Ме води посветеноста да се соочам со инфраструктурните и еколошките неправди ширум светот, вели Бужаровски. Професорот Стефан Бужаровски од Универзитетот во Манчестер, кој има потекло од Македонија е избран за член на Академијата за општествени науки на Обединетото Кралство, објавува Канал 5. Toa e национална академија составена од академици и практичари од општествените науки. Во описот на институцијата е наведено дека таа е водечки независен глас кој ја брани виталната улога што ја играат општествените науки во образованието, Владата и во бизнисот. Членовите на Кралското географско друштво го номинирале Проф. Бужаровски за член на академијата, кое е централна научна и наставна асоцијација од областа на географските науки. Во моментов Бужаровски работи на проект за јакнење на капацитети на високото образование во Македонија. Toj e академски истражувач и застапник за политики кои се однесуваат на енергија, клима, социјална нееднаквост.
„Ме води посветеноста да се соочам со инфраструктурните и еколошките неправди ширум светот. Тесно соработував со Европската унија, Светска банка, Обединетите нации и Меѓународната агенција за енергија, објавувајќи над 150 трудови и поглавја на овие теми, како и 4 монографии, 6 уредени книги и 1 учебник“, пишува Бужаровски за себе на LinkedIn. Во 2019 е прогласен за „Секојдневен херој“ од Европската унија, поради неговите заложби за борба против енергетската сиромаштија, кои се однесуваат на тоа колку е важно да се градат домовите со подобра изолација заради климатските промени. Додипломски студии завршил на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет при УКИМ. 26 години живее и работи на универзитетот Оксфорд. Извор: Новинска агенција МЕТА