Малолетник додека чекал автобус на постојка во Аеродром бил нападнат од соученици, стои во дневниот билтен на МВР.
„Вчера во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, малолетник од с.Идризово, скопско, бил физички нападнат од двајца негови соученици и уште еден малолетник“, информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.