Каков е патот да се реализираш како мајка преку донор? Во најновата епизода на „Мамавизија“ нашата гостинка, хероината Викторија Јаначковиќ зборува за нејзиното реализирање како мајка по 40-та година. Јаначковиќ отворено раскажува за тоа како се одлучила свесно да стане самохрана мајка, без партнер и го одбрала патот да забремени преку донор.
– Јас позади себе имам еден брак. За жал, во тој брак не добив дете и многу ми беше криво. По разводот не успеав да запознаам партнер со кој ќе оформам семејство, но во 21 век тоа не е пречка за да станам мајка – вели Јаначковиќ за „Мамавизија“.
Нејзината ќерка, Никита, има две години и Јаначковиќ вели дека кога ќе дојде време ќе ѝ ја каже вистината за нејзиниот татко. – Јас не сакам манипулации, Никита ќе мора да се носи со тоа и да ја знае вистината како дошла на овој свет. Ќе ја подготвам за таа вест кога ќе биде време, таа мора да го прифати тоа, затоа што има ваква мајка. Јас не сакам приказни од типот татко ти е во странство, па да се слушаат приказни дека таа нема татко, умрел татко ѝ итн. – рече Јаначковиќ. Гледајте ја премиерно новата епизода на „Мамавизја“ вечерва во 20 часот на јутјуб-каналот „Слободен печат“. Автор и водител на емисијата е Александра Вуксановиќ.