Преструктуирањето на глобалниот економски и финансиски поредок каков што го знаеме не започна од примената на царините на Трамп. Корените извираат одамна, а позначајно од глобалната финансиска криза во 2009 година и формирањето на БРИКС (иницијално Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, а сега во проширен состав со Египет, Етиопија, Индонезија, Иран и Обединетите Арапски Емирати).
Но, Трамп е еднинствениот американски претседател кој отворено кажува дека одржливоста на економијата во САД веќе подолг временски период е доведена во прашање, односно дека ја губат доминацијата како светска економска сила. Федералниот долг на САД достигна 36 трилиони долари или 124% од БДП во 2024 година, а лимитот на задолжување беше подигнат неколку пати во последната деценија. САД во континуитет водат политика на високи буџетски дефицити, кои од 2001 година наваму (откако почна експанзијата на Кина) во просек, годишно изнесуваат 6% од БДП и имаат дефицит на тековната сметка на билансот на плаќањата, којшто во просек, годишно е околу 3,4% од БДП. Со тоа, САД веќе подолг временски период се соочуваат со twin deficits или дефицити – близнаци. За мали економии и за економии во развој ова е проблем, но за економијата во САД која ја има најмоќната валута на светот, ова не претставуваше проблем. Дел од лолумната на Маја Кадиевска Војновиќ за порталот Пари.ком.мк… Линк од интегрален текст
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ