23.8 C
Скопје
16/04/2025 13:28
МАКТЕЛ

    

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Д-р Стојановиќ: Македонија има ист број болни од рак на бели дробови колку Србија, која е три пати побројна!

      

Секоја година во светот околу 2.5 милиони луѓе заболуваат од рак на бели дробови. Податоците во Македонија покажуваат дека бројот на заболени за 2022 година е 7.500, а околу 5.000 завршуваат фатално. Статистиката е иста и во Србија, но таму живеат трипати повеќе луѓе. Поради високите бројки во Војводина веќе петта година по ред се прави скрининг за рано дијагностицирање на карцином на бели дробови. За текот на скринингот, за тоа колку луѓе годишно се откриваат со ран стадиум на рак, колку се излекувани и за иновативните методи на лекување, зборуваме со доц. д-р Горан Стојановиќ, директор на Клиниката за пулмолошка онкологија и интервентен бронхолог во Институтот за белодробни болести на Војводина во Сремска Каменица. За „Слободен печат“ докторот вели дека со скрининг започнале пред пет години како пилот-проект за Војводина, а потоа за време на пандемијата на корона работеле само со Институтот за белодробни заболувања во Сремска Каменица. На почетокот тоа не бил национален проект и почнал со Нови Сад. Потоа се вклучени и Суботица и Врбас.

-Србија е на прво место по смртност од рак на бели дробови во моментов. И тоа беше една од водечките причини зошто размислувавме да направиме скрининг. Сепак, статистиката и епидемиолошките податоци за ракот на белите дробови се многу поразителни. Тоа значи дека во моментот на откривање на ракот на белите дробови, и кај нас и во Македонија речиси 70 отсто од заболените од рак се откриени во стадиум 3б, 3ц и 4. фаза на болеста, кога на луѓето не може да им се даде најдобар тип на третман. Најдобар тип на третман е хируршката интервенција, но се спроведува системски заедно со третман со лекови. Втора причина е стапката на петгодишно преживување, бидејќи кога зборуваме за оние луѓе кои боледуваат од рак во стадиумите 3б, 3ц и 4, зборуваме за петгодишното преживување. Овие податоци се поразителни и нè наведоа да размислуваме за скрининг за рано откривање – вели докторот.

Според него скринингот е всушност секундарна превенција. Примарната превенција е забрана за пушење. Целта е рано да се открие ракот на белите дробови. Бидејќи ако го откриете рано, тогаш се лекува и смртноста се намалува.

-Во Србија во три града скринингот е спроведен кај 7.500 испитаници. Овие луѓе не се пациенти, затоа што се пријавуваат кај матичен лекар, кој има податоци за пушачкиот статус. Станува збор за луѓе на возраст од 50 до 74 години кои се активни пушачи, но и поранешни пушачи кои се откажале од цигарите во последните 10 години. Се прави скенер со ниски дози на зрачење. Ако постои сомнеж, а не сме сигурни дека станува збор за рак, се следи пациентот. Прво на три месеци се повторува скенерот, потоа на 6 месеци и на една година. Направивме 12.500 скена досега. Кај околу 9,6 отсто од луѓето постои сомнеж за рак, а од таа бројка докажавме дека околу 2,1 отсто од нив имаат рак на белите дробови. Значи, тоа е некаде околу 160 пациенти, претпоставувам 162. Тоа се пациенти кои се откриени во прв и втор стадиум од болеста. За жал, откривме и 30 проценти од луѓето кои биле во стадиум 4, односно во 3б, што е само знак дека оваа болест е крајно подмолна – вели Стојановиќ.

   

Тој вели дека лекувал и пациенти кои биле помлади од 40 години, но најмладиот пациент кој имал рак имал 18 години. Во последно време има пациенти кои се помеѓу 25 и 35 години.

Д-р Горан Стојановиќ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески
-Среќа што таа бројка е под 10 пациенти, но сега прашање е која е причината? Дали само штетните навики се причина или загадувањето на воздухот? Тука има и генетика. Немаше да ја работам оваа работа ако не верував дека можам да излекувам човек од рак на белите дробови. Кај сите стадиуми кои се ниски, особено прв и втор, зборуваме за излекување. Со доаѓањето на иновативни лекови, тоа преживување сега е пет или повеќе години, имаме пациенти кои примаат иновативни лекови и кои се живи повеќе од пет години. Иднината ќе биде онаа во која секој пациент ќе добие специфична терапија – вели Стојановиќ.

Ракот е почесто заболување кај мажите отколку кај жените. Докторот вели дека пред 10 години тој сооднос бил шест спрема еден. Сега тој сооднос е три и пол – четири спрема еден.

-Нема разлика во податоците меѓу Македонија и Србија. Тие покажаа дека бројот на заболени за 2022 година во Македонија со рак на белите дробови е 7.500, и кај нас е истата таа бројка, притоа ние сме многу поголема држава. Вашата статистика… Нема да кажам дали е полоша, но тука нешто не се вклопува. Стапката на смртност е иста, значи околу 5.000 умираат од рак на белите дробови, истата штетна навика, и кај вас пушењето е доминантно. Со тоа што за вашата бројка, односно колку жители пушат во Македонија, немате податоци во Светската банка, нема податоци за Македонија. Во Србија е над 40 проценти, односно 41 проценти се пушачи. Сепак, некој на последниот Конгрес спомена неофицијален податок дека повеќе од 40% од жителите на Македонија пушат. Тоа е сличноста, имаме многу добра соработка со вашите лекари, мислам дека ќе успееме да им овозможиме на вашите доктори да дојдат на едукација. Го имало тоа и порано, но треба да се продолжи. Пациентите наоѓаат начин да дојдат на консултации во Сремска Каменица. Имам пациенти од Македонија – вели Стојановиќ.

Тој објаснува дека не се работи за голем број пациенти, но има барем два кои доаѓаат во институтот во текот на месецот, праќаат е-пошта барајќи второ мислење, некој совет или слично.

-За дел од пацинетите се јавуваат нашите колеги од овде и прашуваат дали е можно и што мислите вие? Ги праќаат наодите, дали е бронхоскопски или нешто слично, мислам дека соработката сè уште постои меѓу нив и ја одржуваат – вели докторот.

  

Најново

Дискриминацијата треба да се санкционира, време е и Уставниот суд да се појави на сцената, вели Сиљановска Давкова

Sase Ivanovski

Млад возач со БМВ возел 96 км/ч во место каде што е дозволено да се вози 40 км/ч

Sase Ivanovski

Ова ли е причината заради која Швајнштајгер и Ана се разведуваат?! Фудбалерот сите го обвинуваат

Sase Ivanovski

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Sase Ivanovski

Кадиевска: Трамп е еднинствениот американски претседател кој отворено кажува дека одржливоста на економијата во САД веќе подолг временски период е доведена во прашање

Sase Ivanovski

Претрес во Битола, пронајдена дрога лишено едно лице

Sase Ivanovski

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ е партија која што ја обезвласти ДУИ

Sase Ivanovski

МЗШВ: Со вчерашната исплата на 292.614.813,00 денари кон 4.574 млекопроизводители, субвенциите за млеко се целосно сервисирани

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да кажат кој е патот до златна виза во Дубаи, додека викаа дека ќе ја спасуваат Македонија тие ги спасувале милионите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Влогот во земјоделството е влог во иднината, грантови од 10 илјади евра за младите земјоделци, субвенции за млекопроизводителите

Sase Ivanovski

Лишен од слобода косовски државјанин поради давање поткуп

Sase Ivanovski

Герасимовски: Вложуваме во проекти што го градат културниот идентитет на Центар

Sase Ivanovski

Пронајдени седум мигранти, приведен криумчарот

Sase Ivanovski

Мециновиќ: „Политичарите своите неуспеси ги кријат зад интеграциите“

Sase Ivanovski

Богоевски: Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) започнува едукативна кампања, наменета за сите потенцијални корисници на програмата Еразмус+

Sase Ivanovski

„Топ тема“: Истрагата за „Пулс“ ќе биде голем тест за обвинителството

Sase Ivanovski

Приведен кривопаланчанец, управувал возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола и лажно се претставил како вработен во АНБ

Sase Ivanovski

Oблачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и ноќта локални врнежи од дожд

Sase Ivanovski

МОЛЧЕЛЕ ДОДЕКА ДЕТЕТО БИЛО ЗЛОСТАВУВАНО Кривична за социјалните работници од Македонски Брод кои не пријавиле силување

Sase Ivanovski

Меѓу уапсените 7 полицајци е и командирот на полициската станица Кочани

Sase Ivanovski

Наскоро можно е проширување на истрагата за „Беса транс“

Sase Ivanovski

Студенти од Србија стигнаа со велосипеди во Стразбур за да информираат европски претставници за ситуацијата во државата

Sase Ivanovski

По 9 години, пукна бракот меѓу Ана Ивановиќ и славниот фудбалер

Sase Ivanovski

Коцевски за Топ тема- 7 лица од полицијата ке бидат приведени за дискотеката Пулс

Sase Ivanovski

Висок советник на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет е суспендиран поради „протекување“ информации

Sase Ivanovski

Коцевски: Министрите за економија издавале лиценци на дискотеката „Пулс“ врз основа на непотполна документација

Sase Ivanovski

Италијанскиот претседател Матарела е во болница, оди на операција

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп ги укина санкциите за „десната рака“ на Орбан, кои Бајден ги воведе на заминување

Sase Ivanovski

Баерн против Реал за плеј-оф, крај на Евролигата за Црвена звезда

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пукање во училиште во Тексас, најмалку четворица ранети

Sase Ivanovski

Бугарија е спремна да ѝ се приклучи на воената „алијанса“ на Албанија, Косово и Хрватска, тврди Маќедонци

Sase Ivanovski

Човечки остатоци пронајдени во котел од термоелектрична централа во БиХ

Sase Ivanovski

Таравари: На локалните избори одиме со наши листи за советници, за градоначалници ќе видиме

Sase Ivanovski

Обвинителството добило одговор од Бугарија за сертификатот по англиски на Бојан Христовски

Sase Ivanovski

Панова: СДС и ДУИ секој ден се обидуваат да ја злоупотребат трагедијата во Кочани за лично политички цели, истрагата се одвива целосно транспарентно

Sase Ivanovski

Костовски: Тошковски диригира селективна истрага и правна фарса за најголемата трагедија во Македонија

Sase Ivanovski

Мостови на соработка меѓу ОАЕ и Македонија, наскоро лет Дубаи-Скопје, соработката меѓу централната и локалната власт двигател на вистинските промени

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп замрзна двe милијарди долари финансирање за Харвард откако универзитетот ги одби нивните барањата

Sase Ivanovski

Безмилосна статистика: Се „топи“ бројот на ученици – во однос на 2015 сме изгубиле скоро 28.000

Sase Ivanovski

Смртоносните поплави и бури лани погодија повеќе од 400.000 луѓе во Европа

Sase Ivanovski

Грејната сезона завршува денес, стартува „преодниот период“ до 30 април

Sase Ivanovski

Фројдовската грешка на „српското сценарио“ во Северна Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Играта „Marathon“ е најавена да излезе на 23. септември

Sase Ivanovski

Проф. Бужаровски стана член на Академијата за општествени науки на Обединетото кралство

Sase Ivanovski

Македонското гејминг студио Дарк-1 го издаде мултиплеер модот за нивната игра „Скопје ’83“

Sase Ivanovski

НАСА најавува документарец за одбраната на Земјата од астероиди, со премиера на 16 април

Sase Ivanovski

Објава манипулира со етничката припадност на осомничените за пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

Македонското студио „Фајнл Фронтиер Гејмс“ ги прекинува операциите за работа поради царините од САД врз Кина

Sase Ivanovski

Измените во медиумското законодавство се проевропски само делумно

Sase Ivanovski

Политико: Рускиот напад после кој останаа тела расфрлани по градските улици не е „грешка“ – тоа е стратегија

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Sase Ivanovski

Општина Карпош е соочена со континуирани поплаки од граѓаните кои живеат во колективни станбени згради и граѓани кои живеат во индивидуални куќи

Sase Ivanovski

Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“

Sase Ivanovski

Новиот предлог Закон за енергетика го помина комисискиот филтер во прво читање

Sase Ivanovski

Царините на Трамп – закана за популарните лекови произведени во САД и извезени во Кина

Sase Ivanovski

Рускиот генерал „Спартак“ од затвор на боиште да служи како топовско месо

Sase Ivanovski

Николоски најавува авиолинии од и кон Емиратите, ќе се поврзуваат Скопје и Дубаи

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Д-р Попоска: Ракот на дојка се лекува, најмладата пациентка имаше само 19 години

Sase Ivanovski

Фикрет Абдиќ осуден на 3,5 години затвор за злоупотреба на положбата началник на општина Велика Кладуша

Sase Ivanovski

На кардиохирургија салата не работела 1 месец немале ни стентови утврдила инспекцијата за починатиот пациент

Sase Ivanovski

Експозе на мандатарот за состав на нова влада на Србија; дел од поентите

Sase Ivanovski

Генералот Стојанче на „мртва“ стража до отворена шахта кај ТЦ Скопјанка

Sase Ivanovski

Кога ќе продолжи да се гради болницата во Кичево? – Таравари рече на пролет 2025, сега вели сѐ уште се во преговори

Sase Ivanovski

Во Собранието Иницијатива за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Светскиот економски форум го избра министерот Тимчо Муцунски за млад глобален лидер за 2025 година

Sase Ivanovski

Бугарскиот министер Георгиев: Уставните измени не се единствениот услов, со нив започнува процесот

Sase Ivanovski

Шестгодишното девојче од Куманово по грешка наместо во градски, се качило во автобус за Скопје – пронајдена во Гази Баба

Sase Ivanovski

Грејната сезона продолжува до 30 април ако надвор е под 12 степени

Sase Ivanovski

Финансиската полиција ја тресе прилепската болница поради сомнеж за малверзации

Sase Ivanovski

Таравари: Доколку имало пропуст или грешка за пациентот од Кардиохирургија одговорност ќе има

Sase Ivanovski

Во јануари и февруари времето беше студено: Димитриеска-Кочоска за слабата реализација на капиталните инвестиции

Sase Ivanovski

Детскиот фестивал ,,Поточиња” со донација за Кочани

Sase Ivanovski

74-годишен прилепчанец со возило излетал од патот, повредени три лица

Sase Ivanovski

Бугарин со тврд предмет ја нападнал партнерката од Скопје

Sase Ivanovski

Софија подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Sase Ivanovski

Украден споменикот на децата бегалци од паркот „Жена борец“

Sase Ivanovski

Украдени бронзени бисти на гробиштата „Бутел“

Sase Ivanovski

Курти поднесе оставка од премиерската функција – Косово оди на нови редовни избори

Sase Ivanovski

Службеничка на МВР од Куманово го оштетила буџетот за 417.000 денари

Sase Ivanovski

Муцунски: Од денеска, заедно со делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, престојуваме во работна посета на Обединетите Арапски Емирати

Sase Ivanovski
Вчитувам....