16.8 C
Скопје
15/04/2025 16:15
МАКТЕЛ

    

Во Собранието Иницијатива за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

      

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред е Иницијативата за одржување надзорна расправа за селективниот пристап во истрагата за трагедијата во Кочани. Основното јавно обвинителство Кочани вчера до Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерки за претпазливост за последниот 19-ти осомничен на кого беше проширена истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, информираа од Обвинителството. Бројот на осомничени за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани достигна 52 физички и три правни лица, откако Обвинителството викендот ја прошири истрагата со уште 19 лица. Од новоосомничените, тројца се министри за економија, тројца овластени градежни инспектори во Општина Кочани, тројца директори на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), еден генерален инспектор во ДЗС, три службени лица во Министерство за економија, двајца државни секретари во Министерството за економија  и четири пазарни инспектори во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата, бидејќи според Обвинителството, досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано продолжување на лиценцата на објектот на клубот „Пулс“ во Кочани.

Од новоосомничените, тројца биле министри за економија, тројца овластени градежни инспектори во Општина Кочани, тројца директори на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), еден генерален инспектор во ДЗС, три службени лица во Министерство за економија, двајца државни секретари во Министерството за економија  и четири пазарни инспектори во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата, бидејќи според Обвинителството, досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано продолжување на лиценцата на објектот на клубот „Пулс“ во Кочани.

   

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вчера во изјава за медиумите истакна дека истрагата за трагедијата во Кочани не е завршена, се уште трае, а обвинителите покажале дека навистина можело да се работи и поинаку во Македонија. Тошковски е дециден дека против секој еден за кој има докази е поднесена пријава од страна на МВР, како и дека ќе биде соодветно процесуиран секој за кој ќе се најде доказ дека е причинско-последично поврзан со предметниот кривично-правен настан од аспект на исполнување елементи на конкретно кривично дело. Според него, и МВР не е поштедено од истрагата која го опфаќа периодот од 2012 година до денес.

-Моментно сме во фаза на истрага, истрагата ја води јавниот обвинител. Вчера имавме детално информирање во рамки на факти и околности кои можеа да бидат споделени со јавноста. Истрагата не е завршена. Ние не можеме Обвинителството и МВР да ги претвориме во „преки суд“ зашто некои политички недобронамерници сакаат на гневот на македонскиот народ кој самите го предизвикале уште толку повеќе да го искористат во насока на крадење, манипулирање и стекнување со политички поени. Тоа нема никогаш да го дозволам како министер. Јас работам во интерес на граѓаните и до сега од сработеното на јавните обвинители гледам посветеност, гледам како 11 обвинители се фокусирани на целосно расчистување на овој случај, заедно со истражителските тимови на МВР, нешто што во минатото било незамислива именка, истакна Тошковски, одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Денот на Царината.

Тој подвлече дека никој нема да биде толериран. -Не само во минатото, туку и сега ќе се постапи. Гледате, првпат во Македонија има факти кои за разлика од претходно говорат сами по себе дека ова МВР поинаку работи од претходно. Кажете ми друг пример кога МВР „ин флагранти“ фатило врховен судија или постапувало против активно обезбедување на највисоки функционери во државата или активен министер на моментална Влада по насоки, координација и по наредна на ЈО. Амнезија имаше во минатото кога за несреќи во кои загинаа 75 луѓе МВР не поднесе ниту една кривична пријава против ниту едно осомничено лице. Амнестија тогаш имаше, сега не можам да се согласам дека има зашто МВР има поднесено во континуитет три кривични пријави ако не и четири и се постапува моментално по над 50 осомничени. Не може да се компарираме дури ни со вакви случаи во далеку поразвиени земји од аспект на тоа колку далеку е отидена истрагата. Им честитам на обвинителите кои покажаа дека навистина можело да се работи и поинаку во Македонија. Истрагата се води од Јавното обвинителство, МВР ги поднесе кривичните пријави кои до моментите на преземање дејствија сметаше дека треба да бидат поднесени. Против секој еден за кој има докази е пооднесена пријава од страна на МВР, рече Тошковски.

По акцијата во сабота за приведување на новосомничените и проширувањето на истрагата, Основниот суд Кочани завчера го прифати барањето на Обвинитеството и определи 30-дневен притвор за четири лица, за шест лица куќен притвор согласно член 163 и мерки за претпазливост согласно член 146 од Кривичниот законик, а за осум лица мерка за претпазливост согласно членот 146.  Имаат право на жалба во законскиот рок, во зависност од мерката што им е одредена, од 24 часа до 72 часа. Сите, како и претходните за кои беше поведена истрага, се осомничени за „Тешки дела против општата сигурност“ од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик, но не е исклучено да има обвиненија и по други кривични дела ако тимот јавни обвинители што ја води истрагата го оцени тоа.

Едногласно со 62 гласа „за“ Собранието го избра Љупчо Коцевски за нов државен јавен обвинител. Исто така едногласно, но со 63 гласа „за“ Собранието во рамките на 140-тата седница го избра и И

Како што соопшти државниот обвинител Љупчо Коцевски завчера на прес-конференција, досега е поведена истрага кон 45 физички и три правни лица. Едно од физичките лица во меѓувреме почина и против него истрагата ќе биде прекината. Дополнително се води истрага и против седум полициски службеници. Во однос на одговорноста на локалните власти, врз основа на досегашните истражни дејствија, покрај тројцата градоначалници на Кочани кои се веќе осомничени, Обвинителството дошло до основано сомнение за можна одговорност и на тројца овластени општински градежни инспектори, кои постапиле спротивно на своите надлежности и овластувања од Законот за градење и Законот за инспекциски надзор, потенцира дека воопшто не извршиле никаква инспекциска контрола на објектот кој со години бил незаконски пренаменет од објект за лесна индустрија во угостителски објект без никакви безбедносни стандарди.

Во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување, освен претходно осомничениот директор, истрага е поведена за уште три лица на истата функција, вклучително и актуелниот директор, како и против генералниот инспектор во Дирекцијата кој бил на таа позиција во текот на целиот период на функционирање на клубот. Покрај претходно осомничениот министер за економија, државен секретар и уште тројца раководни службеници, сега новоосомничени се уште три лица кои во одреден период од функционирање на клубот ја извршувале функцијата министер за економија, двајца државни секретари и уште три службени лица на раководни позиции надлежни на одделите за угостителство и туризам, кои се сомничат.

Со голема тага ја примивме веста за трагичниот настан во Кочани, Северна Македонија. Владата на Црна Гора е подготвена да застане покрај пријателскиот народ на Северна Македонија на сите неоп

Од аспект на Државниот пазарен инспекторат, истражните дејствија до овој момент, покрај тројца веќе осомничени, според Обвинителството, упатуваат на основани сомненија на уште четири пазарни инспектори кои биле надлежни да вршат инспекциски надзор за правилна примена на важечките закони и подзаконските акти. Во пожарот на 16 март годинава во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 61 лице, а околу 200 млади луѓе беа повредени. Девет лица од повредените се лекуваат во болници низ Скопје, а 48 во странство.  Експерти од Англија и наши доктори подготвуваат протокол за тежина на клиничката слика на пациентите од трагедијата во Кочани. Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денска ќе одржи и друга седница, на чиј дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за процена, во второ читање

  

Најново

Кога ќе продолжи да се гради болницата во Кичево? – Таравари рече на пролет 2025, сега вели сѐ уште се во преговори

Sase Ivanovski

Светскиот економски форум го избра министерот Тимчо Муцунски за млад глобален лидер за 2025 година

Sase Ivanovski

Бугарскиот министер Георгиев: Уставните измени не се единствениот услов, со нив започнува процесот

Sase Ivanovski

Шестгодишното девојче од Куманово по грешка наместо во градски, се качило во автобус за Скопје – пронајдена во Гази Баба

Sase Ivanovski

Грејната сезона продолжува до 30 април ако надвор е под 12 степени

Sase Ivanovski

Финансиската полиција ја тресе прилепската болница поради сомнеж за малверзации

Sase Ivanovski

Таравари: Доколку имало пропуст или грешка за пациентот од Кардиохирургија одговорност ќе има

Sase Ivanovski

Во јануари и февруари времето беше студено: Димитриеска-Кочоска за слабата реализација на капиталните инвестиции

Sase Ivanovski

Детскиот фестивал ,,Поточиња” со донација за Кочани

Sase Ivanovski

74-годишен прилепчанец со возило излетал од патот, повредени три лица

Sase Ivanovski

Бугарин со тврд предмет ја нападнал партнерката од Скопје

Sase Ivanovski

Софија подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Sase Ivanovski

Украден споменикот на децата бегалци од паркот „Жена борец“

Sase Ivanovski

Украдени бронзени бисти на гробиштата „Бутел“

Sase Ivanovski

Курти поднесе оставка од премиерската функција – Косово оди на нови редовни избори

Sase Ivanovski

Службеничка на МВР од Куманово го оштетила буџетот за 417.000 денари

Sase Ivanovski

Муцунски: Од денеска, заедно со делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, престојуваме во работна посета на Обединетите Арапски Емирати

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арбен Таравари за смртта на Тони Ангелковски и што би се случило на Кардиохирургија периодов доколку би била потребна слична интервенција на друг пациент?

Sase Ivanovski

(ФОТО) Mинистерство за одбрана: Одбележување на Денот на Командата за обука и доктрини

Sase Ivanovski

Воведни обраќања Националната конференција „Преку инклузивно образование до еднаквост – Патот кон младинско општество!“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го напаѓа Панче Тошковски затоа што апси криминалци кои СДС ги толерира

Sase Ivanovski

Сеопфатен глобален патоказ за спротивставување на војната, национализмот и авторитаризмот – сега достапен во печатена форма и онлајн

Sase Ivanovski

МРЕЖАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА БАРА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГОТ ЗА ИМЕНУВАЊЕ НА ПЕТАР БОГОЈЕСКИ

Sase Ivanovski

Конференција на ХЕРА: Младите се гласни, бараат образование без табуа, засновано на факти!

Sase Ivanovski

Трипуновски: Договорот помеѓу земјоделците и откупувачите донесе околу 30 милиони евра во струмичкиот регион од извозот на пролетната зелка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Братот на Венко Филипче, додека СДС беше власт, заедно со Вице Заев направи фотоволтаична централа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Националната конференција на ХЕРА: „Преку инклузивно образование до еднаквост – Патот кон младинско општество!“

Sase Ivanovski

Министерството за финансии: Димитриеска-Кочоска на панел дискусија за финансиска писменост кај младите – Финансиски едуцирано население носи економски развој и е подготвено за користење нови финансиски инструменти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Миле Талески: СДСМ бара оставка од Тошковски за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

СДСМ: Паничните испади на Тошковски на Фејсбук само ја потврдуваат неговата одговорност за Кочани

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Планинарскиот клуб „Љуботен“

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски: Диџеј Тони Зен, театарска претстава и живи статуси денеска на ул. „Македонија“, дојдете на галерија под отворено небо

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да не ја интересира минатото од нивното седумгодишно владеење, затоа што тоа е изворот на проблемите и кај нив и во државата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски во посета на ОАЕ, се прошируваат можностите за соработка и инвестиции, зголемени приходи во Царина за 13,6 милиони евра

Sase Ivanovski

Вистиномер: Фројдовската грешка на „српското сценарио“ во Северна Македонија

Sase Ivanovski

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисока цени за пазарот, институциите мора да реагираат!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Борбата против корупцијата и криминалот се видливи, Царинската управа со рекордни приходи

Sase Ivanovski

СДСМ: Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка да поднесе оставка а тој не!

Sase Ivanovski

Вистиномер: ЕМА не тврди дека вакцините против ковид се штетни, туку дека штитат од сериозна болест и смрт

Sase Ivanovski

Вистимомер: Путин, а не Европа, ја продолжува војната во Украина

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на МЗ Галичник

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Тендер тандемот Филипче-Заев во ек на Ковид кризата поништиле тендер за томографии, па објавиле нов за 15 милиони денари поскап

Sase Ivanovski

6 ЧАСА IMOLA PEUGEOT 9X8 СЕ ВРАЌА ВО EMILIA-ROMAGNA

Sase Ivanovski

Герасимовски: Од 15 до 20 април, приклучете се на акцијата за одложување кабаст отпад во Центар

Sase Ivanovski

Вистиномер: Објава манипулира со етничката припадност на осомничените за пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

Костова: Владата има очајно лош перформанс

Sase Ivanovski

Народниот правобранител ќе го презентира годишниот извештај, Зибери најави сопствена иницијатива за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Таравари и сопартијците денеска ќе се договорат за настапот на Алијанса за Албанците на локалните избори

Sase Ivanovski

Сообраќајот низ земјава се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Sase Ivanovski

Камион-цистерна удрил во карпи пред патарината кај Велес

Sase Ivanovski

Трамп го „казнува“ Харвард со 2,2 милијарди долари поради одбивање политички барања

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Левица: Радијата да имаат третман како телевизиите – порталите по еден вработен

Sase Ivanovski

Највредната американска компанија ќе биде осакатена од Трамп

Sase Ivanovski

Белата куќа предлага драстични кратења на Стејт департментот и финансирањето на ОН, НАТО и други групи

Sase Ivanovski

Кремљ вели дека не се можни моментални резултати откако Трамп побара напредок од Украина

Sase Ivanovski

СДСМ прифаќа формирање анкетна комисија со опфат и на други трагедии покрај кочанската, вели потпретседателката Костова

Sase Ivanovski

Запалени салон на Тесла и седиштето на Републиканската партија

Sase Ivanovski

Катерина Ставреска добитничка на меѓународната титула „Инспиративен лидер“ на Global Business Conclave 2025 во Лондон

Sase Ivanovski

Зошто синдромот на ненадејно жалење на Трамп покажа дека виши раководители на организации “C – Suiters” се стремат кон неразуменост

Sase Ivanovski

„Њузвик“ проценува дека Гренланд може да ја чини Америка 2,2 милијарди долари

Sase Ivanovski

НАТО размислува за нова цел: 3,5 отсто за одбрана и дополнителни 1,5 отсто за цивилна подготвеност

Sase Ivanovski

Официјално: Модриќ стана еден од сопствениците на поранешeн премиерлигаш!

Sase Ivanovski

ДОНАЦИИТЕ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ НЕ СЕ ОДАНОЧУВААТ На сметките на Црвен крст легнаа 1,96 милиони евра

Sase Ivanovski

ЗЕМЕТЕ СИ ЧАДОР, УТРОBO ДОЖДОТ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОРОЕН Попладне се очекува намалување на врнежите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кети Пери ја бакна земјата – женскиот екипаж во ракетата на Џеф Безос по 11 минути се врати од вселената

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Студенти вечерва ја блокираа српската државна телевизија РТС: „Работи против сите нас“

Sase Ivanovski

Меџити: Граѓаните ќе ја ценат нашата работа во Владата, локалните избори се блиску

Sase Ivanovski

Шестгодишно девојче попладнето исчезна во Куманово, синоќа е пронајдено во Гази Баба

Sase Ivanovski

Зеленски: Русија отворено одбива прекин на огнот

Sase Ivanovski

К-15 и пријателите – Епизода 4

Sase Ivanovski

Кина престана да извезува ретки минерали за сите, не само за САД, зачувувајќи ги критичните материјали за технологијата, автомобилите, воздушната и одбраната

Sase Ivanovski

Карвил: Трамп „го прекрши кардиналното правило во американската политика“

Sase Ivanovski

ЗА ИЛИ ПРОТИВ – ГОСТИН: МИХАЈЛО МАНЕВСКИ

Sase Ivanovski

Трамп повикува на депортирање на некои граѓани во Ел Салвадор, тестирајќи го американскиот закон

Sase Ivanovski

Лекарите пронајдоа нешто застрашувачко во мозокот на оние кои пијат алкохол…

Sase Ivanovski

Факултетот за архитектура и урбанизам (FAU-USP) на Универзитетот во Сао Паоло, дизајниран од Жоао Виланова Артигас и Карлос Каскалди, ги отелотворува храбрите принципи на Паулиста школата, завршена во 1968 година…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дефиниција за трпение…

Sase Ivanovski

Во 1998 година, нигерискиот измамник Емануел Нвуд направи една од најхрабрите измами во историјата – тој продаде непостоечки аеродром на бразилска банка за неверојатни 242 милиони долари

Sase Ivanovski

Лирим Дулови: Обвинител во заштита на системот на смртта

Sase Ivanovski

Цветковиќ: Министерството за образование не го води ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту министерката Јаневска

Sase Ivanovski
Вчитувам....