Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите граѓани да бидат дел од уметничката галерија под отворено небо. „Уметноста е универзален јазик кој нè спојува и не инспирира. Ве повикувам заеднички да го одбележиме Светскиот ден на уметноста и да ја почувствуваме креативната енергија на нашите уметници. Улица „Македонија“, денес ќе биде место каде уметноста ќе се чувствува, доживува и ќе живее“, вели Герасимовски. Настанот е дел од програмата за култура на Општина Центар за 2025 година и е поддржан од Делегацијата на Европската Унија преку иницијативата „ЕУ со тебе“.
ПРОГРАМА
17:00-19:00 / Диџеј сет на ПАПАК БАС
17:00-20:00 / Групна изложба на учениците од Државното средно уметничко училиште „Лазар Личеноски” во КСП – Центар Јадро
17:30-20:30 / Настап на улични живи статуи
18:00-20:00 / Подвижен уличен перформанс – ЗАЕДНО
18:45-19:20 / Улична театарска претстава „Самоти(и)ја”
19:00-21:30 / Диџеј сет на Тони Зен, Boogieman и Mawrteen