12.8 C
Скопје
15/04/2025 19:40
МАКТЕЛ

    

Фројдовската грешка на „српското сценарио“ во Северна Македонија

      

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март годинава, која досега резултираше со 61 починато лице и околу 200 повредени, предизвика оправдан револт меѓу блиските на настраданите и граѓаните воопшто, кои започнаа со серија протести. Меѓутоа, веќе по првиот одржан мирен протест на скопскиот плоштад, со кој им се оддаде почит на загинатите во трагедијата во Кочани, на социјалните мрежи, но и во некои медиуми, започна канонада од етикетирањата дека наводно се прават обиди за спроведување на „српско сценарио“ во Северна Македонија, по урнекот на споменатите студентски протести во Србија против власта на Вучиќ.

Власта во Србија и нејзините медиумски мегафони, соочени со низа афери, од кои онаа со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад имаше најтрагични последици и беше тригер за неколкумесечните протести кои сè уште траат, изминатиов период спинуваа за наводно „македонско сценарио“ на обоена револуција која треба насилно и без избори да ја симне од власт актуелната политичка гарнитура со Александар Вучиќ на чело, пишува Вистиномер. „Вистиномер“ на почетокот на декември минатата година ја анализираше манипулативната замена на тези на српскиот лидер со која се експлоатира темата за наводното „македонското сценарио“, а всушност се работи за протежирање на геополитичката стратегија на тн. „српски свет“ во регионот. Тоа е  политичка идеја од средината на 19. век, со која Србија се стреми кон сесрпското обединување кое би ги вшмукало и другите нации од Западен Балкан.

   

Српската власт го гради наративот кој е многу сличен на руската пропаганда: разни меѓународни фактори сакаат да ја сменат „суверенистичката“ власт за да ја распарчат и ограбат земјата… Опозицијата во Србија се обидува да го повтори македонското сценарио, настаните во Нови Сад се копија на македонскиот модел. Македонците ги бојадисаа плоштадите поради некоја своја причина, овој народ денес за своја. Беа копирани и моделите од Белорусија и Хонг Конг. Тоа е учебнички пример за обоена револуција. Опозицијата не излезе со тоа, туку беа обучени и прецизно инструирани од оние што правеа обоени револуции низ целиот свет, тврди Александар Вулин, „ударната тупаница“ на Вучиќ и негов доверлив функционер, сметан и за своевиден „офицер за врска“ со Путинова Русија. Како што протестите низ српските градови не стивнуваа, така и власта го ширеше спектарот на делување за да ги задуши протестите, накалемувајќи му регионален контекст, кој е секогаш добредојден кога сакате да „откривате“ непријатели од соседството. Затоа првично пласираното „македонско сценарио“ од страна на власта во Србија беше надградено со ширењето дезинформации дека инспираторите на протестите се од Хрватска, Босна и Херцеговина, но и од Црна Гора и Косово.

Има ли „српско сценарио“ во Северна Македонија? Од друга страна, пак, трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март годинава, која досега резултираше со 61 починато лице и околу 200 повредени, предизвика оправдан револт меѓу блиските на настраданите и граѓаните воопшто, кои започнаа со серија протести. Меѓутоа, веќе по првиот одржан мирен протест на скопскиот плоштад, со кој им се оддаде почит на загинатите во трагедијата во Кочани, на социјалните мрежи, но и во некои медиуми, започна канонада од етикетирањата дека наводно се прават обиди за спроведување на „српско сценарио“ во Северна Македонија, по урнекот на споменатите студентски протести во Србија против власта на Вучиќ. Од каде сега прелевање на „српско сценарио“ кај нас, кога студентските протести во Србија беа озлогласени како „македонско сценарио“? Можеме ли да препознаеме класична „Фројдовска грешка“ во провладините медиуми и профили на социјалните мрежи кои во протестите иницирани од револтот заради трагедијата во Кочани бараат „српско сценарио“, а истовремено студентските протести во Србија, меѓу другото, се обвинувани дека се реализираат според „македонско сценарио“?

Барањето на дел од демонстрантите кои гравитираат кон Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ – поточно, студентите од „Црвена младина“ на партијата Левица – да биде објавена целата документација поврзана со работењето на клубот ,,Пулс” од неговото отворање до несреќата од Државен пазарен инспекторат, Министерство за eкономија, Државен градежен инспекторат, Министерство за внатрешни работи, Државен инспекторат за урбанизам, Локална самоуправа во Кочани, Локален градежен инспекторат и Дирекција за заштита и спасување и Управа за јави приходи, веднаш беше оквалификувана како „српско сценарио“. Ова не би било ништо невообичаено ако не се знае дека и ова барање е по српско сценарио. Исто барање имаа и нивните „колеги“ од Србија по трагедијата во Нови Сад. Српските опозиционери во ликот на студентите бараа да се објави документација за падот на настрешницата. Иако претседателот Вучиќ го објави поголемиот дел, освен тој што е поврзан со истрагата, студентите излегуваа со нови и нови барања, со изговор дека тоа не е доволно. Се разбира дека целта не им беше никаква настрешница туку политички притисок. Истото сценарио се спроведува и кај нас, се разбира по српски ноти. Со објавувањето на документите за пожарот во Кочани ќе се компромитира целата истрага и се разбира дека ова барање нема никој да им го исполни. И она најважното, објавување на документи во фаза на истрага е кривично дело. Приведените и осомничените, со душа чекаат да излезат вакви документи во јавностпишуваше порталот „Република“ на 25.03.2025.

Ваквите (дис)квалификации на протестите по трагедијата во кочанската дискотека дека се инспирирани и се реализираат според наводно „српско сценарио“ секако дека лесно паѓаат во вода. Што бараат припадниците на Граѓанската иницијатива „Кој е следен“? Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ – која по првичниот протест за оддавање почит на жртвите од кочанската дискотека ги прошири барањата повторно да бидат разгледани случаите со голем број жртви од несреќите како тетовската модуларна болница, случајот Онкологија, автобуската несреќата на „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, подобрување на услугите и условите на работење на угостителските објекти… Корупцијата во институциите доведе до перманентна неказнивост, при што одговорноста за криминални дела често се избегнува. Оваа состојба не е само резултат на корумпираните елити, туку и на институционалниот систем кој не функционира во служба на граѓаните, нагласуваат од Иницијативата „Кој е следен?“. Граѓанската иницијатива на 09.04. 2025 поднесе барање до Владата за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите каде секој ќе има пристап. Целта на е-инспекторатот е сите ние да знаеме во местата што ги посетуваме, дали сме безбедни или не сме безбедни, за во иднина да спречиме поголема трагедија. Во однос на другите барања, поднесуваме барања до Министерството за правда и до Собрание за реформи во правосудниот систем. Таму ќе го издвојам, на пример, нашето барање за промена на начинот за полагање на правосудниот испит. За сите кои не знаат, Министерството за правда формира комисија за полагање на правосудниот испит. Ние бараме тоа да се смени, бидејќи сметаме дека имаме конфликт на интересипојасни претставникот од иницијативата, Умер Мухамеди.

На протестниот марш низ улиците на Скопје на 10.04.2025 неколку стотини граѓани ги отфрлија обвинувањата дека се „платеници“, туку дека се „економисти, правници, ИТ инженери, психолози, доктори, учители, урбанисти, архитекти“… нагласувајќи дека „не сме тука за да срушиме држава, тука сме за да си ја вратиме“. Како што изјави претставничката на граѓанската иницијатива Анастасија Митревска, денешниот протест (10 април н.з.) е за сите барања на иницијативата изнесени во јавноста, а дел од нив и поднесени до Владата, но како што рече, властите повеќе посветуваат внимание за тоа кој ги организира протестите, отколку да се фокусираат на барањатаизвести порталот „360 степени“. Протест се одржа и во Кочани (12.04.2025), каде што со едноминутен молк пред Полициската станица граѓаните го искажаа незадоволството од ненавременото постапување за да се спречи немилиот настан, а потоа пред Основниот суд и Основното јавно обвинителство побараа информации за досегашната истражна постапка. „Бараме отчетност за сработеното“, беше единствената гласна порака што ја извикуваа пред Обвинителството.

На седницата на Советот на Општина Кочани (14.04.2025), пак, на која независниот кандидат Венко Крстевски е избран за в.д. градоначалник на Кочани, советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Кристина Атанасова Арсова,  чие дете е повредено во пожарот во дискотеката „Пулс“,  низ солзи си поднесе оставка од функцијата.

СТРАШНО НЕДОСТОЈНО И ПОНИЖУВАЧКИ Е ОВА. ИМ СЕ ИЗВИНУВАМ НА СИТЕ ГРАЃАНИ КОИ ДАДОА ГЛАС ЗА МЕНЕ КАКО ДЕЛ ОД СОВЕТНИЧКАТА ЛИСТА НА ВМРО-ДПМНЕ, НЕ УСПЕАВ ДА РЕАЛИЗИРАМ МНОГУ РАБОТИ БИДЕЈЌИ НЕ БЕА ПРИОРИТЕТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И РАКОВОДСТВОТО НА ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ. ЗАЛЕТАНИ ОД НОВИТЕ ФУНКЦИИ, СЕ ГРИЖЕА САМО ЗА СВОИТЕ ИНТЕРЕСИ. СИТЕ ИДЕАЛИ НА ОВОЈ СВЕТ НЕ СЕ ВРЕДНИ КОЛКУ ШТО Е СОЛЗАТА НА ЕДНО ДЕТЕ!,РЕЧЕ ТАА. Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски делумно потврди дека дел од лицата што протестирале за трагедијата во Кочани добиле кривични пријави и нагласи дека ќе бидат поднесени кривични пријави за сите за кои постојат основи на сомнение дека е сторено одредено кривично дело. Во конкретниот случај не би можел да специфицирам, но генерално, секаде каде што постојат докази дека е сторено одредено кривично дело од страна на кој било, без оглед дали седи на одредено столче во рамки на одредена институција или без оглед дали се однесува незаконито на улица, МВР ќе постапи. Заради тоа што еднаш засекогаш во оваа држава мора сите да се сложиме дали ќе ги почитуваме правилата на игра или нема да ги почитуваме. Ако сакаме да имаме држава мора да ги почитуваме правилата на играрече Тошковски на заедничката прес конференција со Јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Грејната сезона завршува денес, стартува „преодниот период“ до 30 април

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Играта „Marathon“ е најавена да излезе на 23. септември

Sase Ivanovski

Проф. Бужаровски стана член на Академијата за општествени науки на Обединетото кралство

Sase Ivanovski

Македонското гејминг студио Дарк-1 го издаде мултиплеер модот за нивната игра „Скопје ’83“

Sase Ivanovski

НАСА најавува документарец за одбраната на Земјата од астероиди, со премиера на 16 април

Sase Ivanovski

Објава манипулира со етничката припадност на осомничените за пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

Македонското студио „Фајнл Фронтиер Гејмс“ ги прекинува операциите за работа поради царините од САД врз Кина

Sase Ivanovski

Измените во медиумското законодавство се проевропски само делумно

Sase Ivanovski

Политико: Рускиот напад после кој останаа тела расфрлани по градските улици не е „грешка“ – тоа е стратегија

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Sase Ivanovski

Општина Карпош е соочена со континуирани поплаки од граѓаните кои живеат во колективни станбени згради и граѓани кои живеат во индивидуални куќи

Sase Ivanovski

Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“

Sase Ivanovski

Новиот предлог Закон за енергетика го помина комисискиот филтер во прво читање

Sase Ivanovski

Царините на Трамп – закана за популарните лекови произведени во САД и извезени во Кина

Sase Ivanovski

Рускиот генерал „Спартак“ од затвор на боиште да служи како топовско месо

Sase Ivanovski

Николоски најавува авиолинии од и кон Емиратите, ќе се поврзуваат Скопје и Дубаи

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Д-р Попоска: Ракот на дојка се лекува, најмладата пациентка имаше само 19 години

Sase Ivanovski

Фикрет Абдиќ осуден на 3,5 години затвор за злоупотреба на положбата началник на општина Велика Кладуша

Sase Ivanovski

На кардиохирургија салата не работела 1 месец немале ни стентови утврдила инспекцијата за починатиот пациент

Sase Ivanovski

Експозе на мандатарот за состав на нова влада на Србија; дел од поентите

Sase Ivanovski

Генералот Стојанче на „мртва“ стража до отворена шахта кај ТЦ Скопјанка

Sase Ivanovski

Кога ќе продолжи да се гради болницата во Кичево? – Таравари рече на пролет 2025, сега вели сѐ уште се во преговори

Sase Ivanovski

Во Собранието Иницијатива за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Светскиот економски форум го избра министерот Тимчо Муцунски за млад глобален лидер за 2025 година

Sase Ivanovski

Бугарскиот министер Георгиев: Уставните измени не се единствениот услов, со нив започнува процесот

Sase Ivanovski

Шестгодишното девојче од Куманово по грешка наместо во градски, се качило во автобус за Скопје – пронајдена во Гази Баба

Sase Ivanovski

Грејната сезона продолжува до 30 април ако надвор е под 12 степени

Sase Ivanovski

Финансиската полиција ја тресе прилепската болница поради сомнеж за малверзации

Sase Ivanovski

Таравари: Доколку имало пропуст или грешка за пациентот од Кардиохирургија одговорност ќе има

Sase Ivanovski

Во јануари и февруари времето беше студено: Димитриеска-Кочоска за слабата реализација на капиталните инвестиции

Sase Ivanovski

Детскиот фестивал ,,Поточиња” со донација за Кочани

Sase Ivanovski

74-годишен прилепчанец со возило излетал од патот, повредени три лица

Sase Ivanovski

Бугарин со тврд предмет ја нападнал партнерката од Скопје

Sase Ivanovski

Софија подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Sase Ivanovski

Украден споменикот на децата бегалци од паркот „Жена борец“

Sase Ivanovski

Украдени бронзени бисти на гробиштата „Бутел“

Sase Ivanovski

Курти поднесе оставка од премиерската функција – Косово оди на нови редовни избори

Sase Ivanovski

Службеничка на МВР од Куманово го оштетила буџетот за 417.000 денари

Sase Ivanovski

Муцунски: Од денеска, заедно со делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, престојуваме во работна посета на Обединетите Арапски Емирати

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арбен Таравари за смртта на Тони Ангелковски и што би се случило на Кардиохирургија периодов доколку би била потребна слична интервенција на друг пациент?

Sase Ivanovski

(ФОТО) Mинистерство за одбрана: Одбележување на Денот на Командата за обука и доктрини

Sase Ivanovski

Воведни обраќања Националната конференција „Преку инклузивно образование до еднаквост – Патот кон младинско општество!“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го напаѓа Панче Тошковски затоа што апси криминалци кои СДС ги толерира

Sase Ivanovski

Сеопфатен глобален патоказ за спротивставување на војната, национализмот и авторитаризмот – сега достапен во печатена форма и онлајн

Sase Ivanovski

МРЕЖАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА БАРА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГОТ ЗА ИМЕНУВАЊЕ НА ПЕТАР БОГОЈЕСКИ

Sase Ivanovski

Конференција на ХЕРА: Младите се гласни, бараат образование без табуа, засновано на факти!

Sase Ivanovski

Трипуновски: Договорот помеѓу земјоделците и откупувачите донесе околу 30 милиони евра во струмичкиот регион од извозот на пролетната зелка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Братот на Венко Филипче, додека СДС беше власт, заедно со Вице Заев направи фотоволтаична централа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Националната конференција на ХЕРА: „Преку инклузивно образование до еднаквост – Патот кон младинско општество!“

Sase Ivanovski

Министерството за финансии: Димитриеска-Кочоска на панел дискусија за финансиска писменост кај младите – Финансиски едуцирано население носи економски развој и е подготвено за користење нови финансиски инструменти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Миле Талески: СДСМ бара оставка од Тошковски за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

СДСМ: Паничните испади на Тошковски на Фејсбук само ја потврдуваат неговата одговорност за Кочани

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Планинарскиот клуб „Љуботен“

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски: Диџеј Тони Зен, театарска претстава и живи статуси денеска на ул. „Македонија“, дојдете на галерија под отворено небо

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да не ја интересира минатото од нивното седумгодишно владеење, затоа што тоа е изворот на проблемите и кај нив и во државата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски во посета на ОАЕ, се прошируваат можностите за соработка и инвестиции, зголемени приходи во Царина за 13,6 милиони евра

Sase Ivanovski

Вистиномер: Фројдовската грешка на „српското сценарио“ во Северна Македонија

Sase Ivanovski

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисока цени за пазарот, институциите мора да реагираат!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Борбата против корупцијата и криминалот се видливи, Царинската управа со рекордни приходи

Sase Ivanovski

СДСМ: Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка да поднесе оставка а тој не!

Sase Ivanovski

Вистиномер: ЕМА не тврди дека вакцините против ковид се штетни, туку дека штитат од сериозна болест и смрт

Sase Ivanovski

Вистимомер: Путин, а не Европа, ја продолжува војната во Украина

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на МЗ Галичник

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Тендер тандемот Филипче-Заев во ек на Ковид кризата поништиле тендер за томографии, па објавиле нов за 15 милиони денари поскап

Sase Ivanovski

6 ЧАСА IMOLA PEUGEOT 9X8 СЕ ВРАЌА ВО EMILIA-ROMAGNA

Sase Ivanovski

Герасимовски: Од 15 до 20 април, приклучете се на акцијата за одложување кабаст отпад во Центар

Sase Ivanovski

Вистиномер: Објава манипулира со етничката припадност на осомничените за пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

Костова: Владата има очајно лош перформанс

Sase Ivanovski

Народниот правобранител ќе го презентира годишниот извештај, Зибери најави сопствена иницијатива за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Таравари и сопартијците денеска ќе се договорат за настапот на Алијанса за Албанците на локалните избори

Sase Ivanovski

Сообраќајот низ земјава се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Sase Ivanovski

Камион-цистерна удрил во карпи пред патарината кај Велес

Sase Ivanovski

Трамп го „казнува“ Харвард со 2,2 милијарди долари поради одбивање политички барања

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Левица: Радијата да имаат третман како телевизиите – порталите по еден вработен

Sase Ivanovski

Највредната американска компанија ќе биде осакатена од Трамп

Sase Ivanovski

Белата куќа предлага драстични кратења на Стејт департментот и финансирањето на ОН, НАТО и други групи

Sase Ivanovski

Кремљ вели дека не се можни моментални резултати откако Трамп побара напредок од Украина

Sase Ivanovski

СДСМ прифаќа формирање анкетна комисија со опфат и на други трагедии покрај кочанската, вели потпретседателката Костова

Sase Ivanovski

Запалени салон на Тесла и седиштето на Републиканската партија

Sase Ivanovski

Катерина Ставреска добитничка на меѓународната титула „Инспиративен лидер“ на Global Business Conclave 2025 во Лондон

Sase Ivanovski
Вчитувам....