МАКТЕЛ

    

„Смедеревка“ медиуми, од Мрзенци

      

Почитувани новинари и уредници, сите сте ми драги, но подрага ми е вистината. Кога споредувате номинални износи, треба тие да бидат од иста категорија. Така, во случајов, износот на минималната плата во Македонија што се користи во јавноста треба да се спореди со нето износот во соседна Бугарија, кој во моментов е 427 евра, а не 551 евро (ова е износ со вклучен персонален данок и придонеси за социјално осигурување). Не поминаа десетина дена откако повеќето домашни медиуми наседнаа на првоаприлската шега дека, наводно, француски производители на вино од некојси газда Ѓоко од Мрзенци купувале вино од сортата „Смедеревка“, на што на францускиот пазар го продавале по 100 пати повисока цена. Фантастична маржа од 10.000%!

Никој не ја беше проверил веста што ја објави српскиот портал „Вино и Фино“ дали воопшто постои тој Ѓоко од Мрзенци, за да го искараат зошто дозволува, што би рекол претседателот Трамп, Французите да ја „соголуваат“ Македонија, слично како што се зборуваше дека во рамките на поранешната СФРЈ „паметните Словенци“ нè соголувале купувајќи евтино наше вино во цистерни, за подоцна да го продаваат по повеќекратно повисока цена во шишиња. Или можеби помислиле дека портал чиешто име потсетува на „Храна и вино“ мора да ја зборува вистината. Значи, по само десетина дена, повторно „самоубиство од заседа“! Цела дузина електронски портали, од кои некои имаат и печатени дневни изданија, објавија дека, ќе цитирам еден од нив: „Минималната плата во Македонија, која од март изнесува 24.379 денари или околу 396 евра, е за 155 евра пониска дури и од најниската минимална плата во Европската Унија – онаа во Бугарија, каде работниците добиваат 551 евро месечно.

Објавите се темелат на соопштение на Евростат, статистичка база на Европската Унија, за висината на минималната плата што се исплаќа во 22 од 27 земји членки на ЕУ од почетокот на 2025 година. Пет земји членки на ЕУ немаат со закон пропишана минимална плата. Во спомнатото соопштение од само неколку страници убаво стои дека податоците се однесуваат на месечен износ на минимална БРУТО плата. Свесно или несвесно, а ова се повторува со години, при споредба на износот на минимална плата во нашата земја со други земји, износот на минимална плата во НЕТО износ се споредува со износот во БРУТО износ кај другите. Се сеќавате дека пред неколку години истите овие медиуми се подбиваа со лапсусот на еден поранешен министер за финансии во владата на Република Македонија кој, иако статистичар по вокација, дури откако станал министер ја разбрал разликата бруто-нето, која, колку што се сеќавам, се однесуваше на прибраниот ДДВ во државната каса.

   

Сега е ред да појасниме за што станува збор. Прво, манипулацијата, како што реков, свесна или несвесна, сеедно, се користи за познатиот синдром „удирање од земја“ дека кај нас работите не чинат, а кај другите, особено кај соседите, тече мед и млеко. Второ, постојано се потхранува наративот дека платите треба постојано да растат, без разлика на состојбата во економијата, продуктивноста и можностите на фирмите и на државниот буџет. Па безбели и новинарите се работници (медиумски) кои живеат од плата, па ако му се помогне на ССМ во борбата за повисоки плати, корист би имале и тие самите. Почитувани новинари и уредници, сите сте ми драги, но подрага ми е вистината. Кога споредувате номинални износи, треба тие да бидат од иста категорија. Така, во случајов, износот на минималната плата во Македонија што се користи во јавноста треба да се спореди со нето износот во соседна Бугарија, кој во моментов е 427 евра, а не 551 евро (ова е износ со вклучен персонален данок и придонеси за социјално осигурување).

Произлегува дека минималната плата во Бугарија во моментов е за околу триесетина евра, или за 7,8% повисока во споредба со нашата минимална плата. Минатата година Бугарија се најде под притисок на ЕУ која со директива побара од земјите членки износот на минимална плата да го зголемат до ниво од 50% од просечната плата во односната земја. Со најновото зголемување, износот на минималната плата во однос на просечната кај нас достигна 59% и како таков е меѓу највисоките соодноси во светот! Понатаму, не е на одмет да се потсетиме дека Бугарија има за 50% повисок БДП по глава на жител од Македонија. Но, тоа не е сè! Евростат во соопштението за минималната плата во земјите членки укажува дека номиналните износи не се вистинско мерило за разликите во животниот стандард. Тие разлики се намалуваат доколку се води сметка за куповната моќ на парите, или она што ние економистите го нарекуваме „паритет на куповни сили“.

Ова се должи на фактот што нивото на цени во помалку развиените земји е пониско од тоа во развиените. На друго место имам спомнато, а тоа го тврдам и во оваа прилика, дека мерено според куповната моќ на парите, минималната плата во Македонија е повисока од таа во Бугарија, која во случајов ја користиме за споредба. Не мислам дека и со оваа интервенција ќе ги убедам сите медиуми кои не ја разбрале разликата меѓу бруто и нето дека не треба да споредуваат „баби и жаби“. Но, и оваа Сизифовска работа, за разлика од најголемиот број колеги економисти, ја разбирам како професионална должност. А на медиумите заради кои е напишан овој текст, би им порачал да не бидат ниту „смедеревка“, но ниту „жилавка“ медиуми, кои постојано ќе наседнуваат на лажни вести и жилаво ќе пласираат невистини.

  

Најново

К-15 и пријателите – Епизода 4

Sase Ivanovski

Кина престана да извезува ретки минерали за сите, не само за САД, зачувувајќи ги критичните материјали за технологијата, автомобилите, воздушната и одбраната

Sase Ivanovski

Карвил: Трамп „го прекрши кардиналното правило во американската политика“

Sase Ivanovski

ЗА ИЛИ ПРОТИВ – ГОСТИН: МИХАЈЛО МАНЕВСКИ

Sase Ivanovski

Трамп повикува на депортирање на некои граѓани во Ел Салвадор, тестирајќи го американскиот закон

Sase Ivanovski

Лекарите пронајдоа нешто застрашувачко во мозокот на оние кои пијат алкохол…

Sase Ivanovski

Факултетот за архитектура и урбанизам (FAU-USP) на Универзитетот во Сао Паоло, дизајниран од Жоао Виланова Артигас и Карлос Каскалди, ги отелотворува храбрите принципи на Паулиста школата, завршена во 1968 година…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дефиниција за трпение…

Sase Ivanovski

Во 1998 година, нигерискиот измамник Емануел Нвуд направи една од најхрабрите измами во историјата – тој продаде непостоечки аеродром на бразилска банка за неверојатни 242 милиони долари

Sase Ivanovski

Лирим Дулови: Обвинител во заштита на системот на смртта

Sase Ivanovski

Цветковиќ: Министерството за образование не го води ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту министерката Јаневска

Sase Ivanovski

Канадскиот прстен во Лар, Германија, изграден во 1962 година, е пример за модернистичкиот архитектонски стил

Sase Ivanovski

Македончиште, Александар Волкановски после победата прославува со неговиот татко Тоде Волкановски родум од Беранци Битола Македонија

Sase Ivanovski

Демант на Градоначалникот Трајковски- политичка инсинуација е дека ми е пронајдено и одземено оружје

Sase Ivanovski

Првата буква од генетскиот код беше пробиена на 27 мај 1961 година околу три часот по полноќ од Маршал Ниренберг (на сликата) и Хајнрих Матаи – неговиот пост-докторски колега – во Националниот институт за здравје

Sase Ivanovski

Костова: Гледаме селективна истрага за Кочани, каде е одговорноста на функционерите во МВР?

Sase Ivanovski

Бугарија чека одговор од Македонија за тунелот од Коридорот 8

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Ја посетивме „Џамија Шеик Зајед“ во Абу Даби која е направена од прилепски мермер

Sase Ivanovski

Улично куче изгриза дете на плоштадот во Битола, има повреди на челото

Sase Ivanovski

Бугарија ќе ја зајакне армијата со првите 33 возила „Страјкер“ што ќе пристигнат годинава

Sase Ivanovski

Трамп: Путин, Бајден и Зеленски се виновни за војната во Украина

Sase Ivanovski

Јавно промовирани кандидатите за програмскиот совет на МРТВ

Sase Ivanovski

Минибус со патници падна во Дунав по судир со друг автомобил во Романија, во тек е спасувачка операција

Sase Ivanovski

Судот го прифати супервештачењето за случајот Веапоска, ќе се презентира извештајот на 16 мај

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИНИБУС СО ПАТНИЦИ ПАДНА ВО ДУНАВ Први снимки од страшната несреќа во Романија

Sase Ivanovski

УНГАРСКО „НЕ“ ЗА ОБУКА НА ВОЈНИЦИ НА ЕУ ВО УКРАИНА Будимпешта спрема нова сопка за Брисел

Sase Ivanovski

ТРАМП ДА ДОЈДЕ ДА ВИДИ ШТО ПРАВИ ПУТИН Зеленски сака посета пред да падне договор меѓу Русија и САД

Sase Ivanovski

ПРОТЕРУВАЊЕТО НА ХРВАТИТЕ ОД СРБИЈА МОРА ДА ПРЕСТАНЕ Пленковиќ го обвини Белград за организирам систем, не за случајност

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ ГО ПОКАНИ ШЕИКОТ МУХАМЕД БИН ЗАЈЕД АЛ-НАХЈАН ВО МАКЕДОНИЈА Силна дипломатска офанзива за блиски односи со ОАЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Возач јури со автомобил на велосипедска патека на мостот „Гоце Делчев“

Sase Ivanovski

Шабан Салиу заврши во притвор – за другите звучни имиња од истрагата во Кочани куќен притвор или мерки за претпазливост

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ужас во Русија: Мајка уби три деца со секира, најмладата жртва имала само седум месеци

Sase Ivanovski

Комисија за стручен надзор ќе го разгледува случајот со смртта на пациентот Ангелковски на Кардиохирургија

Sase Ivanovski

„Размисли двапати, нацисту“ – Медведев со остра порака до германскиот канцелар Мерц

Sase Ivanovski

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: „Срцето е дома“ само ако домот е на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Цената на златото паѓа од рекордно високото ниво, но останува над 3.200 долари за унца

Sase Ivanovski

Предлог измени на Закон за медиуми, двајца вработени во големите портали, еден вработен и еден хонорарец во малите

Sase Ivanovski

Тетовец нападнал две лица кои му укажувале лекарска помош во болница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Струшкиот градоначалник Мерко го прослави 68-от роденден

Sase Ivanovski

Мицкоски: Очекувам плодни и успешни средби коишто ќе значат зајакнување на економската соработка помеѓу двете држави

Sase Ivanovski

Угина јагуарот од скопската Зоолошка градина по тешка борба со метастазиран канцер и тумори на повеќе органи

Sase Ivanovski

Тимот на Трамп се обидува да прикаже самодоверба и смиреност по неговите царински потези кои ги вознемирија пазарите

Sase Ivanovski

По законските измени, во тек е нов повик за субвенциониран студентски оброк

Sase Ivanovski

Анализа: „Колку и од каде купуваат Македонците онлајн од странство, а од каде најмногу купуваат од домашните е-трговци?“

Sase Ivanovski

Академската година изминува, ваучерите за електронски уреди за студентите уште се најавуваат

Sase Ivanovski

Почина перуанскиот новелист и нобеловец Марио Варгас Љоса

Sase Ivanovski

„Здрава Котлина“ го тужи градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов

Sase Ivanovski

Светскиот ден на уметноста ќе се одбележи со настанот „Центарски улици 3“ утре на Улица Македонија

Sase Ivanovski

Венко Крстевски избран за в.д. градоначалник на Кочани

Sase Ivanovski

Уапсен 91-годишник кој пукал со оружје во Тетово

Sase Ivanovski

Ќе се избира нов судија за Судот во Стразбур, наследник на „баџанакот“ Јован Илиевски

Sase Ivanovski

Таравари: Утре ќе се донесе одлука, или продолжуваме со ВЛЕН или одиме сами на локалните избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сведоштво од „Пулс“: Лежев затрупан под тела, успеав да ја извадам раката за да ме извлечат

Sase Ivanovski

Експерти од Англија и наши доктори подготвуваат протокол за проценка на клиничката слика на повредените од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Советот на Кочани го избра Венко Крстевски за в.д. градоначалник

Sase Ivanovski

СДСМ: Една од омилените фирми на ВМРО-ДПМНЕ добила тендер за изградба на пазарот во Неготино со петпати повисоки цени од реалните

Sase Ivanovski

ФАКТИ, СОМНЕЖИ И НЕВИСТИНИ

Sase Ivanovski

„Каде најмногу купуваат онлајн Македонците во странство, а од каде најмногу се купува од домашните е-трговци?“

Sase Ivanovski

Влада на РСМ: Продолжуваме со интензивна поддршка на земјоделскиот сектор-грантови од 10.000 евра за младите земјоделци

Sase Ivanovski

Премиерот Мицкоски на работна посета во Обединетите Арапски Емирати

Sase Ivanovski

СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо Клинички центар изгради полигон за семејни тендери, корупција и скандали

Sase Ivanovski

Најдобрите млади иноватори го освоија Машинскиот факултет со своите идеи

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Повисоки плати за сите вработени во образованието за 12 проценти, во еден мандат зголемување ќе има од 46% до 60 % со цел модерно и квалитетно образование

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го блокираше проектот за нов Клинички центар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вечерва во 360°: Ние сме опозиција на владата на ВМРО-ДПМНЕ, не на државата – интервју со потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова

Sase Ivanovski

Апостолоски: Се вложува во унапредување на содржините кои ги нуди СЦ Борис Трајковски, младите имаат квалитетен спортски центар

Sase Ivanovski

ПАЛЕВСКИ ЗАМИНАЛ ЗА ТУРЦИЈА ЗА ДА ДОКАЖЕ ДЕКА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НЕ ГО УБИЛА ТУРСКА ВОЈСКА, ТУКУ ВРХОВИСТИ Заминал на пат за да се одмори од состаноци

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ БРАНИ ЛИ СО ДЕМИР КАПИЈА, МЕСТЕНКИ И СО СЛАБИ ДОКАЗИ? Палевски ќе дава исказ пред Судот

Sase Ivanovski

ЌЕ НЀ ПОСИПАТ ДОЖД, ПУСТИНСКА ПРАШИНА И ПЕСОК Следува недела на многу променливо време

Sase Ivanovski

Објавена „Час по незадолжителна лектира“ од Мојсова-Чепишевска – прва книга за македонскиот роман во 21. век

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС сонува лоши сонови, наместо да ги прераскажуваат истите, нека се информираат за истрагата за случајот Кочани

Sase Ivanovski

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ЌЕ ГИ ЗАТВОРИ АЕРОДРОМИТЕ ПОРАДИ ДОЛГ? Кризата може да го загрози меѓународниот авиосообраќај

Sase Ivanovski

СООПШТЕНИЕ ЗА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ КОИ НЕ ГИ ИСПОЛНИЛЕ ОБВРСКИТЕ КОН ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА ЗА РЕДОВНО ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА 2024 ГОДИНА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАЈГОЛЕМИОТ ПОДВОДЕН ТУНЕЛ ВО СВЕТОТ ЌЕ ИМА И КРУЖНИ ТЕКОВИ Норвежаните знаат како да ги исечат карпестите фјордови

Sase Ivanovski

Продолжува неизвесноста за рудниците во Струмичко: Ќе се отворат или ќе платиме стотици милиони долари отштета?!

Sase Ivanovski

Во српското Собрание пристигна предлогот за состав на новата Влада

Sase Ivanovski

Азески: Образованието почна да зборува со јазикот на бизнисот, одливот на мозоци мора да престане, а извозот да загосподари

Sase Ivanovski

ПРИСТИГНА ПРВИОТ AI-ТУТОР ОД МАКЕДОНИЈА Умниверзум ќе им помага на учениците со математичките потешкотии

Sase Ivanovski

На делницата Требеништа-Струга-Ќафасан не се работи ништо, а треба да се изгради до 2027 година

Sase Ivanovski
Вчитувам....