Обвинител во заштита на системот на смртта
Еден пациент оди на преглед кај доктор со лабораториски резултати. Докторот ги разгледува, поставува дијагноза и му дава терапија.
Пациентот ја следи терапијата… и за жал, умира.
По аутопсијата, се открива: резултатите биле погрешни – лабораторијата направила грешка. Анализите не биле негови.
Што прави обвинителството?
Го гони докторот.
Зошто?
Па, не ги проверил резултатите дали се вистинити. Требало да оди лично во лабораторијата во Кочани, да види кој ги внел податоците, кој го држел шприцот, кој го носел во ладилникот…
Лаборантот? – Слободен.
Лабораторијата ? – Недопирлива.
Системот? – Перфектен.
Вината? – Се знае, дежурните виновници, секогаш кога треба да се спаси вистинскиот виновник кој му служи на системот.
Така функционира логиката на истрагата на бестрашниот обвинител – Коцевски. Храбар… само кога треба да удри по не-владини лица. Сепак, 62 млади животи е преголема цена за да се остане на таа функција уште некој месец. Семејствата бараат правда, а Коцевски дефинитивно не може тоа да го разбере.