ВАНДАЛИЗИРАНА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО БУТЕЛ 1. МВР веќе има лоцирано осомничени лица, за многу скоро очекувам остра и брза акција. Одговорност и кривични пријави согласно закон.
Направена е голема штета во новата граника во Бутел 1, истата е во план да се пушти во употреба во месец септември 2025 година. Особено е осетливо тоа што станува збор за детска градинка, таму каде што треба да бидат згрижени нашите најмили.
Општина Бутел доживува ренесансен период, се гради како никогаш до сега ! Од таму АПЕЛИРАМ, не да уништуваме, туку напротив, да го чуваме тоа што го градиме макотрпно со нашите заеднички пари. Искрено се надевам дека позади овој случај нема политика ! Во Општина Бутел се градат две нови детски градинки, нешто што не се случило никогаш во толку кус период. Линк од фб објава на Дарко Костовски:
https://www.facebook.com/share/p/16S66oNzTk/?mibextid=wwXIfr
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ