Во текот на вчерашниот ден полициски службеници во соработка со претставници од Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување извршиле контрола на угостителски објект во Свети Николе при кој биле откриени низа неправилности.
-При што биле констатирани низа неправилности: неисполнување минимално технички услови за работа, непријавени вработени, непоседување на проценка, план, правилник и елаборат за заштита од пожари, немање систем за детекција за дојава од пожари, немање план за евакуација, немање хидранти и доволен број на ПП апарати согласно и друго- информираат од МВР. Исто така, било констатирано дека објектот е и дивоградба односно нема градежна дозвола и се наоѓа на земјоделско земјиште, по што на сопственикот му е издадено решение за забрана за користење на објектот. На сопственикот му е издадено решение за забрана користење на објектот.