14.8 C
Скопје
18/04/2025 21:32
МАКТЕЛ

    

Денко Малески: Европа, НАТО и Америка се во процес на распаѓање

      

Забележувам дека двете најголеми македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја тераат караницата околу продолжувањето на процесот на преговори за членство во ЕУ како да се работи за воз кој не чека на станицата а ние треба само да влеземе. Има нешто гротескно во нашиот однос кон светската политика. Пред нашите очи се одвива процес на распаѓање на Европа, на НАТО, па и на Америка а ние се однесуваме по онаа народната „селото гори баба се чешла“. Не разбирајќи ги драматичните промени во светската политика и потребата бргу да го затвориме несогласувањето со Бугарија, власта се исмева со водачот на опозицијата во неговиот напор да води политика на мир инсистирајќи на уставни промени по цена на личната политичка кариера. Повторно и по кој знае кој пат се употребува погрешниот аргумент дека кога СДСМ биле на власт, морале да изградат широк консенсусус во парламентот околу Договорот за добрососедство со Бугарија и околу „Францускиот предлог“.

Преку чист популизам, упорно и упорно се заобиколува една вистина: дека во сите демократски системи во светот токму извршната власт е таа која потпишува меѓународни договори а улогата на опозицијата е да ги поддржи или да ги отфрли преку гласање во парламентот. Оттаму и зборот „ратификација“. Тоа е така затоа што теми од областа на надворешната политика знаат да бидат ургентни: нема белким да чека државата противникот да ги бомбардира додека се обидувата во парламентот да го остварат невозможното – консенсус преку гласање. И се би било во ред кога власта би ја превзела иницијативата, преку дипломатија, да најде решение после кое нашата мала балканска држава би имала добри односи со сите соседи. Но, не само неактивноста туку и критиката на ставовите и активноста на опозицијата од страна на власта е опасна. Имено, да се оспорува правото на опозицијата да има своја „вистина“ за спорот со Бугарија значи да се работи против демократијата која, не еднаш покажала дека „денешното табу е утрешниот консенсус“. Ако нешто може да и се приговори на опозицијата денес тоа е дека е премногу „срамежлива“ во одбрана на своите позиции дома.

   

Темата за проширување на ЕУ е сеуште тука ама не е на листата на приоритети на Унијата. Овие денови, на врвот на листата на приоритети е милитаризацијата на европските држави во подготовки за војна. Никој не зборува за мир дури ни сега кога е јасно дека беше погрешна прогнозата дека Русија ќе мора да го прифати ширењето на западниот воен сојуз во Украина. Во услови на прекинати дипломатски канали на комуникација на европските држави со Русија, сите се качуваат угоре по скалилото на воената ескалација, парада на „одлучност да се спротистават на агресорот“ и која не води никаде. Вон од дебатата за големите светски теми и за иднината на Европа, последица на слабите институции и луѓето кои од нив направиле инструмент за лична промоција, на граѓаните на Македонија им останува само да чекаат што им носи судбината. Во мислите ми се појавува свирепата сцена од најраното детство, на беспомошност од зоолошката градина во повоено Скопје: стаклениот кафез во кој спие огромен питон и зајак кој трепери во другиот ќош…

А, кога би си ја знаеле нашата најнова историја и кога би имале вистински научни институции, би имале толку многу да кажеме за блиското минато и да придонесеме кон иднината на нашиот континент. Имено, во некоја смисла се почна со распаѓањето на Југославија. Соочена со кризаата во Југославија, ЕЗ го прогласи „моментот на Европа“ и тргна во насока на нејзино решавање. Џејмс Бејкер, американскиот министер за надворешни, на одвоени состаноци со претседателите на републиките и нивните министри за надворешни работи, ни нагласи дека неговата држава нема намера да се замеша во уште една европска војна, трета по ред во дваесеттиот век. И одлета за Вашингтон. Другото, како што се вели, е историја.

Спротивно на одлуката на Арбитражната комисија на чело со Бадинтер која беше за признавање на Словенија и Македонија, Германија, раководена од своите интереси и под влијание на хрватското лоби во Бундестагот, ја призна Хрватска а не Македонија. Набргу, и другите држави на ЕЗ го следеа примерот на економски најмоќната држава на Заедницата и ветото на Грција кон Македонија. Разочараниот лорд Питер Карингтон со кого често зборував за потребата сите да останат околу зелената преговарачка маса до финалното решение на југословенската криза, ја осуди јавно постапката на Германија, и се повлече од позицијата претседавач со Конференцијата за Југославија.

Тоа само ја разгоре војната. Три години подоцна, во 1995, дојде до нејзина кулминација со геноцидот во Сребреница. Години на ред, Европа беше немоќна. Со искуство во интеграција но без искуство во војни и дезинтеграција, без зедничка воена сила да го поткрепи правото, Европа на почетокот од деведесеттите, не само што не ја запре војната во Југославија туку ја разгоре. Имено, за да си успешен во меѓународната политика мора да зборуваш со еден глас, а Европа тоа не го можеше ниту тогаш ниту сега. Потоа, следеше американската воена интервенција како уште еден доказ дека кога е потребна војна за да се воспостави мир, Европа на може без Америка. Мислам дека и искуствата со југословенската криза се важни за да најдеме одговори на прашањето: Како натаму во свет во кој процесот на распаѓање на ЕУ, НАТО и Америка зема замав? Денко Малески

  

Најново

ТРАГЕДИЈА: Три лица загинаа вечерва кај Кичево, други итно се префрлаат на скопските клиники

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОЕЊЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА ПРЕД РТС: Студентите ги повикуваат граѓаните заедно да ги поминат празниците

Sase Ivanovski

ОЈО Кочани побара замена на мерката куќен притвор за двајца осомничени од ДПИ по пожарот во клуб „Пулс“

Sase Ivanovski

Скопјанец пријавил дека исчезнале неговите три внуки

Sase Ivanovski

Ексдиректорoт на Пазарна Трајковски, ослободен од куќен притвор: Со добри дела и чиста намера се гради држава

Sase Ivanovski

Таравари за БГНЕС: Уставот мора да се промени, оптимист сум дека ќе се најде решение меѓу Софија и Скопје и да започнеме преговори со ЕУ

Sase Ivanovski

Инспиративната приказна на Дина Дамјановиќ

Sase Ivanovski

Љубљана е проглесена за најдобра дестинација во Европа за пролетно патување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали некогаш сте се запрашале кои се најопасните населби во Загреб – Каде се најчести кражбите и кои места треба да ги избегнувате?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Влатко Стефановски во ексклузивното интервју за Телма, дадено по повод концертите во мај со кои тој ќе одбележи 50 години на сцена

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Архитектката Мила Димитровска: Колку е важно Водно за Скопје и колку го прави уникатен град?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Парите на измамените со лажните пратки од пошта завршиле во виртуелна банка во Хонг Конг

Sase Ivanovski

Аеродромот во Истанбул стана прв во Европа кој покрена истовремени операции на три писти

Sase Ivanovski

МАЈКАТА НА ЗАГИНАТИОТ ТОМАС ВО „ПУЛС“: ЖИВЕЕМЕ ЗА ДА ОДИМЕ НА ГРОБИШТА ДА СИ ПОМУАБЕТИМЕ СО НАШИТЕ ДЕЦА, ПРАВДА МОРА ДА ИМА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ресторан Бигор во Вруток – Најголемата ботаничка градина во изобилство на зеленило и природа придружено со вкусна храна

Sase Ivanovski

Шпанија: Пијана жена без дозвола предизвика несреќа во шпанско одморалиште, двајца загинати, десет повреденипредизвика несреќа во шпанско одморалиште, двајца загинати, десет повредени

Sase Ivanovski

Господ нема да ги заштити од пожар,134 бугарски храмови немаат ПП апарати!

Sase Ivanovski

ТРАМП СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА АНА ИВАНОВИЌ Претседателот на САД е маѓепсан од Србинката, тврди дека е најубавата жена на светот

Sase Ivanovski

ХРВАТСКА ВОВЕДУВА ВОЕН РОК Хрватите имаат две опции, првата е храна, сместување, пари, а другата….

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАСЕТНИ БОМБИ ЈА РАЗНЕСОА СЕКОЈА УЛИЦА ВО ХАРКОВ Еден загинат и 54 повредени во новиот руски напад

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УБИЕЦОТ НА СТУДЕНТИТЕ Е СИН НА ПОЛИЦАЈКА И ГО КОРИСТЕЛ НЕЈЗИНОТО ОРУЖЈЕ Мајката на напаѓачот од Универзитетот во Флорида е заменик на шерифот на округот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО ИТАЛИЈА Има мртви и исчезнати, но тука не е крајот

Sase Ivanovski

ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО УКРАИНА ИЛИ 500% ТАРИФИ И САНКЦИИ Трамп го притиска Путин, му даде 3 дена да одлучи

Sase Ivanovski

Протече мировниот план на САД: Украина губи територии, не може во НАТО …

Sase Ivanovski

Украина прими стотици тела на војници во размена со Русија

Sase Ivanovski

Љутков: Го враќаме брутализмот како архитектура која треба да се одбележи како културно наследство

Sase Ivanovski

Иран ги осуди американските напади врз Јемен како варварски

Sase Ivanovski

Министерство за култура: Вработените ќе ги добијат платите со зголемување на почетокот од следната недела

Sase Ivanovski

Лени Кравиц ги отвори вратите на својот дом во Париз

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Одлична средба со Ал Мухари, заменик извршен директор на инвестициската компанија “Мубадала од Абу Даби

Sase Ivanovski

Муцунски на Средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан

Sase Ivanovski

Падна дрво кај Млечен, оштети три автомобили и скина кабли од бандери

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинците одбиваат голем напад на југот: „Уништивме 29 возила, елиминиравме 140 Руси“

Sase Ivanovski

Легендата на Интер, Горан Пандев… со трофеј 👑🏆📸

Sase Ivanovski

Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет

Sase Ivanovski

Компанијата „Спејс Екс“ на Илон Маск е главен кандидат за изградба на „Златната Купола“ – ракетниот штит на Трамп

Sase Ivanovski

Холандска карикатура од 1903 година го критикува лицемерието на Русија кон Македонија

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп удри по странските студенти и даночниот статус на Харвард

Sase Ivanovski

Контрамитингот на Вучиќ во македонските медиуми: Шаренолики информации за обоената револуција

Sase Ivanovski

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Sase Ivanovski

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

Sase Ivanovski

„Н1“: Од каде српско „љ“ во рускиот извештај и други нелогичности?

Sase Ivanovski

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Sase Ivanovski

МОН реагира на лагите на Левица, платите во училиштата од овој месец се зголемени за 7% и ќе продолжат да растат

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и на Велики Петок шири тешки лаги и клевети, покачените плати ќе бидат исплатени во вторник

Sase Ivanovski

СДСМ: Кога културното наследство ќе стане бизнис план – тоа веќе не е култура, туку пазар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: На Велигден власта остави работници од повеќе институции без плата

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на граничните премини Дојран и Богородица

Sase Ivanovski

Петровска: Истрагата за Кочани е контаминирана од политички изјави и селективни дејствија

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишено од слобода лице од скопско Арачиново барано за издржување казна затвор од четири години

Sase Ivanovski

Министерствсо за внатрешни работи: Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Куманово

Sase Ivanovski

Средба на Сиљановска-Давкова со победниците на “First Lego League Challenge”

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Пријавите во ВАЕРС не значат причинско-последична врска меѓу вакцината и смртта

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Фотографијата од урнати скали во бои на виножитото нема никаква врска со Унгарија

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Во ковид пандемијата не беа забранети обдукции, а вакцините не се „лажна наука“

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Контрамитингот на Вучиќ во македонските медиуми: Шаренолики информации за обоената револуција

Sase Ivanovski

Во 1987 година, мостот Голден Гејт не ја прослави само историјата, туку се наведна под нејзината тежина

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Sase Ivanovski

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога и цигари со странски бандероли, кривична пријава и притвор за едно лице

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестициите во дигитализацијата се инвестиции во иднината, дигиталната трансформација значи борба против корупцијата

Sase Ivanovski

Лижавчиња со потпис на Вучиќ им биле дадени на деца во градинка во Сомбор

Sase Ivanovski

Венс „оптимист“ за мир, неколку часа откако Рубио се закани дека САД можат да си заминат од преговорите

Sase Ivanovski

РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти

Sase Ivanovski

Петровска: Истрагата за Кочани е контаминирана со политички изјави – виновниците не се лоцираат правилно

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Деновите поминуваат, а од СДС молк и не кажуваат дали Филипче има златна виза за Дубаи и како ја стекнал

Sase Ivanovski

МВР: Одземени возила користени во „диви“ трки во Куманово

Sase Ivanovski

Левица: Наставниците со пониска плата од просечната

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан

Sase Ivanovski

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Лозово и други две лица за злоупотреба на службена положба

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС тврдеа дека уставните измени се последно барање на Бугарија, сега од таму ги демантираат

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдено оружје, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Златото повторно расте – дали треба веднаш да инвестирате?

Sase Ivanovski

ДУИ: Новата програма за седмо одделение ги исклучува Албанците од учебниците по „Историја и општество“

Sase Ivanovski

Виткоф: Русија би можела да задржи некои од освоените региони во Украина, но не сите

Sase Ivanovski

Раздорот во ВЛЕН го фаворизира ДУИ: Зошто исклучително битен станува Зијадин Села?

Sase Ivanovski

Трамп: Не сум негов обожавател, но не мислам дека Зеленски е виновен за војната

Sase Ivanovski

Од денес може да се вози преку Галичица, заврши зимската забрана

Sase Ivanovski

(Видео) Четири лица загинаа во уривање на жичарница во јужна Италија

Sase Ivanovski

(Видео) МВР го пронајде возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ, известен е јавен обвинител

Sase Ivanovski
Вчитувам....