Градоначалникот на СДС во Центар, Горан Герасимовски, повторно се обидува со празна реторика да го прикрие целосниот неуспех во водењето на општината. Наместо проекти, жителите добиваат флоскули. Наместо инфраструктура, добиваат настани и објави. Наместо подобар живот – добиваат политичка хипокризија. Центар, некогаш општина за респект и пример, во времето на Герасимовски се претвора во запуштено маало, во кое секоја слободна површина станува плен на урбаната мафија, чии пипци се протегаат до самите кабинети на општината. Додека Герасиновски зборува за „хумана заедница“, на дело се одвива систематска бетонизација на градот, зад која се кријат нечии апетити – не апетити за хуманост, туку за квадратни метри и провизии.
Граѓаните на Центар не бараат „манифестации на хуманост“, тие бараат функционални улици, осветлени пешачки патеки, нови градинки, повеќе зеленило и крај на урбаното уништување. Но, од сето тоа ништо нема. Герасимовски е градоначалник кој ветуваше подземни катни гаражи, нови јавни простори, реконструкции и инвестиции, но денес можеме да сведочиме само на недовршени проекти, празни зборови и политички маркетинг. Ова е суштината на политиката на СДС: да зборуваат за емоции кога немаат резултати, да зборуваат за хуманост кога ја уништуваат урбаната хуманост, и да зборуваат за заедница – додека самите стануваат странци во очите на граѓаните. Центар заслужува општина што работи, а не градоначалник што се крие зад празни фрази и урбан мафијашки мрежи.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ