На денешната средба во Влада, Сојузот на синдикати на Македонија требаше да настапи со предлози за зачувување на работните места под налетот на рецесијата која се заканува да ѝ нанесе тежок удар на македонската економија. Наместо ова, тие се фокусирале на притисоци за зголемување на платите како да ќе нема утре. Доаѓа време кога сите треба трезвено да настапуваме. Износот на минимална плата во однос на просечната во Република Македонија, кој во моментов изнесува 59%, како сооднос е меѓу највисоките во светот. Тој е далеку изнад препораките на Меѓународната организација на трудот (40% сооднос минимална/просечна плата) и на Европската комисија (50%).
(НЕ)ОДГОВОРНИ СИНДИКАТИ
На денешната средба во Влада, Сојузот на синдикати на Македонија требаше да настапи со предлози за зачувување на работните места под налетот на рецесијата која се заканува да ѝ нанесе тежок удар на македонската економија.
Наместо ова, тие се фокусирале… pic.twitter.com/NWyLKgw14s
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) April 9, 2025