Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за своја вработа во Управната служба во Куманово под сомнение за „несовесно работење во службата“. МВР ја сомничи својата вработена дека нанела штета на буџетот во износ од 417.500 денари.
– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.П. за кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик, велат од полицијата.
View this post on Instagram