во виртуелна банка во Хонг Конг

Sase Ivanovski

Аеродромот во Истанбул стана прв во Европа кој покрена истовремени операции на три писти

Sase Ivanovski

МАЈКАТА НА ЗАГИНАТИОТ ТОМАС ВО „ПУЛС“: ЖИВЕЕМЕ ЗА ДА ОДИМЕ НА ГРОБИШТА ДА СИ ПОМУАБЕТИМЕ СО НАШИТЕ ДЕЦА, ПРАВДА МОРА ДА ИМА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ресторан Бигор во Вруток – Најголемата ботаничка градина во изобилство на зеленило и природа придружено со вкусна храна

Sase Ivanovski

Шпанија: Пијана жена без дозвола предизвика несреќа во шпанско одморалиште, двајца загинати, десет повреденипредизвика несреќа во шпанско одморалиште, двајца загинати, десет повредени

Sase Ivanovski

Господ нема да ги заштити од пожар,134 бугарски храмови немаат ПП апарати!

Sase Ivanovski

ТРАМП СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА АНА ИВАНОВИЌ Претседателот на САД е маѓепсан од Србинката, тврди дека е најубавата жена на светот

Sase Ivanovski

ХРВАТСКА ВОВЕДУВА ВОЕН РОК Хрватите имаат две опции, првата е храна, сместување, пари, а другата….

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАСЕТНИ БОМБИ ЈА РАЗНЕСОА СЕКОЈА УЛИЦА ВО ХАРКОВ Еден загинат и 54 повредени во новиот руски напад

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УБИЕЦОТ НА СТУДЕНТИТЕ Е СИН НА ПОЛИЦАЈКА И ГО КОРИСТЕЛ НЕЈЗИНОТО ОРУЖЈЕ Мајката на напаѓачот од Универзитетот во Флорида е заменик на шерифот на округот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО ИТАЛИЈА Има мртви и исчезнати, но тука не е крајот

Sase Ivanovski

ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО УКРАИНА ИЛИ 500% ТАРИФИ И САНКЦИИ Трамп го притиска Путин, му даде 3 дена да одлучи

Sase Ivanovski

Протече мировниот план на САД: Украина губи територии, не може во НАТО …

Sase Ivanovski

Украина прими стотици тела на војници во размена со Русија

Sase Ivanovski

Љутков: Го враќаме брутализмот како архитектура која треба да се одбележи како културно наследство

Sase Ivanovski

Иран ги осуди американските напади врз Јемен како варварски

Sase Ivanovski

Министерство за култура: Вработените ќе ги добијат платите со зголемување на почетокот од следната недела

Sase Ivanovski

Лени Кравиц ги отвори вратите на својот дом во Париз

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Одлична средба со Ал Мухари, заменик извршен директор на инвестициската компанија “Мубадала од Абу Даби

Sase Ivanovski

Муцунски на Средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан

Sase Ivanovski

Падна дрво кај Млечен, оштети три автомобили и скина кабли од бандери

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинците одбиваат голем напад на југот: „Уништивме 29 возила, елиминиравме 140 Руси“

Sase Ivanovski

Легендата на Интер, Горан Пандев… со трофеј 👑🏆📸

Sase Ivanovski

Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет

Sase Ivanovski

Компанијата „Спејс Екс“ на Илон Маск е главен кандидат за изградба на „Златната Купола“ – ракетниот штит на Трамп

Sase Ivanovski

Холандска карикатура од 1903 година го критикува лицемерието на Русија кон Македонија

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп удри по странските студенти и даночниот статус на Харвард

Sase Ivanovski

Контрамитингот на Вучиќ во македонските медиуми: Шаренолики информации за обоената револуција

Sase Ivanovski

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Sase Ivanovski

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

Sase Ivanovski

„Н1“: Од каде српско „љ“ во рускиот извештај и други нелогичности?

Sase Ivanovski

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Sase Ivanovski

МОН реагира на лагите на Левица, платите во училиштата од овој месец се зголемени за 7% и ќе продолжат да растат

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и на Велики Петок шири тешки лаги и клевети, покачените плати ќе бидат исплатени во вторник

Sase Ivanovski

СДСМ: Кога културното наследство ќе стане бизнис план – тоа веќе не е култура, туку пазар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: На Велигден власта остави работници од повеќе институции без плата

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на граничните премини Дојран и Богородица

Sase Ivanovski

Петровска: Истрагата за Кочани е контаминирана од политички изјави и селективни дејствија

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишено од слобода лице од скопско Арачиново барано за издржување казна затвор од четири години

Sase Ivanovski

Министерствсо за внатрешни работи: Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Куманово

Sase Ivanovski

Средба на Сиљановска-Давкова со победниците на “First Lego League Challenge”

Sase Ivanovski
Вчитувам....