Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски информира дека во тек е изградба на нова градинка кај Расадник. Градинката ќе има капацитет да прими 120 деца и ќе се простира на површина од 795 квадратни метри, а предвидени се шест занимални од кои две ќе бидат наменети за јасли.
Ѓорѓиевски вели дека со завршување на овој проект целосно ќе се елиминираат листите за чекање за упис во градинките, а зголемените капацитети ќе овозомжат уписи на деца од другите општини. -Со завршувањето на овој објект, објектот ,,Верверичка” кој е во завршна фаза, како и објектот во Потстаница кој исто така е во напредна фаза, не само што целосно ги елиминираме листите на чекање за упис во градинките, туку ќе обезбедиме и поголем простор, комфор и подобри услови за децата од Кисела Вода, но и можност да примаме и дечиња од другите општини – истакна градоначалникот.