Денеска бев домаќин на министерот за локална самоуправа Златко Перински, кадешто заедно со членовите на Советот одржавме работна средба на која разговаравме за тековните проекти во Центар. Го информирав министерот Перински за сите проекти и иницијативи што ги реализираме за развој на нашата општина. Со финансиска поддршка од претходната, но и од сегашната Влада ја реконструираме спортската сала Работнички.
Првата фаза од реконструкцијата е завршена, го враќаме сјајот на легендардната сала која е белегот на Скопје со современ и функционален изглед. Исто така, ја покренавме темата за хигиената во општината, за иницијативата за вршење општокорисна работа на малолетници што вандализираат, како и за најавените измени во Законот за локална самоуправа. Посетата беше реализирана во рамки на иницијативата на Министерството за локална самоуправа „Каде што срцето е дома“.
View this post on Instagram