Српскиот кошаркар Никола Јокиќ изминатата вечер стигна до својот 34. трипл-дабл во сезоната и беше најзаслужен за победата на Денвер над Мемфис со која тимот од Колорадо дојде на чекор од директно место во плеј-офот. Денвер славеше победа до 117-109 и така се задржа на петтот место на Западот со поебда поеќе од Минесота и Голден Стејт. За дефинитивно да остане тука потребен му е триумф утре против Хјустон.
Одново најдобар на теренот беше Јокиќ кој средбата ја заврши со 26 поени, 16 скока и 13 асистенции. Со ваквиот настап Јокиќ дојде до трипл-дабл просек во регуларниот дел од сезоната и стана прв центар во историјата на НБА на кој му успеало вакво нешто и само трет од сите играчи, претходно тоа им успеа само на Расел Вестбрук и Оскар Робертсон. Јокиќ имаше голема помош и од Ерон Гордон кој поентерски беше најефикасен и мечот го заврши со 33 поени. Во редовите на Мемфи Дезмонд Бејн постигна 24 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Милвоки 119-125
Индијана – Орландо 115-129
Филаделфија – Атланта 110-124
Бостон – Шарлот 130-94
Њујорк – Кливленд – 102-108
Чикаго – Вашингтон 119-89
Њу Орлеанс – Мајами 104-153
Далас – Торонто 124-102
Денвер – Мемфис 117-109
Минесота – Бруклин 117-91
Јута – Оклахома 111-145
Феникс – Сан Антонио 117-98
Портланд – Голден Стејт 86-103
Сакраменто – ЛА Клиперс 100-101
ЛА Лејкерс – Хјустон 140-109