Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски во посета на Обединетите Арапски Емирати, се прошируваат можностите за соработка и инвестиции во инфраструктурата. Директорот на царинската управа Бобан Николовски, информира дека годинава наплатени се 13,6 милиони евра повеќе од лани.
Министерот Цветан Трипуновски информира дека преку Јавниот повик за Мерката 112 се вклучуваат младите во секторот земјоделство. МОН со нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката. Македонија секој ден економски се трансформира и развива!