Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 км/ч), соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 0 до 7, а максималната 15 до 23 Целзиусови степени, прогнозираат синоптичарите.