Во странство, во моментот се хоспитализирани 55 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.
Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“, по еден пациент на Клиника за токсикологија, на Клиника за детска хирургија, на Клиника за пулмологија и во ГОБ 8 Септември, како и двајца пациенти во приватната болница Систина. Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација