Словенија останува силен поддржувач на Македонија на нејзиниот евроинтеграциски пат, истакна на денешната заедничка прес-конференција претседателката на Државниот збор на Република Словенија Уршка Клакочар Зупанчич по средбата со претседателот на македонското Собрание Африм Гаши. Клакочар Зупанчич нагласи дека на средбата со претседателот Гаши ги потврдиле одличните односи помеѓу нашите држави кои ги бележи пред се пријателство и взаемна солидарност. „Државите се многу блиски партнери, а соработката базирана на заеднички вредности и заедничко партнерство. Словенија беше и останува силен поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот евроатлански пат и ги поттикнува иницијативите за остварување на соодветно економско подрачје, една соодветна праведна законодавна рамка, бидејќи тоа се два клучни елементи на нашата соработка. Убедена сум дека тоа ќе биде сега истакнато на нашите средби во рамки на програмата на оваа посета. Верувам дека ќе најдеме дополнителни можности за продлабочување на соработката меѓу државите“, рече Клакочар Зупанчич.
Претседателката на Државниот збор на Република Словенија потенцира дека е поборник на се поголемото значење на парламентарната демократија и убедена е дека редовните средби меѓу парламентите ги поттикнуваат и ги развиваат односите. Гаши изрази благодарност до Словенија, која, како што рече, е непоколеблив поддржувач на нашите аспирации за интеграција во ЕУ.
View this post on Instagram