Купувањето на Гренланд од Данска би можело да ги чини САД повеќе од 2,2 милијарди долари, со дополнителни годишни исплати од над 600 милиони долари, објави денеска њујоршкиот неделник Њузвик, врз основа на неговите пресметки. „Вкупната понуда (на Данска) од американската влада би можела да надмине 2,2 милијарди долари“, се наведува во американскиот неделник. Трамп не е првиот американски претседател кој изразил интерес за Гренланд, бидејќи американскиот претседател Хари Труман и понудил на Данска 100 милиони долари злато за островот во 1946 година, што би вредело околу 1,6 милијарди долари во денешни пари.
„Њузвик“ наведува дека достигнал бројка од 2,2 милијарди долари со собирање на сумата што во 1946 година ѝ ја понудил на Данска Хари Труман, приспособена за инфлацијата, на што се додале и 600 милиони долари што Трамп годишно ги предлагал како компензација на Кралството Данска, пренесува Танјуг.