Шестгодишното девојче наместо во градски автобус во Куманово, влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, информираше денеска полицијата соопштувајќи детали за вчерашниот случај, кога мајката на девојчето пријави дека тоа е исчезнато. Детето вчера беше пронајдено на подрачјето на Гази Баба.
„Девојчето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба во Скопје, а по извршен службен разговор било утврдено дека девојчето најпрвин влегло во градски автобус кој превезувал патници до центар на Куманово, а потоа по грешка, наместо во автобус за враќање до домот, девојчето влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, каде била пронајдена од случаен минувач“, информираше СВР Куманово.