10.8 C
Скопје
14/04/2025 05:35
МАКТЕЛ

    

Коцкање со судбината?!

      

Мерсел Биљали

Султанот Сулејман му напишал писмо на својот полубрат, шејх Јахја, во кое го прашал: “Брате мој, си стекнал многу знаење и открил многу тајни, па сакам да ми кажеш – зошто пропаѓаат државите?! И што ќе биде со државата на синовите на Осман? Дали и таа ќе пропадне еден ден?” Шејхот Јахја кратко одговорил: „Султане мој, тоа не ме интересира“! Султанот, зачуден од одговорот на својот полубрат, станал со својата придружба и се упатил кон текето на Шеик Јахја во Бешикташ. Уште еднаш го повтори своето прашање и вознемирено барал одговор и совет.

   

Султане мој, нели ти напишав одговор? Ако во една земја се прошири суровост, арамилак и неправда, а сите кажат: „Тоа не ме интересира!“, таа земја ќе пропадне. Пропаѓа земја во која овците ги јадат самите овчари, а не волци. Во земја каде што трезорот незаконски се троши и постепено се празни, се губи довербата и почитта кон државата. Чувството на покорност и лојалност слабее, а чувството на почит исчезнува. Во таква ситуација државата стагнира и е осудена на пропаст! Додека бројни земји зборуваат за пропаст, Кина го изненадува светот. Испрати ракета до темната страна на Месечината, потоа успешно стаса до Марс, а истовремено изгради неколку вештачки острови на спорните гребени во Јужното Кинеско Море. А сега и нуди спас на Европската унија!

Фантастичниот развој на Кина е без преседан. Всушност, во четирите последни децении од почетокот на реформите на Денг Ксијаопинг во услови на голема сиромаштија, таа држава сега го има зголемено животен стандард на своите луѓе за повеќе од 14 пати! Интересно што, тројца реномирани експерти – Џон Миршајмер, Алфред Мекој и Бери Бузан – нагласуваат дека брзиот економски раст на Кина наскоро ќе го урива приматот на САД во светот, а со тоа и на „Pax Americana“. Дури и во текот на 2021 година кога светот ептен стагнираше поради Ковидот, статистиката вели дека бруто домашниот производ (БДП) на Кина порасна за цели 8,1 отсто!

Интересно што секоја година експерти предвидувале големи проблеми за кинеската економија, но таа секогаш изненадувала позитивно. Дури во 2001 година, познатиот економист Гордон Чанг напиша книга со наслов „Падот на Кина“, во која тој тврдеше дека скриените, тешко отплатливи заеми на Кина ќе ги уриват темелите на кинеската економија во рок од пет години. Кога тоа не се случи, тој предвиде нов кинески економски колапс за во 2011 година, потоа за 2012 година, па дури и за 2016 и 2017 година. Конечно, неговиот кредибилитет целосно пропадна. Сега веќе сериозните економисти не се занимаваат со тоа која година кинеската економија ќе пропадне, туку кога таа ќе стане водечка светска економија! Бројни анализи велат дека тоа ќе се случи по 2028 година.

Ништо на светската економија и геополитика не е трајно. Во економијата и геополитиката важи правилото – трајно е само тоа дека ништо не е трајно. Геополитиката е речиси жив организам: таа се развива, се прилагодува и мутира во контекст на промените во односите на моќта. Типично тоа го гледаме во моментов. Сега дефинитивно е започната екстремна ера на поларизација меѓу САД и Кина, додека Русија станува земја од втора категорија. Глобалната пандемија „Ковид-19“ и руската инвазија на Украина многу што променија во светот. Русија веќе три години е заглавена во калта на Украина и веќе е падната на втора лига. Украинската војна го роди вториот Трамп како доказ дека и на овај свет има пекол. Сега имаме сосема нов уплашен свет со сосема нови правила на играта. Сега е сосема јасно дека 21 век нè враќа на класичниот геополитички реализам засновуван врз сила. Оттука, ООН, и бројни други меѓународни организации, вклучително и ММФ, СБ, СТО (Светската Трговска Организација), се во своевиден колапс.

Администрацијата на Трамп продолжува да работи на минирање на односите меѓу Русија и Кина. Но, изгледа Путин многу се плаши од непредвидливоста на Трамп. Русите иако признаваат дека сè уште има одредени проблеми со Кина, пред сè во сферата на трговијата и во контекст на секундарните американски санкции, сепак стратешките односи намеѓу Русија со Кина се нераскинливи. А САД, блискоста меѓу Пекинг и Москва ја смета за закана за својата национална безбедност. Политиката на руската стратешка поставеност кон Кина првпат ја смислил познатиот руски стратег Сергеј Караганов пред 21 година. На почетокот на 21 век, тој професионално живеел и работел во Вашингтон и често учествувал на експертски форуми, го посетувал Стејт департментот и разговарал со клучни американски аналитичари и геополитичари од тоа време. Тој сфати тогаш, дека секој обид за зближување на Русија со САД е рамно на сизифова мака. Количината на нетолеранција меѓу овие две нации акумулирано низ декади од студената војна, е силна пречка кон таквиот посакуван сојуз.

Караганов ги советува и балтичките соседи (Естонија, Латвија и Литванија): „Би им рекол на нашите балтички соседи, дека најдобриот начин да се увериме дека имаат добри намери кон Русија е да не се воинствени. Нам не ни треба повеќе земја“. Русија има цел ненаселен Сибир колку 12 Украини, што е голем предизвик за Кинезите во иднина! На прашањето дали мисли дека политиките на Трамп сега се во согласност со руските или европските интереси, Караганов одговори: „Мислам дека г-дин Трамп има американски интереси во срцето. Тој разбра дека ако Америка продолжи да учествува во овој конфликт, или ќе заврши во морална катастрофа како во Авганистан, или ќе бидеме сведоци на нуклеарна војна.

ЕУ како напуштена љубовница!

Новиот светски геополитички триаголник (САД, Кина, Русија), ЕУ ја гура дури во трета лига. Барем геополитички. Нејзе ја прави нервозна загубата прволигашка позиција и исклучувањето од досегашната „голема игра“. Всушност, таа тешко го доживува губењето на својата вековна глобална доминација на светот и тоа разбирливо е болно. Тука по своја логика спаѓа и Велика Британија. Губењето на можноста да се учествува во донесувањето клучни светски одлуки од глобален карактер, дури и оние во својата близина (Украина, Иран, Блискиот Исток), Европа ја прави целосно фрустрирана. Сега ќе треба да кимнат со главата на сето тоа што доаѓа од Вашингтон и тогаш кога не им се допаѓа. Сето ова силно ги фрустрира клучните европски метрополи до тој степен што тие сега почнуваат сами да прават потези од веројатно ризична природа – целосно надвор од нивните капацитети, што може да има далекосежни последици за самата ЕУ. Бројни аналитичари велат дека ЕУ и Велика Британија сега се однесуваат како напуштена љубовница.

Деновиве, кинескиот премиер Ли Кианг телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, повикувајќи ги двете страни да одржат слободна и отворена трговија. Истакнувајќи дека и Кина и ЕУ се застапници на економската глобализација и трговската либерализација, како и непоколебливи бранители и поддржувачи на Светската трговска организација (СТО). Тој истакна дека двете страни треба да ја зајакнат комуникацијата и координацијата, да ја прошират меѓусебната отвореност, да ја заштитат слободната и отворена трговија и инвестиции, да ја задржат стабилноста и непречениот проток на глобалните индустриски синџири на снабдување, што ќе придонесе за поголема стабилност и развој за двете страни, но и на светската економија.

Апелот од Пекинг потполно и одговара на ЕУ, по американското скоро неселективно воведување царини за сите трговски партнери (иако одложени), што е типичен чин на државен егоизам, унилатерализам и протекционизам. Претходно Фон дер Лајен рече дека ЕУ отсекогаш им придавала големо значење на односите со Кина. „Клучно е Европа и Кина да го задржат континуитетот и стабилноста во сегашната ситуација“, рече таа. Сè на сè, на Европејците Трамп им зеде пазар од 150 милиони Руси, а им подари 1,5 милијарди Кинези! Германскиот весник „Handelsblatt“ објави дека преговорите веќе се започнати. Комесарот на ЕУ за трговија, Марош Шефчовик, вeќе во неколку наврати разговарал со кинескиот министер за трговија, Ванг Вентао. Нa ова линија се мнозинството членки на Светската трговска организација, кои се реално најпогодени во моментот. Бројни експерти се на мнение дека вакви американски тарифи може да предизвикаат хуманитарна криза во светот. Авантурата на Трамп со царинити (кои моментално се во пауза, освен со Кина), може сериозно да влијае на веќе влошеното расположение на потрошувачите, а и банките на Волстрит веќе ги зголемија предвидувањата за глобална рецесија оваа година.

Што со Западен Балкан?

Американските царини наметнати на државите од Западен Балкан се асиметрични согласно нивниот извоз во САД. Повисоки царини се воведоа за Србија 37%, за БиХ 35%, за Северна Мкедонија 33%, а за Албанија, Црна Гора и Косово 10%, оти овие држави имале слаб извоз во САД. Но, повеќе од тоа е кревката безбедност во овај регион. Балканските бродови знаат да тонат и во плитки води. Состојбата е многу заоштрена во БиХ, каде што „царот“ Додик не е сит власта ниту со тешките милиони, додека самите босански Срби се сити од него. Но, Вучиќ не пропушта да се гушка со него дури со доза на страст. Оти „големата приказна“ што ја прикажува Додик, е силно „париотско“ оружје во рацете на Вучиќ во неговата борба со студентите како „странски платеници против српството“!

Регионалните државие оправдано стравуваат од конфликт, оти не постои заинтересиран меѓународен авторитет кој тоа ќе го спречи. Сега веќе не се разговара за членство во ЕУ кога таа не знае што со себе, но повеќе од потребни се регионални сојузи како превенција. За милион долари е прашањето дали НАТО сеуште е тоа?! Некои веќе разговараат со ѓаволот, а тој знае само за пеколот! Но, познато е дека демократијата е процес кој гарантира дека нема да бидеме управувани подобро отколку што заслужуваме. Понекогаш се гордееме со нешто со кое нормалниот свет се срами!

  

Најново

Најмалку 34 загинати во масакрот во Суми на Цветници, меѓу кои 2 деца – 117 лица се повредени

Sase Ivanovski

ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРОНАЈДЕ ДЕВОЈЧЕТО ОД КАДИНО КОЕ ИСЧЕЗНА Отишла во Илинден кај нејзин познаник

Sase Ivanovski

ПРЕДЛОЖЕН ПРИТВОР ЗА 39-ГОДИШНИК КОЈ ГИ ИСТЕПАЛ РОДИТЕЛИТЕ Го удирал татка си со шлаканици, ја влечел мајка си по подот

Sase Ivanovski

САД СЕ ЗАКАНИЈА СО НАПАД ВРЗ ИРАН Преговорите висат на конец, Техеран бара посредник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РАКЕТИ ИСТРЕЛАНИ ОД ЈЕМЕН ПРЕДИЗВИКАА ПАНИКА НИЗ ИЗРАЕЛ Се огласија сирените за воздушен напад

Sase Ivanovski

ПРАТЕНИКОТ МАКЕДОНЕЦ ВО АЛБАНИЈА СЕ КАНДИДИРА ЗА НОВ МАНДАТ Стерјовски на митинг со Социјалистичката партија во Тирана

Sase Ivanovski

KOД 2025 – Храбрата новинарка Дафне и кратењето на американската помош

Sase Ivanovski

Муцунски на средба со комесарката за проширување на Европската унија – Марта Кос.

Sase Ivanovski

Нов правилник на Карпош за поквалитетни градби: Без гаража во договорот нема стан, 3 години гаранција за кров

Sase Ivanovski

Уапсен осомничениот за подметнување пожар кој го принуди гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро и семејството да избегаат од дома

Sase Ivanovski

Полицијата го пронајде девојчето кое денеска се оддалечило од дома

Sase Ivanovski

Угина и јагуарката Инес во Зоолошката градина

Sase Ivanovski

Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници

Sase Ivanovski

Кичево се гуши во смрдеа – граѓаните на протест против дивата депонија што им „никна“ среде град

Sase Ivanovski

„О2“ бара одземање на дозволата на Тораница за хаваријата со цијанид во Крива Река

Sase Ivanovski

Казнети 247 возачи денеска во Скопје, еден лишен од слобода поради безобѕирно возење

Sase Ivanovski

Таравари: Политиката не треба да биде средство за личен комодитет, туку служба за народот

Sase Ivanovski

Шолц го осуди „варварскиот“ руски напад врз центарот на украинскиот град Суми

Sase Ivanovski

Следната фаза на Вучиќ – масовни апсења

Sase Ivanovski

И Вреди се приклучи кон притисоците врз Обвинителството – го обвини ДУИ дека наводно го „инсталирале“ државниот обвинител Љупчо Коцевски

Sase Ivanovski

Тековниот министер за економија не е осомничен за пожарот во „Пулс“, зашто газдата Дејан Јованов-Деко во негово време не барал лиценца

Sase Ivanovski

Алијанса за Албанците мисли дека истрагата за пожарот во Кочани е „кампања против Албанците“ за тие да „се фатат за уши“

Sase Ivanovski

Јакимовски ќе ги „вразуми“ градежниците со нов строг правилник за градење

Sase Ivanovski

СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ

Sase Ivanovski

Касами: ВРЕДИ тежи исто и без Таравари, но оптимист сум дека има шанси да продолжиме обединети

Sase Ivanovski

Бугарија го претстави првиот борбен авион „Ф-16 блок 70“

Sase Ivanovski

Затворен угостителски објект во Свети Николе – бил дивоградба, немал хидранти и ПП апарати

Sase Ivanovski

Малолетник играјќи фудбал удрил жена со топка, таа го нападнала со метална шипка

Sase Ivanovski

Уапсен 22-годишник од Штип кој возел со 1,53 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Полицијата синоќа во контроли на угостителски објекти во Битола затекнала 20 малолетници

Sase Ivanovski

Приведено момче од Тремник, со остар предмет нападнал неготинец

Sase Ivanovski

Коцевски: Осомничените од Дирекцијата за заштита и спасување воопшто не извршиле инспекциска контрола

Sase Ivanovski

Граѓаните ги боли глава од сметките за струја, цел месец граѓаните се жалат на високи сметки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Обвинителството бара четири притвори и три домашни притвори: Нови детали од истрагата за Кочани

Sase Ivanovski

ИНТЕРЕС ЗА БАТЕРИИ-СЕ БАРА СПАС ЗА СТРУЈАТА ПРОИЗВЕДЕНА ОД ФОТОВОЛТАИЦИ

Sase Ivanovski

Директорот на Царина: заедничко делување против секој обид за шверц на Блаце – Елез Хан

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Ќерка-директор, татко-веледрогерист, оставката на Филипче е долг кон народот кој долго ја плаќа цената на неговите одлуки

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не се откажува од Филипче, тој му средуваше тендери во 4 очи, за сега Заев да гради згради во Дубаи

Sase Ivanovski

ФЕИТ ги отвори вратите за идните студенти

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Раст на платите во здравството, образованието, безбедноста, повисоки пензии, стабилизирање на економијата со цел повисок животен стандард за граѓаните

Sase Ivanovski

Герасимовски: Солидарноста не е кампања, туку начин на живеење

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски зборува за хуманост, додека Центар тоне во хаос и запуштеност

Sase Ivanovski

ЦУК: Изгасени седум пожари на отворено низ државата, регистрирани речиси 2.000 повици кон бројот за итни случаи

Sase Ivanovski

Силен земјотрес го погоди Таџикистан

Sase Ivanovski

Жртвите каснати од куче доживуваат траума, преку едукација до намалување на ризикот од напади

Sase Ivanovski

Норвешка ќе додели речиси милијарда долари за украинска бригада

Sase Ivanovski

Еквадор прогласи вонредна состојба пред вториот круг од претседателските избори

Sase Ivanovski

САД ја гаснат арапската ТВ „Алхура“, отпуштен поголемиот дел од персоналот

Sase Ivanovski

Тимот на Трамп одржа „конструктивни“ директни разговори за нуклеарната програма со Иран, ќе се сретнат повторно следниот викенд

Sase Ivanovski

Во Атина судири меѓу полицијата и граѓаните, уапсени 72 лица

Sase Ivanovski

Полицијата го барала дома за Кочани – Македонскиот амбасадор во Осло им порача „Се враќам дома со првиот авион“

Sase Ivanovski

(Видео) Македонка се пофали дека дошле од Скопје да го поддржат, па избега од новинарот кога ја праша „што да поддржите?“

Sase Ivanovski

Во Основното обвинителство во Кочани донесени осомничени од проширената истрага за пожарот во „Пулс

Sase Ivanovski

Неколку средби на министерот Муцунски на Дипломатскиот форум во Анталија

Sase Ivanovski

Норвешка ќе издвои речиси една милијарда долари помош за Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вардар Неготино ја совлада фаворизираната Брегалница, двоецот Тодорчев-Стојановски обезбеди опстанок за неготинчани

Sase Ivanovski

Вонредни контроли на АХВ пред Велигден – уништени 1.230 килограми небезбедни производи

Sase Ivanovski

Во трговската војна со САД, Кина држи многу повеќе карти отколку што мисли Трамп – всушност, таа може да има победничка рака

Sase Ivanovski

На маргините на Анталија Дипломатскиот форум, Муцунски оствари билатерални средби со генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Х. Синирлиоглу, со претставник во БиХ, Кристијан Шмит, со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Република Молдавија, Михаил Попшоју, со министерката за надворешни работи на Грузија, Мака Бочоришвили, и со Европратеникот, Илхан Кјучук

Sase Ivanovski

ВЕЧЕРНОТО ШОУ НА БОГДАН ИЛИЕВСКИ – ГОСТИН ПЕТАР БОГОЈЕСКИ

Sase Ivanovski

Тема на денот со Александар Чомовски, новинар

Sase Ivanovski

Јакимовски: Сите згради изградени од 1945-та до 1970-та треба да се проверат или срушат, ако има силен земјотрес сите ќе паднат

Sase Ivanovski

Повреден програмер од Кочани со двете изгорени раце веќе се вратил на работа и почнал пак да програмира

Sase Ivanovski

Делови од Чаир без вода, ќе биде прекината и мрежата на Гинеколошката болница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Протест пред Општина Кичево: „Да се дислоцира отпадот од градот, нѐ гуши“

Sase Ivanovski

Преживеан од пожарот во Кочани: 22 дена докторите и сестрите во 8ми Септември се грижеа за нас како да сме нивни деца

Sase Ivanovski

И Аднан Џаферовски меѓу осомничените за пожарот во дискотеката “Пулс”

Sase Ivanovski

Шпанскиот шеф за борба против наркотици е уапсен поради шверц на дрога

Sase Ivanovski

Американските купувачи парализирани од царините на Трамп: „Не можам да следам“

Sase Ivanovski

Заврши собирот „Не ја даваме Србија“ – Вучиќ упати пет барања

Sase Ivanovski

Без струја дел од улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Лавров: Трамп е единствениот од Западот кој вели дека пристапот на Украина кон НАТО е погрешен

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со мала до умерена облачност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Роналдо херој за Ал Наср: Погоди и со спектакуларен волеј

Sase Ivanovski

Вучиќ: Завршено е со Шарената револуција, нема ништо од тоа

Sase Ivanovski

Во OJO Кочани вечерва донесени осомничени од проширената истрага за пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

Фридрих Мерц се надева на трансатлантски договор без царини

Sase Ivanovski

Нацрт планот на Трамп за Украина на хартија изводлив но дали и на терен?

Sase Ivanovski

Вучиќ: Нема да има преодна влада, ќе има чесна српска влада избрана од народот

Sase Ivanovski

ФТ: Пркос на кинеските извозници – Америка е само „хартиен тигар“

Sase Ivanovski
Вчитувам....