„Marathon“ е првата игра направена на студиото „Bungie“ во 1993 година, која беше инспирација од тогашната популарна „Doom“. Новата игра која што го носи името, е враќање на старата франшиза, но со интересен твист. Оваа игра сега ќе биде „Extraction Shooter“. Моментално интернетот се преплавува со видеа од неодамнешното испробување на играта и популарноста многу брзо расте. Играта има уникатен „коцкаст“ арт стил и динамичен гејмплеј.
Исто така, иако студиото е во сопственост на PlayStation, играта нема да биде ексклузива за нивните конзоли, и ќе има целосен „cross play” (играчите од сите платформи можат да играат заедно), и дополнително ќе има можност за „cross-save support“ (снимање и зачувување на еден профил на сите платформи). Игата ќе биде достапна на PlayStation 5, Xbox Series X/S и PC.
Изгледа дека во правењето игри преовладува тенденцијата да се прават нови креативни комбинации, каде креативните луѓе тргаат од тоа што не е веќе видено – како додаток, додека следат основна формула. По големиот успех на играта која полека замре Helldivers 2 која исто така беше доста игран Extraction Shooter се виде потенцијалот и потребата од вакви игри и колку може да ја понесе глобалната гејминг заедница на “hype-train” (возбуда за игра со масовна заинтересираност). Играта Marathon нуди механики кои ги нема во другите вакви слични игри како (модот за еxtract) на Call of Duty и Apex Legends. На пример според тоа што се гледа од снимките цел тим може да игра еден ист херој и да ќе има специфични херои за бирање. Примерот на бирање херој кој Marvel Rivals (која и покрај перспективата се смета за Shooter игра) докажа дека е добра идеја со својата успешност. Дека луѓе се врзуваат и идентификуваат со одреден херој што главно го играат. Што се однесува до приказната додека во првата верзија на Marathon се борите во далечна иднина против вонземјани, во најновата верзија ќе бидете луѓе кои се откажале од своето тело за да се дигитализираат и контролираат синтетичко помоќно тело во борба.
Што се однесува до креативноста и стилот играта инкорпорира стилови од повеќе игри “коцкастиот стил” на Minecraft и Forthnite е присутен и потсетува и на играта за деца Krunker и наликува и на Valorant во разновидни механики на хероите за да се прејде тактички противничкиот тим. Покрај класичните механики има инвентивни додатоци од естетиката на сајберпанк правецот во научна фантастика, пример мени со команди за поставување стапица или експлозивна мина со која на самата дланка програмирате тајмер, или пак хакирање конзоли за отварање врати или освојување зона или пак процес за повикување поддршка за екстракција. Во Marathon ќе има опција ако паднете во битка да ве кренат на нозе, но и уште еден супер додаток -ако сте тотално мртви може да ве “резнат” (скратено од Ress односно Ressurect -”Воскреснување” во игри) но тоа е со подолго времетраење во сред непрестајна битка. И исто како на Guild Wars 2 што повеќе луѓе прават Ress на паднат играч -тоа побрзо се полни барот за “повторно подигање на нозе” и враќање во битката. А еве како изгледаат борбите во играта -ова е најновиот гејмплеј трејлер што излезе покрај главниот трејлер:
Покрај класичниот гејмплеј на вакви FPS игри дури се шпекулуира дека ќе може да се игра и соло и “два на два” 2v2 како што сугерираат снимки од играта, кои се смета дека ќе ги има во поголем дел во претстојниот период. Ако сакате да дознаете многу повеќе за оваа игра и како се прави -ова е подолг стрим што открива повеќе детали. Извор: Новинска агенција МЕТА