Македонската женска ракометна репрезентација вечерва претрпе пораз од четири разлика на гостувањето во Полска во баражот за пласман на Светското првенство 22-18. Со оглед на тоа како се одвиваше натпреварот Македонија може да биде задоволна од овој пораз кој ни остава простор да се надеваме дека во Битола во реваншот можеме да ја надополниме негатива. Македонија парираше некаде до средината на првиот дел кога Полска започна да се „одлепува“. Со неколку серии од по 2-3 гола Полска успеа да обезбеди водсво на паузаа од 14-8. Како што започна првиот дел така продолжи и вториот, па Полска дојде до предност и од десет гола разлика (21-11).
Тогаш изгледаше дека за Македонија ќе нема надеж во двомечот, но во финишот дојде до неверојатен пад во играта на домашната селекција. Цели десет минути Полска не постигна гол и Македонија со серија од 5-0 успеа да се доближи на четири гола негатива кои ќе ги „бркаме“ во Битола. Најефикасна кај нас беше Сара Ристовска со осум гола, а по два постигнаа Гакидова, Коларовска и Дамјановска. Реваншот е закажан за в сабота од 19:00 часот.