МАКТЕЛ

     

ФАКТИ, СОМНЕЖИ И НЕВИСТИНИ

      

Во написот објавен на интернет страницата Сакам Да Кажам на 11 април, а посветен на објектот на градинката „Јасна Ристеска“, кој е во рамките на Детален урбанистички план (ДУП) за УЗ 2, УБ 2.3 – опфат 7, поместена е изјава од Општина Охрид во која се изнесени невистини со кои се доведува во заблуда охридската и македонската јавност. „Деталниот урбанистички план со опфат на делот од градот за кој прашувате е донесен во 2008 година. Општина Охрид нема ингеренции над објектите од Здравствениот дом или поранешната Маларична болница кои се лоцирани на овој потег. Од моментот кога е донесен Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, сите постоечки урбанистички планови и целокупното урбанистичко планирање во Охрид се усогласуваат со овој план и препораките од УНЕСКО. Веќе е отпочната постапка за носење на нов Детален урбанистички план за овој опфат од градот, на кој се однесува вашето прашање. Процедурата е на самиот почеток, па затоа сè уште не може да дадеме прецизни податоци за видот или изгледот на објектите кои ќе бидат дел од планот. Во текот на самата постапка истиот ќе биде даден на увид на јавноста“, велат од Општина Охрид.
ПРВО. Доколку општината нема ингеренции над објектите од Здравствениот дом, зошто тогаш и со ДУП од 2008 но и со ДУП од 2023 година на местото на здравствената установа која на таа локација е безмалку еден век се вцртани огромни станбени објекти? Кој го отуѓил државното земјиште на кое се наоѓа здравствениот комплекс за приватна инвестиција? Зошто, ако општината нема ингеренции, тој сегмент не е оставен да продолжи да биде Здравствен дом?
ВТОРО. Апсолутна невистина е дека „од моментот кога е донесен Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, сите постоечки урбанистички планови и целокупното урбанистичко планирање во Охрид се усогласуваат со овој план и препораките од УНЕСКО“.
Општина Охрид постапува незаконски со тоа што за овој ДУП нема обезбедено позитивно мислење од Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион што е обврска согласно член 17 од Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион и кое мислење треба да биде составен дел на СОЖС. Предметниот ДУП се носи согласно Генералниот урбанистички план за Град Охрид за 2002-2012 кој веќе е застарен и најважно, не е усогласен со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион (2020 – 2029) што државата (и општина Охрид како имател на доброто и носител на урбанистичките планови), имаат обврска да го направат согласно препораките на УНЕСКО.
Потсетуваме дека Планот за управување не се почитува со максимално искористување на дозволена катност и процент на изграденост. Згора на тоа, урбанизацијата со овој ДУП е директно на штета на автентичноста и интегритетот на културното наследство. Во Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион (2020 – 2029), за зоната каде припаѓа овој ДУП стои: „Во оваа зона ќе се применува мерката на урбана реконструкција, односно воспоставување состојба која ќе ги подобри условите за живеење и работа. При уредување на просторот прифатливи методи се обнова на постојните и изградба на нови градби со почитување на амбиенталните карактеристики на целината, традиционалните форми, карактеристиките на пејзажот и хармонијата на целината.“
Планот за управување „забранува окрупнување, односно создавање вештачка комбинација на неколку парцели за да се изгради голема градба“, а со предлог-ДУП за Маларична, се врши спојување на дури 14 катастарски парцели во една градежна парцела, со цел оформување на огромен станбен објект. Според Планот за управување, новите градби во втората и третата урбана зона (каде се наоѓа предметниот опфат) „треба да исполнат специфични аспекти со кои ќе бидат испочитувани културните вредности и традиции на историската област, како и условите на постојните структури.“
Новите (предвидени) градби, според Планот за управување со природното и културно наследство на Охридскиот Регион (2020 – 2029) треба да имаат:
„- ритам кој е во хармонија со урбаниот и морфолошкиот образец на околните градби доколку се поединечно заштитено добро или поседуваат амбиентални вредности;
– габарит кој е усогласен со контекстот и не ја нарушува визуелната перцепција кон целината Старо градско јадро;
– улична гранична линија која ја следи линијата на постојните објекти;
– силуета која го почитува традиционалниот локален карактер и силуетата на просторот каде се градат;
– висок квалитет на градба и дизајн, кој се постигнува со особено внимание на пропорциите.“
Јасно е дека Планот за управување со природното и културно наследство на Охридскиот Регион (2020 – 2029) е апсолутно игнориран.
ТРЕТО. Видот или изгледот на објектите кои ќе бидат дел од планот се познати скоро година и пол. Повторно ги објавуваме двата плана во прилог, за да ги потсетиме градоначалникот и општинските служби, бидејќи се прават како да живеат во некој паралелен универзум. Синтезниот план е изработен од ИН-ПУМА, фирма чиј управител е Божо Илоски (добро познат на јавноста како сопственик на градежни фирми). Токму овде, за разлика од планот изготвен во 2008 година, освен станбениот објект (кој сега е дури и зголемен во обем) се изменети и катастарските парцели на основното училиште и градинката, и вцртани се нови објекти на местото на старата училишна зграда и објектот на детската градинка, кои се објекти кои припаѓаат на македонското модерно архитектонско наследство.
ЧЕТВРТО. Процедурата за носење нов Детален урбанистички план за овој опфат не е на самиот почеток. Планската програма за овој опфат е изготвена во април 2023 година, додека синтезниот план е изготвен во декември 2023 година, а пред само два месеци, на 3 февруари градоначалникот организира јавна презентација и јавна расправа по нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина (СОЖС) за ДУП за УЗ 2, УБ 2.3 – опфат 7, општина Охрид. Извештајот за СОЖС беше изложен во Општина Охрид од 3.2 до 5.3 2025 година. Јавната презентација и јавната расправа се одржа на 20.2 2025 во малата сала на Општина Охрид. Во законскиот рок, Охрид ЅОЅ поднесе коментари кон Извештај за Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина за Детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.3 – опфат 7, Општина Охрид, плански период 2023-2028, на 21 страница.
Го потсетуваме градоначалникот дека постапката за оцена на влијанието врз животната средина „се состои од определување, опис, оцена и процена на директното и на индиректното влијание врз животната средина од спроведувањето или од неспроведувањето на проектот.“ Тоа значи дека за нејзината изработка морало да се обезбедат соодветни, конкретни и точни информации. Во спротивно, тоа би значело повреда на правото гарантирано со Архуската Конвенција за ефективно учество на јавноста со навремени и релевантни информации. Ако СОЖС е изготвена без конкретен и завршен план, тогаш не постојат реални параметри врз кои може да се врши проценка на влијанието врз животната средина и оцената која од неа произлегува да се смета за веродостојна. Дали тоа значи дека е направена злоупотреба на процесот за оцена на влијанието врз животната средина?
Контрадикторностите (одржување на јавна расправа в.в. синтезен план за предметниот ДУП и тврдење дека „е отпочната постапка за носење на нов Детален урбанистички план за овој опфат“) создаваат правна несигурност и ја доведуваат во прашање транспарентноста на целата постапка. Следствено, секоја одлука донесена врз основа на таков процес треба да биде поништена, односно постапката за СОЖС да биде повторена со соодветна планска документација.
Ваквото однесување на Општина Охрид и градоначалникот е спротивно на основните начела на добро управување и административната практика и создава сомнеж за обид за злоупотреба на постапката. Затоа, потсетуваме и бараме, транспарентна постапка, зачувување на охридската архитектура од различни периоди на дваесеттиот век, почитување на интегритетот на централното подрачје на Охрид и следење на законите и со закон обврзувачката Конвенција за светско наследство.
Со почит,

Активисти на Граѓанската иницијатива Охрид SOS

  

Најново

Сиљановска-Давкова дојде на аукцијата организирана од @supportkocani: Го сменивме летот за да дојдеме тука

Sase Ivanovski

Погледнете како се транспортираат итни примероци на крв низ Лондон – со помош на дронови!

Sase Ivanovski

Девојче од Газа останало без рака во израелски напад врз училиште

Sase Ivanovski

Скулптурата на швајцарскиот уметник Алберт Џакомети (1901-1966) би можела да биде продадена на аукција во Њујорк за повеќе од 70 милиони долари

Sase Ivanovski

Мајки на загинати деца од Кочани, алармираат дека критичната вечер не била пружена помош на нивните деца

Sase Ivanovski

Зеленски: На Украина и недостасува оружје за да го врати Крим со сила

Sase Ivanovski

Заеднички да го прославиме животот и делото на големиот Горан Стефановски. Горан е тука!

Sase Ivanovski

Протестен марш на роднините на загинатите во пожарот во Кочани: Мајки тврдат дека им се закануваат со притвор

Sase Ivanovski

Од дневна градинка до хотел за кучиња – „Ав ав Хепи дог“ го менува односот кон милениците

Sase Ivanovski

Во деветтото издание на поткастот „Со Ана на ТИ“ гостин Петар Младеновски – Пеце, фронтменот на култниот скопски бенд „Суперхикс“

Sase Ivanovski

Давкова од Кочани: Се надевам дека ова ќе не освести, пожарникарската служба има возен парк олдтајмери

Sase Ivanovski

Никола Јокиќ постигна договор со Денвер и ќе биде најплатен играч во ИСТОРИЈАТА на кошарката!

Sase Ivanovski

Топ 10 земји според богатството со природни ресурси

Sase Ivanovski

КТМ го сопре производството на моторцикли

Sase Ivanovski

Хабл телескопот слави 35 години

Sase Ivanovski

Трамп изрази сомневање дека Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, еден ден откако рече дека договорот е блиску

Sase Ivanovski

Претседстелката на државата Сиљановска, претседателот на СДСМ Венко Филипче, пратеникот Миле Лефков, пратеникот од ЗНАМ Павле Арсоски, градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, вд градоначалникот Венко Крстевски на аукцијата преку која се собираше пари за Кочани

Sase Ivanovski

Божиновска: Новиот предлог закон за Енергетика носи ред во енергетиката, јасни правила, еднаква примена и предвидливост во енергетскиот сектор

Sase Ivanovski

Дожд ги разбрка туристите и Охриѓани од летните тераси во центарот на Охрид

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Севернокорејската ракета пред која Украина остана беспомошна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драма во Севиља: Барселона по 120 минути го освои трофејот во Купот на Шпанија!

Sase Ivanovski

Oблачно и нестабилно време со дожд и грмежи, од вторник сончево

Sase Ivanovski

Вучиќ го нагости Трамп Јуниор со прасе: Глупаво е да му нудиме шкампи и орада

Sase Ivanovski

Борбата влегува во следна фаза, студентите повикаа на протест на 1. мај пред владата во Белград

Sase Ivanovski

Филипче: Кризата во владината коалиција е резултат на партиски интереси и неспособност да се решаваат проблемите

Sase Ivanovski

Филипче: Нашите забелешки за Кочани се издржани, власта ја политизира истрагата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се залепи до Заев и вели немало друг како него, а откако Бујар призна дека преговарал за етнички прашања со дозвола на СДС, бара попустливост со Бугарија

Sase Ivanovski

Денот во 60 секунди – ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски со највисок рејтинг кај граѓаните, партијата подготвена за огромен успех на локалните избори

Sase Ivanovski

Филипче: Министерот Тошковски нема контрола врз безбедноста во државата

Sase Ivanovski

Филипче за Сител: Подадовме рака за конкретни реформи кои вистински ќе го сменат системот

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребната миса за Неговата светост, папата Франциск

Sase Ivanovski

Лишен од слобода кичевец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Системот функционира, се водат истраги и се апсат луѓе кои во време на СДС беа заштитени и недопирливи

Sase Ivanovski

Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус

Sase Ivanovski

СДСМ бара оставка од Тошковски за нарушената безбедност на улиците

Sase Ivanovski

Трипуновски: Историски највисока исплата на субвенции од 40 милиони евра за тутунарите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Македонските државјани ќе патуваат без виза во ОАЕ, една од првите придобивки од посетата на владината делегација во ОАЕ

Sase Ivanovski

Тушевска: Успехот на Владата очигледно ја вознемири опозицијата која покажува само безидејност и злоупотреба на собраниската говорница 

Sase Ivanovski

СДСМ: Нема напредок со раскарана и неспособна Влада

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје

Sase Ivanovski

Лишен од слобода прилепчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и со активна забрана за управување возило

Sase Ivanovski

СДСМ: Криминални банди хараат по улиците, Тошковски е најнеспособниот министер

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владата е стабилна, функционална и целосно посветена да обезбеди економски раст и развој и подобар животен стандард за сите граѓани

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Голиот популизам и празните демагогии на Апасиев и Левица паднаа во вода пред доказите за луксузирање низ Грција, џиповите, имотот во строг Центар и кафе барот „Павилјон 36“

Sase Ivanovski

За новото лого, поштата на Србија плати речиси 1,5 милиони евра, а истото е речиси идентично на старото…

Sase Ivanovski

Над 90 отсто од домовите во Газа се уништени или оштетени

Sase Ivanovski

Повторно удрен пешак, овојпат на пешачки кај католичка црква

Sase Ivanovski

Сара Туркестани e победничката дизајнерка на „Alonso Helmet Design Challenge“ на Aramco, со чиј дизајн Алонсо ќе вози со него на ГП на Саудиска Арабија

Sase Ivanovski

Венко Крстевски, со сериозна загриженост предупредува дека единственото противпожарно возило со кое располага противпожарната служба во градот е старо, дотраено и не може да ги задоволи потребите за справување со пожари

Sase Ivanovski

Четирите сезони на една бразда

Sase Ivanovski

Ноќеска повторно се удрени пешаци, еден на пешачки премини на кружен тек во центарот на Скопје, друг во Охрид. Во Кавадарци е фатен возач со 1,9 промили алкохол во крвта кој возејќи удрил во друго возило

Sase Ivanovski

Филипче: Сите можни инспекции вршат притисок врз градоначалниците на СДСМ

Sase Ivanovski

Филипче: Никогаш не сме се бореле само за фотелји туку за да ги решаваме проблемите на граѓаните

Sase Ivanovski

Таравари се сретна и му се заблагодари на својот турски колега: Добрите пријатели се гледаат во тешки денови

Sase Ivanovski

Започна погребната миса за папата Франциск на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан

Sase Ivanovski

МАКРОН ПО СРЕДБАТА СО ЗЕЛЕНСКИ ВО ВАТИКАН: УКРАИНА Е СПРЕМНА НА МИР, СЕГА Е НА РЕД НА ПУТИН ДА ПОКАЖЕ ДЕКА САКА МИР

Sase Ivanovski

Полицајци од СВР Охрид ги учат граѓаните и туристите како да се штитат од кражби

Sase Ivanovski

Јавен обвинител собрал докази за вештачење од местото на вооружената престрелка на Бит Пазар

Sase Ivanovski

Македонија ги игнорира препораките на ОБСЕ-ОДИХР за измени во Изборниот законик

Sase Ivanovski

Годинашните „Денови на Холандија“ посветени на 750 годишнината од основањето на Амстердам

Sase Ivanovski

Почина повредениот во вчерашната вооружена престрелка на Бит Пазар

Sase Ivanovski

Трамп и Зеленски разговараа во базиликата „Свети Петар“ пред погребот на папата Франциск

Sase Ivanovski

Што е Европскиот мировен фонд преку кој РСМ доби десетици милиони евра помош за Армијата?

Sase Ivanovski

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Секоја чест! Пожарникари од Германија донираа возило и опрема на колегите од Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: Нова димензија во интервентната кардиологија

Sase Ivanovski

Гери Андерсон, 23-годишен студент по архитектура, го создаде познатото лого за рециклирање во 1970 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Ракетна војна“ меѓу две цркви за Велигден на грчки остров

Sase Ivanovski

3 грешки при седење кои ја уништуваат вашата елеганција (и како да ги поправите)

Sase Ivanovski

Чудовиштето е подобро од…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Разликата меѓу фин дечко и добар дечко

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Направете ги овие 5 работи за да излезете од сиромаштија

Sase Ivanovski

Како се живее во Зрновци, најмалата општина во Македонија

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ И ТРАМП СО ФОТКА НА ДЕНОТ ОД НИВНАТА СРЕДБА ВО ВАТИКАН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дупка во асфалтот на улица „Христо Татарчев“ во Кисела Вода ги загрозува учесниците во сообраќајот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вештачката интелегенција го трансформира образованието и работната сила во Tајван

Sase Ivanovski

Почина Вирџинија Џуфре, која го обвини британскиот принц Ендру во скандалот со сексуална трговија со Епштајн

Sase Ivanovski

„Уметноста на договорот“ се среќава со глобалната реалност

Sase Ivanovski

Мицкоски од семинарот на ПИАЦ ,,Љубиша Георгиевски“: ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција, одиме на огромна победа на изборите

Sase Ivanovski
Вчитувам....