Здравата орална хигиена е клучна за добро општо здравје, но за децата со специјални потреби тоа може да претставува предизвик. Д-р Александра Матева, специјалист по орална хирургија од тимот на Центарот за стоматологија, споделува корисни совети за родителите како да ја воспостават навиката за орална хигиена кај децата со физички или психички попречености.
“За деца со специјални потреби, се препорачува користење на флуоридни пасти и течности во многу мали количини (паста колку зрно ориз) ако детето не може да исплакне и плукне. Родителите треба да внимаваат и на внесот на шеќери и фрекфенцијата на хранење. По секое јадење, ако не можат да ги исчеткаат забите, треба да даваат вода за да го отстранат остатокот од храната. Непцата често се воспалени, па се советува користење на гелови со природни антисептични и смирувачки ефекти. ” – ни споделува Д-р Матева.

