Борбата против корупцијата и криминалот, се меѓу првите приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните долги години јавно говореа дека еден од најголемите проблеми со кои се соочуваа, се криминалот и корупцијата. За разлика од порано, Владата и институциите се борат против корупцијата и криминалот со сите средства, а со една цел, Македонија да биде држава во која владее правдата. Еден од низата примери, во борбата против корупцијата и криминалот е Царинската управа.
Споредбено 2024 година со 2023 година, приходите во 2024 година се поголеми од 2023 година за над 7,5 милијарди денари. Почетокот на оваа година, односно во првиот квартал повторно е забележано зголемување на наплатата од скоро 30 милијарди денари. Овие пари директно влегуваат во Буџетот на државата. Приходите од Царина се повисоки за 15,6 %, од акциза за 5,7 %, а од данок на моторни возила за 16,2 %. Во однос на борбата против корупцијата, откриени се криминални мрежи кои се разобличени. Во периодот од декември до април оваа година, се поднесени 102 кривични пријави, додека пак минатото раководство за период од 2020 година до 2023 година има поднесено вкупно 85 кривични пријави.
Во однос на работата на царинските тимови, само во првото тромесечје се остварени над 100 заплени, за разлика од минатите 7 години, каде што просекот за една година бил од 52 до 110 заплени. Сега овој просек е надминат во првите три месеци. Се работи и на модернизирање на граничните премини, за воведување на паметни граници преку грант од Европската Унија, се работи на реконструкција на граничен премин Делчево, на Маркова нога и се работи на нов граничен премин со Бугарија. Борбата против криминалот и корупцијата продолжува. Зголемените приходи од Царините ќе се слеат во Буџетот, за нови градинки, училишта, болници, патишта и други економски проекти. Македонија се трансформира, Македонија станува повторно горда!
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ