Земјите членки на Европска Унија гласаа за воведување царини за некои производи од САД, се потврдува во соопштението на Европската комисија. Новите царини ќе стапат во сила од 15 април. ЕУ ги смета американските царини за неоправдани и штетни предизвикувајќи економска штета на двете страни, како и на глобалната економија. ЕУ јасно стави до знаење дека претпочита преговори со САД кои би резултирале со избалансирани и заемно корисни решенија“, се наведува во соопштението.
ЕУ се соочува со американски царини од 25 отсто за челик, алуминиум и автомобили, како и нови пошироки царини од 20 отсто за речиси сите други производи.Денеска дополнителни царини кон САД најави Кина. Пекинг сега ќе го оданочува американскиот увоз со стапка од 84 отсто, што е зголемување од 50 отсто во однос на претходните кинески царини.