Станарите од околу 380 згради во населбите Аеродром и Карпош веќе учествуваат во процесот на селекција и рециклирање на отпад кое го организира социјалното претпријатие „Реди рециклажа“. Управителот на претпријатието Асиб Зекир, во интервју за Утрински брифинг нагласува дека успешноста на претпријатието резултира со поголем број зелени работни места, како и придонес во намалувањето на загадувањето. – Формалните собирачи собираат пластика и хартија која ја транспортираат во базните станици на Реди рециклажа и транспорт во складиштето со кое соработуваме. Многу голем интерес да се вклучат во нашата иницијатива имаат и неформалните собирачи на отпад. Ние планираме да оформиме над 1.500 зелени работни места во еден рециклажен центар, меѓутоа нема да имаме нови вработување се додека не постигнеме самоодржливост, објаснува Зекир. Тој нагласува дека за поголеми инвестиции и проширување на дејноста на претпријатието, неопходни се инвестиции од Зелениот фонд на Министерството за животна средина. – Ние делуваме и на зголемување на свеста кај граѓаните од важноста за селекција на отпадот, како начин да се даде придонес кон зачувување на животната средина.
Ние едноставно не дозволуваме отпадот кој може да се рециклира, да се меша со останатиот отпад До крајот на годината планот на ова социјално претпријатие е да се прошири на територијата на цело Скопје.