Древниот волк, кој беше голема инспирација за мегапопуларната серија на „HBO – Игра на Тронови“, бил врвен предатор што некогаш талкал низ Северна Америка. Вид на древен волк што исчезнал пред околу 12.500 години повторно живее и шета на планетата како „првото успешно вратено животно на светот чија раса изумрела“, според биотехнолошката компанија „Колосал Биосајенс“ (Colossal Biosciences) со седиште во Далас, пренесува Си-Ен-Ен Научниците од Colossal создадоа три мали волчиња од расата Древен волк (Canis Dirus) или позната како „Dire Wolf“ користејќи древна ДНК, клонирање и технологија за уредување на гени за да ги изменат гените на сив волк — најблискиот жив роднина на праисторискиот древен волк. Резултатот е всушност хибриден вид кој по изглед наликува на својот изумрен претходник.
Древниот волк, кој беше голема инспирација за мегапопуларната серија на „HBO – Игра на Тронови“, бил врвен предатор што некогаш талкал низ Северна Америка. Древните волци биле поголеми од сивите волци и „имале малку поширока глава, густа светла крзнена обвивка и посилна вилица“, изјавија од компанијата. Colossal работат исто така на враќање на познатите животни како мамутот, додото и тасманискиот тигар од 2021 година, но досега јавно не ја објавуваа својата работа на древните волци. „Овој огромен чекор е првиот од многуте примери што доаѓаат, кои демонстрираат дека нашата комплетна технологија за враќање на изумрени видови функционира. Нашиот тим зема ДНК од заб стар 13.000 години и череп стар 72.000 години и создаде здрави младенчиња од страшниот волк.“ посочи Бен Лам, коосновач и извршен директор на Colossal. Трите древни волци живеат на површина од 2.000 хектари на неоткриена локација, опкружена со ограда висока 3 метри од тип „зоолошка градина“, каде што се следат од безбедносен персонал, дронови и камери во живо. Colossal соопшти дека објектот е сертифициран од Американското хумано друштво и регистриран во Министерството за земјоделство на САД. Извор: Новинска агенција МЕТА