20.8 C
Скопје
19/04/2025 10:00
МАКТЕЛ

    

Оземпик и апетитот за слабеење: Конзумеризмот создава болест, а фармацијата нуди „решение“

      

Во свет каде храната предизвикува зависност, сè повеќе луѓе се свртуваат кон инјекции како Оземпик – но по која цена? Во ерата на хиперконзумеризам, храната не е само потреба, туку и стока – внимателно дизајнирана да нè направи зависни. Од маснотии и шеќери до засилувачи на вкус и реклами кои ни велат „ти го заслужуваш ова“, секојдневно сме изложени на производи што го зголемуваат апетитот, а ја намалуваат самоконтролата. Современиот начин на исхрана, обликуван од профитот на прехранбената индустрија, води кон масовна појава на гојазност, метаболни нарушувања и хронични болести. И токму кога „системот“ нè прави болни, друг систем нуди „лек“ – често скап, недоволно регулиран и опасен ако се зема без медицински надзор.

Ослабнал 15 килограми за 5 месеци За пет месеци, 43 годишен скопјанец ослабел 15 килограми со користење на лекот Оземпик (семаглутид), кој е наменет за третман на пациенти со недоволно контролиран дијабетес мелитус тип 2. Овој лек може слободно да се купи во некои аптеки, без извештај од специјалист или рецепт, а во тоа се увери и Мета.мк во телефонски разговори со фармацевти. „Не бев на лекар. Имав покачени триглицериди. Почнав да земам од лекот на своја рака. Другар мој ослабе, па решив да купам и јас. Не ми побараа рецепт во аптека. Лекот ме чини 5.200 денари за еден месец. Почнав да се боцкам со доза од 0,25 мг, па после еден месец со 0,5 мг, а потоа почнав со 1 мг. Најмногу се слабее со 1 мг“, раскажува за Мета.мк скопјанецот чиј идентитет е познат на редакцијата. На почетокот чувствувал умор кој траел 10 дена, а гадења и други нус појави немал. „Откако ослабнав, анализата на крвна слика покажува дека ми се намалиле триглицеридите. Целта ми е да ослабам уште 5-6 килограми. Лекот прави да не ми се јаде, а токму количините храна ми беа проблем, не можев да се контролирам колку ќе изедам. Сега, ако нарачам пица ќе изедам само едно парче, повеќе не можам. Немам потреба за благо, газирано, алкохол“, вели скопјанецот.

Извор на фотографија: HualinXMN – Own work, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=133759262

   

Оземпик може да се купи на социјалните мрежи  Оземпик е инјекциски лек кој содржи семаглутид, супстанца што го имитира хормонот GLP-1 (glucagon-like peptide-1). Овој хормон природно се ослободува по оброк и го намалува апетитот преку неколку механизми, вклучувајќи побавно празнење на желудникот што дава чувство на ситост подолго време, делува на мозокот преку кој ја намалува желбата за храна и ја подобрува чувствителноста на телото на инсулин, што помага кај лица со дијабетес. Иако звучи како „магично решение“, влијанието на семаглутидите врз апетитот е толку силно што кај некои луѓе предизвикува гадење, повраќање и други гастроинтестинални тегоби. Тоа е лек – не додаток во исхрана, и има сериозни ризици ако се користи без лекарски надзор. Во една од аптеките со кои контактиравме претставувајќи се како заинтересирани купувачи, ни рекоа дека лекот може да се купи без рецепт или извештај од ендокринолог. Во друга, пак, ни рекоа дека лекот може да се добие само со извештај од специјалист. „Во моментов имаме само од 1 милиграм, цената за едно пенкало е 5.433 денари, со него имате дози за 4 боцкања, а се боцкате еднаш неделно. Но, ви треба извештај од специјалист“, ни рекоа во аптеката.

Но, покрај во аптеките, во некои активни Фејсбук групи најдовме телефонски број на лице кое продава Оземпик. Ако го побарате, ќе ви даде совети како да го земате лекот, а ќе ве информира и за несаканите ефекти на лекот, иако не е лекар по професија. Од колку милиграми ви треба, 0,25, 0,5? Ако почнувате сега, пожелно е да почнете со 0,25, тоа е препорачливо. Цената за едно пенкало е 7.000 денари. Потоа следниот месец можете да продолжите со 0,5, па после тоа, со 1 милиграм. Да знаете, можно е да имате нус појави, гадење, лошење, но тоа е нормално, бидејќи го губите апетитот“, советува продавачот. Докторите предупредуваат дека овој лек не е за секого Ендокринологот д-р Танер Хасан, предупредува дека само пациентите што имаат индикација треба да користат Оземпик, а за да се види дали има индикација, потребно е да се направат прегледи.

„Треба да се испитаат хормоните, да се направи анализа на крвна слика, па врз основа на тоа да се направи проценка. Треба да се види дали треба пациентот да ја менува и исхраната, директно со терапија да не се почнува. Цело време апелирам приватните аптеки да не го продаваат лекот. Лекот не смеат да го користат пациенти кои не го провериле панкреасот, оти ако имал панкреатитис, ако пиел алкохол, употребата може да направи компликации. Пациентите со карцином на тироидна жлезда или ако имаат во семејството некој со карцином на тироидна жлезда, не смеат да го користат лекот. Истото важи и за оние кои имаат проблеми со жолчката не смеат да земаат, Оземпик може да ја воспали“, вели д-р Хасан. Неговиот колега д-р Арџент Муча од Клиниката за ендокринологија, за Мета.мк вели дека лекот исклучиво се препишува на пациенти кои имаат дијагноза дијабетес. „Овој лек се продаваше ‘на црно’ од странски земји, можеше да се купи без извештај или рецепт од лекар специјалист. Ние, ендокринолозите го препишуваме лекот само на пациенти кои имаат дијагноза дијабетес. Бидејќи лекот е скап, не секогаш го препишуваме. Ако некој пациент нема можност да го користи, тогаш одиме со друга терапија, најчесто со онаа која ја има на позитивна листа. Треба внимателно со употребата на Оземпик бидејќи кај пациенти што немаат дијабет, ризикот е хипогликемија. Контраиндикација и за оземпик и за рубелсус (и двата се иста генерика) е хипогликемија“, вели д-р Муча.

Кога лековите како Оземпик или семаглутиди се комбинираат со други терапии кои дополнително го намалуваат шеќерот во крвта, постои ризик нивото на гликоза да падне под безбедната граница, односно ризик од хипогликемија. Тоа може да доведе до симптоми како слабост, вртоглавица, потење, забрзано чукање на срцето, ментална конфузија, па дури и губење на свест. Иако самиот Оземпик ретко предизвикува хипогликемија, ризикот значително се зголемува ако се користи без лекарски надзор или од лица кои немаат дијабет и немаат јасна контрола врз нивото на шеќер во крвта. Затоа е клучно лекот да се зема строго по препорака и под надзор на специјалист. Внимавајте на фалсификувани семаглутиди  Светската здравствена организација (СЗО) лани на 20 јуни, предупреди за медицински производ за фалсификувани семаглутиди, тип на лекови кои се користат за лекување на дијабетес тип 2 и дебелина во некои земји. Предупредувањето се однесува на 3 фалсификувани серии производи од семаглутид класа на лекови (од специфичен бренд Ozempic), кои се откриени во Бразил во октомври 2023 година, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во октомври 2023 година и Соединетите Американски Држави во декември 2023 година.

Тогаш СЗО испрати апел до здравствените работници, регулаторите и јавноста да бидат свесни за овие фалсификувани серии лекови, а пациентите да престанат со секаква употреба на сомнителни лекови и да пријават до релевантните органи. Тогаш и Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД реагираше на злоупотребата на лекот, кој е индициран за третман на возрасни со недоволно контролиран дијабетес мелитус тип 2, како надополнување на исхраната и физичката активност. Оттаму апелираа дека лекот е регистриран исклучиво за третман на возрасни пациенти со дијабет тип II, кој се издава само на лекарски рецепт. „До Агенција за лекови и медицински средства е пристигната и пријава од страна на носителот на одобрение за ставање на лек во промет за лекот Оземпик за фалсификуван лек на територијата на нашата држава. Агенција за лекови и медицински средства сака да Ви укаже на можноста за појава на фалсификат на пазарот и потребата од поголема претпазливост при набавката на лекот“, потенцираа тогаш оттаму. Во Македонија има 140.000 лица со дијабетес Меѓународната федерација за дијабетес (International Diabetes Federation – IDF) проценува дека во 2024 година во Македонија има 141.000 лица со дијабетес на возраст од 20 до 79 години. Од Федерацијата пресметале дека овој број ќе се зголемува и до 2050 година ќе достигне 146.600 лица. Споредено со некои соседни земји, бројката е пониска, но на пример во Словенија, постои тенденција за намалување.

Статистиката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) од 2023 година, покажува дека бројот на заболени со дијабетес во земјава изнесува над 130.000 од кои 56 отсто или речиси 73.000 се жени. Од нив, повеќе од 1200 лица се секојдневно зависни од инсулин. Она што е уште позагрижувачки е што голем дел од лицата кои имаат дијабетес не се ниту свесни за тоа бидејќи не прават проверки. Проценката на ИДФ е дека во Макеоднија има од 40 до 45.000 лица кои имаат дијабетес а не се дијагностицирани. На светско ниво ИДФ проценува дека во моментов има 589 милиони заболени од дијабетес и таа бројка до 2050 година ќе порасне до 853 милиони. Најголем дел од нив живеат во земји со средни или ниски примања, и исто така 90 отсто од нив имаат дијабетес тип 2. Ако се погледнат бројките за гојазноста, бројките се уште попоразителни. Според ИЈЗ, повеќе од 28 отсто од популацијата во земјава пати од гојазност. Кај децата ситуацијата е подрастична отколку кај возрасните, па така повеќе од 30,5 отсто од децата на возраст од 6 до 9 години имаат зголемена телесна тежина.

Вредноста на Новонордиск го надмина БДП-то на Данска Фармацевтската компанија Ново Нордиск (Novo Nordisk), производител на Оземпик, доживеа економски бум во последните неколку години, главно поради глобалната побарувачка на нивните лекови за дијабетес и контрола на телесната тежина – Оземпик и Вегови. Компанијата, со седиште во Данска, стана највредната европска фармацевтска фирма, а нејзината пазарна вредност  во 2024 година ја надмина и економијата на самата Данска. Приходите на Ново Нордиск скокнаа за повеќе од 30 отсто во текот на 2023 година, додека акциите на берзата постојано растеа, што привлече внимание од инвеститори ширум светот. Овој пораст се должи на сè поголемата употреба на лековите и од лица без дијабет, кои ги користат за слабеење, и покрај предупредувањата на здравствените власти. Лек како Оземпик може да спаси животи кај лица со дијабетес. Но, неговата злоупотреба – поттикната од естетскиот притисок и пазарната достапност – отвора простор за здравствени, етички и социјални дилеми. Кога болестите се производ на системот што нè тера да јадеме повеќе, а лекот станува нова стока – треба да се запрашаме: решаваме ли проблем или само го поместуваме? Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

При крај е реконструкцијата на патот Охрид-Свети Наум, треба да се асфалтираат уште пет километри

Sase Ivanovski

Словенечки суд го ослободи поранешниот премиер Јанша од обвиненија за корупција

Sase Ivanovski

Змиско око од Кочани

Sase Ivanovski

Утре и задутре нема да се наплаќа во зоните на „Градски паркинг“

Sase Ivanovski

Извршен увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени

Sase Ivanovski

Продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Sase Ivanovski

Бројот на загинати од американските напади врз Јемен се искачи на 80, соопштија бунтовниците

Sase Ivanovski

САД ќе повлечат стотици војници од Сирија

Sase Ivanovski

Руски напади со дронови врз Харков и Запорожје

Sase Ivanovski

Врховниот суд на САД ја запре депортацијата на обвинети Венецуелци

Sase Ivanovski

Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Велигден

Sase Ivanovski

САД подготвени да ја признаат руската контрола на Крим за прекин на војната во Украина

Sase Ivanovski

Мелони: Италија има намера да достигне два проценти од БДП за воени трошоци

Sase Ivanovski

Покрената постапка против Унгарија: Дали Орбан ќе плати за пречекот на Нетанјаху?

Sase Ivanovski

На граничните премини за излез се чека најмногу половина час

Sase Ivanovski

Денеска во Кочани нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот

Sase Ivanovski

СЕ ЧИНИ КАКО ИДЕАЛЕН ВИКЕНД, АМА ВРЕМЕТО ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ Ќе блесне сонце, но еве каде ќе има дожд

Sase Ivanovski

Пронајдени трите девојчиња кои беа пријавени за исчезнати во Ќерамидница

Sase Ivanovski

Таравари почнува со интензивни разговори за потенцијалниот кандидат за градоначалник на Тетово

Sase Ivanovski

(Фото) Непознати ја искршиле камерата на фризерницата на која се снимени цитроенот и кангуто со Палчо утрото кога ја киднапирале Вања

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во Нови Сад пречекани студентите велосипедисти од Стразбур

Sase Ivanovski

Tрагедија во Хрватска: Во сообраќајка загина поранешен фудбалски репрезентативец

Sase Ivanovski

По локалните избори очекувам да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС, вели Ангелов

Sase Ivanovski

Таравари: Разговарав со Ахмети, но само телефонски

Sase Ivanovski

Автомобил изгоре во струмичкото село Банско

Sase Ivanovski

Нова снимка од атентатот на Фицо: Од реакцијата, до првиот истрел, до затворање на вратата од лимузината

Sase Ivanovski

Вин-Вин – Интервју со министерот за култура Зоран Љутков

Sase Ivanovski

Саботажа сезона 11 бр. 54

Sase Ivanovski

Еден месец подоцна: Кочани живее од што се мора

Sase Ivanovski

Идеалот за остварување на сонот е секогаш присутен – интервју со Влатко Стефановски

Sase Ivanovski

B-1B Bones направи невидено распоредување на оперативната група бомбардери во Јапонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 500-годишната велигденска традиција на Скопио дел Каро во Фиренца, Италија

Sase Ivanovski

По распадот на СССР, кошаркарската репрезентација на Литванија не можеше да си дозволи да учествува на Олимпијадата во 1992 година, па Грејтфул Дед ги финансираше трошоците на тимот и испрати опрема во националните бои на Литванија. Тие ја освоија бронзата на таа Олимпијада

Sase Ivanovski

Позади штитот и репутацијата на лош човек се крие друг Џенаро Гатузо кој е голема људина

Sase Ivanovski

На полувремето од хуманитарниот натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда, легендите на двата клуба истрчаа почесен круг околу теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СКОПЈЕ МИ Е ДОМА – ЃОРЃИ ГАЛЕТАНОВСКИ: За градот, ЗОО Скопје, ноќниот живот, спомените и Скопје во некои други и поинакви времиња

Sase Ivanovski

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГРЦИЈА – ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ДИГИТАЛНАТА РАБОТНА КАРТИЧКА: Нема работа на црно

Sase Ivanovski

НА ВЕЛИКИ ПЕТОК ПОМОШ ЗА НАЈСИРОМАШНИТЕ: Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Отец Оливер поделија пакети со храна

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМАТА ЗАПАДНА БАНКА КОЈА УШТЕ РАБОТИ ВО РУСИЈА ЈА СТОПИРА ПРОДАЖБАТА: Причината е промената на односите меѓу САД и Русија

Sase Ivanovski

ТРАГЕДИЈА: Три лица загинаа вечерва кај Кичево, други итно се префрлаат на скопските клиники

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОЕЊЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА ПРЕД РТС: Студентите ги повикуваат граѓаните заедно да ги поминат празниците

Sase Ivanovski

ОЈО Кочани побара замена на мерката куќен притвор за двајца осомничени од ДПИ по пожарот во клуб „Пулс“

Sase Ivanovski

Скопјанец пријавил дека исчезнале неговите три внуки

Sase Ivanovski

Ексдиректорoт на Пазарна Трајковски, ослободен од куќен притвор: Со добри дела и чиста намера се гради држава

Sase Ivanovski

Таравари за БГНЕС: Уставот мора да се промени, оптимист сум дека ќе се најде решение меѓу Софија и Скопје и да започнеме преговори со ЕУ

Sase Ivanovski

Инспиративната приказна на Дина Дамјановиќ

Sase Ivanovski

Љубљана е проглесена за најдобра дестинација во Европа за пролетно патување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали некогаш сте се запрашале кои се најопасните населби во Загреб – Каде се најчести кражбите и кои места треба да ги избегнувате?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Влатко Стефановски во ексклузивното интервју за Телма, дадено по повод концертите во мај со кои тој ќе одбележи 50 години на сцена

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Архитектката Мила Димитровска: Колку е важно Водно за Скопје и колку го прави уникатен град?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Парите на измамените со лажните пратки од пошта завршиле во виртуелна банка во Хонг Конг

Sase Ivanovski

Аеродромот во Истанбул стана прв во Европа кој покрена истовремени операции на три писти

Sase Ivanovski

МАЈКАТА НА ЗАГИНАТИОТ ТОМАС ВО „ПУЛС“: ЖИВЕЕМЕ ЗА ДА ОДИМЕ НА ГРОБИШТА ДА СИ ПОМУАБЕТИМЕ СО НАШИТЕ ДЕЦА, ПРАВДА МОРА ДА ИМА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ресторан Бигор во Вруток – Најголемата ботаничка градина во изобилство на зеленило и природа придружено со вкусна храна

Sase Ivanovski

Шпанија: Пијана жена без дозвола предизвика несреќа во шпанско одморалиште, двајца загинати, десет повреденипредизвика несреќа во шпанско одморалиште, двајца загинати, десет повредени

Sase Ivanovski

Господ нема да ги заштити од пожар,134 бугарски храмови немаат ПП апарати!

Sase Ivanovski

ТРАМП СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА АНА ИВАНОВИЌ Претседателот на САД е маѓепсан од Србинката, тврди дека е најубавата жена на светот

Sase Ivanovski

ХРВАТСКА ВОВЕДУВА ВОЕН РОК Хрватите имаат две опции, првата е храна, сместување, пари, а другата….

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАСЕТНИ БОМБИ ЈА РАЗНЕСОА СЕКОЈА УЛИЦА ВО ХАРКОВ Еден загинат и 54 повредени во новиот руски напад

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УБИЕЦОТ НА СТУДЕНТИТЕ Е СИН НА ПОЛИЦАЈКА И ГО КОРИСТЕЛ НЕЈЗИНОТО ОРУЖЈЕ Мајката на напаѓачот од Универзитетот во Флорида е заменик на шерифот на округот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО ИТАЛИЈА Има мртви и исчезнати, но тука не е крајот

Sase Ivanovski

ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО УКРАИНА ИЛИ 500% ТАРИФИ И САНКЦИИ Трамп го притиска Путин, му даде 3 дена да одлучи

Sase Ivanovski

Протече мировниот план на САД: Украина губи територии, не може во НАТО …

Sase Ivanovski

Украина прими стотици тела на војници во размена со Русија

Sase Ivanovski

Љутков: Го враќаме брутализмот како архитектура која треба да се одбележи како културно наследство

Sase Ivanovski

Иран ги осуди американските напади врз Јемен како варварски

Sase Ivanovski

Министерство за култура: Вработените ќе ги добијат платите со зголемување на почетокот од следната недела

Sase Ivanovski

Лени Кравиц ги отвори вратите на својот дом во Париз

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Одлична средба со Ал Мухари, заменик извршен директор на инвестициската компанија “Мубадала од Абу Даби

Sase Ivanovski

Муцунски на Средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан

Sase Ivanovski

Падна дрво кај Млечен, оштети три автомобили и скина кабли од бандери

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинците одбиваат голем напад на југот: „Уништивме 29 возила, елиминиравме 140 Руси“

Sase Ivanovski

Легендата на Интер, Горан Пандев… со трофеј 👑🏆📸

Sase Ivanovski

Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет

Sase Ivanovski

Компанијата „Спејс Екс“ на Илон Маск е главен кандидат за изградба на „Златната Купола“ – ракетниот штит на Трамп

Sase Ivanovski

Холандска карикатура од 1903 година го критикува лицемерието на Русија кон Македонија

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп удри по странските студенти и даночниот статус на Харвард

Sase Ivanovski

Контрамитингот на Вучиќ во македонските медиуми: Шаренолики информации за обоената револуција

Sase Ivanovski

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Sase Ivanovski

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

Sase Ivanovski
Вчитувам....